Кај нас со ист состав е Порталак. Исто е безбеден за трудници, ама мене ми правеше енормно многу гасови, ем не дејствува веднаш... Инаку јас проблемот со Смокван го третирам, сеуште сум во експериментална фаза ама мислам дека делува...
Псилиум го има во аптеки јас го земав од Зегин мене одма ми делува се пие 15 мин. пред јадење обично пред доручек, една лажичка во голема чаша вода.Дозволено е за трудници.
Не сум дефинитивно. Докторката е до 1ви август на одмор, а јас ќе влезам таман 38 недела тогаш. Ќе одам на преглед и ќе договараме. Муабетот беше ако имам болки нешто од 27 јули до 1ви, ќе дојде од дома да ме праи царски, инаку околу 5 август сум замислила и зборнавме начелно. Валгда зависи од дежурството на докторката и од постелката, степен на зрелост итн.
Не нема врска дури може секое сабајле да се пие превентивно ама јас по потреба го пијам,ја омекнува столицата и делува брзо.
Мене ми делуваше еден ден покасно. 3 дена го пиев 3 пати на ден, а од вториот ден ми ја регулира столицата. Организам веројатно
Кога бев мислам околу 15 недела пишав на мајчина школа да се распрашам што како и ми пишаа пишете пак кога ќе бидете 28 да се договориме. И сега пишав три пати само гледаат не ми враќаат. Сакам да одам, а не знам што како, вие знаете што треба и како е што е со таа мајчина школа во болница?
Најди си некоја онлајн, ем нема да се клуцкаш од дома ќе следиш. Јас прашував пред некој ден и мислам да ја уплатам на Мама.мк, побарај ја на инста, Сандра се вика девојката.
Види на Лулка и Матрона дали имаат некоја работилница во брзо време. На 22ри Јуни има предавање од педијар од Систина. Сите овие се бесплатни.
Да, страната од кај што се случила овулација. Јас за двете во десниот јајник имав жолто тело на прв преглед, а таквата болка десно ми беше прв симптом.