@fana кажи ми што размислуваш за случајот со Др. Михајло? Јас ептен сум разочарана, толку бев среќна што го најдов, му верував за се, смирена цела бременост.. Сега не знам што да мислам, што да правам за пороѓај..
Разочарана сум и јас ама немам доверба во друг. А немам ни пари за приватна. Кој друг немам идеја? Единствено Никола ми доаѓа некако во предвид. Во друг град не доаѓа предвид да раѓам, ни во приватна болница исто не доаѓа предвид...
Од лево ми е почесто, тука била овулацијата, бидејќи десно немам канал. Страв имам од исто сценарио на вон. На 13ти требаше да добијам, закажана сум на 24ти за преглед. Дали да презакажам порано ден два, не можам, ако има нешто кај и да е, ќе се види нели? Имам чувство чат пат како да ми игра нешто во стомак.
Добар ден. Извинете на долгиов пост што следи но ако некоја мајка има искуство со истото би сакала да поразговараме. Бремена 32 недела, слабокрвна со ХГБ 76( Цела бременост се движи толку до 89 најмногу) исто и слабо железо. Проверки, испитувања се е направено но никаков лек не помага. Се консултирав со матична и ми рече пораѓај мора во клиника со плус трансфузија на крв. Никакви детални информации не добив друго.. Со бебчето се е во ред но е многу долу спуштено и ми рекоа строго одмарање. Ако некоја има слично поминато пишете каде и какви искуства имате со клиника/приватна болница и др. Ви благодарам
На 24ти треба да се види, ама за порано не знам, зависи кога имаш останато. Ако ти била овулацијата точно на средина од циклус кон 5та недела се гледа убаво. Јас со двете со доцна овулација бев и првите прегледи ми беа разочарувачки, за првото немаше воопшто ништо, а за второто само точка и пак чекав и се мислев една недела плус. Знам дека ти е страв ама нема друго освен чекање сега и добра мисла. Мора да е добро овој пат.
Од почеток само кај него одам кај матичен немам стапнато. Се знае за бременоста, после случкава малце дебилно звучи, ама освен во него во друг немам доверба и кој што сака нека мисли и нека ме осудува ама и кај него и ќе си продолжам, а и ќе се породам.
Порано имаш ризик да се разочараш како мене, така да не оди порано. Почекај, немаш друг начин. Или контролирај со Бета, кога ќе дојде на 2000 оди на ехо. Ти играат нерви, ништо страшно. Со лесно и добредојде во дружбава! Леле скоро 3м ќе направи немам асално манџа каснато, се нешто избегавам. Значи манџа да не видам. Гадно ми е, бљуткаво, таа конзистентна ме нервира некако. Еве за утре се спремам гравче и само барам изговори тавче да го направам. Ич не ми се јаде манџа. Се би јадела суво и свежо, да не видам тешка храна. Заедничко со претходната бременост ми е што и пред 6ипол години и сега да не видам комбо ориз со батаци, бљак!
Јас имав многу чудни болки неколку дена по ред. Како овулација, само послаби. Така со пецкање. Мислиш дека ќе добиеш, всушност ништо немаш. Не оди порано, ако не се види ништо на ехо, само уште поголема паника ќе кренеш. Кога ти кажале тогаш. Само добра мисла.
И јас слично. Дури пред да го направам тестот (а го направив на три дена доцнење поручекта), се осеќав а и сега како во овулација да сум. Вака како со малку притисок при овулација имам обично. И некоја желба за секс имам, ајее
Зедов Фемибион на своја рака, мислејќи дека има калиум внатре. Има железо само, а мене ми дадоа и железо да пијам плус, и тоа два пати на ден. Да ги вратам се мислам, да не ми дојде многу. Пие некој во комбинација со железо?
Нек Сега ми се појави на ФБ група некоја Здраво Бебе - Центар за мајки Види побарај ги држат нешто часови ко што видов онлајн или со физичко присуство, ама не пишува дали се плаќа или не. Имаш тел за инфо, како и да е разгледај ги може ќе ти фатат око
Јас пиев тотхема и фемибион. Бебе расте и влече, мислам дека со царски ке си, уште побитно е да си со добра крвна слика.
Здраво , јас сум 18та недела веќе, имам многу испукани капилари , посебно по нозете. Немам качено ни килограм....од почеток на бременоста. Купив гел за мачкање на капиларите но не знам колку ќе помогне, а очигледно не се појавуваат од зголемена телесна тежина. Некоја со сличен проблем да има искуство?
Честитки мила, добредојде !!!! Се израдував како за мене Не си прави стресови се ќе биде супер, истата бев и јас од почеток па еве 32+5 терам и бебе е одлично.
Мешиња се гледате ли вие скоро секој ден на огледало колкав стомак имате и колку сте секси или само јас сум мрдната