Исто ова мажите Не дека нема да направи ама нема одма ко шо сакам јас.... И ќе си фатам сама на крај со фучење низ нос ако не ми се чека. И нас не ни се погодува де
Напиј се сега чаша млеко. Не се плаши до толку прво нашата крв оди до црниот дроб таму се чисти од такви токсини после оди кај бебче. За се е така и од тоа што јадеме и од тоа што го дишиме. Нема простор за грижа. @TheBluePhoenix да колострумче ти е мама
Не е рано, јас сум 29та недела, мене и ми течат капки колострум. А така бело имам од пред неколку недели.
Јас сум 26 недела и исто приметив особено кога ке се разбудам од спиење, само кај мене има дури жолтеникава нијанса и како трошки минијатурни се прави. Го прашав докторот и ми рече колострум било да се одмивам со млака вода без агресивни сапуни. Му реков дека мачкам маслиново масло и Павловичева и рече да продолжам само нежно да е.
Будалинки. Прозори нетрудна нема да ми текне да бришам, а камо ли трудна. Еве може недомаќинка, ама за коронава зошто жена не викав, прозори освен еднаш мене еднаш на мм што ни текна ни на крај памете не ми беше да се оптеретам да бришам. Сега жената откога ја викам, прозори, балкони, купатило, усисивач и прашина си се нејзина работа. Е пегла, постелнина и кујна внатрешно не давам да ми чисти, за тоа сум специфична и малку гадлива. Пегла јас фаќам за нас по потреба (обично еднаш неделно и тоа со план што ни треба за наредната недела и толку). За мали одамна не пеглам воопшто зошто и онака се оди во сушара. Тоалет и усисивач измеѓу и мм знае да фати и подобро од мене (а може и не, ама ни на крај на памет не ми е да промрчам).
Ај па вие ама сте за никаде, па не мора сега секој 6 месеци да ги потсетувате да завршат некоја работа Знаете колку им е тешко на нив ние што ќе раѓаме?!?! Еве муж ми е пресреќен што и второто е девојче да не се мачи ко него! Инаку помага по дома, не се жалам. Си оди си чисти и си збори,,си ме оштетила за цел живот, неможам да трпам прашина,,
Пак јас хахах Дали и некоја друга to be мама е загрижена за тоа каква мајка ќе биде? Мене постојано ме мачат мисли дали ќе бидам добра мајка, дали ќе знам, дали ќе се снајдам.. со мм живееме одделено од нашите, мислам во сосема друг град и нема да имам помош достапна 24/7 и тоа уште толку ме загрижува.. постојано имам сонови како бебето плаче јас не можам да направам ништо, како ми паѓа.. тоа е и од претераните мисли.. но колку повеќе се ближи време толку повеќе мислам.. На крајот од денот сакам да бидам најдобрата мајка за моето мало, се надевам дека ќе успеам..
Ќе успееш. Јас со првото цело време мислев дека нема да го слушнам кај што плаче кога е гладно навечер. А искрено му го слушав дишењето просто е невозможно такво нешто да се случи. Да може да се случи да плаче без престан и да се осеќаш дека не можеш / не знаеш (а реално не знаеш нема ни јас да знам иако ми е второ) да му помогнеш, ќе направиш се пресоблекување хранење нишкање капки за мешето ќе дадеш, термофорче на меше ќе ставиш тие се неколку работи што можат кај бебињата да се проблем.
Немој да се секираш се ќе ти дојде природно... Кога ќе го фатиш во раце веќе цел свет ќе ти се смени. И никој не е совршен родител, учиш секојдневно трпение со бебе, дете. Често и навечер ќе заспиваш со мисла дека не си направил доволно и ќе се нервираш, но утредента е нов ден. Секоја мајка е најдобра за своето дете, битно е да има љубов само и трпение.
@TheBluePhoenix цел живот ќе се прашуваме дали сме добри родители, дали грешиме, дали детето е на прав пат изведено…. Ќе се снајдеш за се, ќе видиш. Мама и тато најубаво чуваат и знаат Сега гледам дека не сум била единствена што гледала дали дише бебе И ваљда е сосем нормално Мене сега друго ме плаши. Без синко 5 дена Па и хормониве плафон, овие неколку дена, кога ќе заспие, клекнувам пред креветчето си го фаќам за рака и си плачам бе Маж ми еднаш се враќа од фудбал и ме начека така , срцев удар ќе добиеше , јас легната врз него и плачам И да, осеќам грижа на совест што сум трудна
Ели, сега во болница повеќе го мислев синко отколку бебето. Сериозно. Се исплаши он, му се слоши нели, ама излезе дека е гладен и од топло влезе на клима. Маж ми на школо не го однесе Си велам среќа што ќе е на распуст кога ќе се пораѓам, инаку и детево не се знае дали ќе отиде на училиште . И да, вчера ми иде на посета во горен дел пижама. И како да не го мислам?
Уф исто ... Малава ја мислам нон стоп.. Тек јануар ми е термин ама уште од сега ми се плаче. Баш како што викаш имам грижа на совест дека сум трудна. Не сум ја оставила до сега 4 год ни еднаш навечер се со мене заспива. Страв ми е психички како ќе поднесе ... Мислам дека и јас во болница повеќе неа ќе ја мислам од бебето ... Знам сите викаат дека љубовта не се дели со второ дете туку се дуплира ама стварно се плашам од тој дел. Да не и фали нешто на малата, да не е запоставена ради бебето итн...
И јас исто. Плачам ко ќе помислам 5 дена без него Мојот е голем нема да има проблем без мене, ама мене ми е тешко. И повеќе ми е страв сега, оти мислам на него, што ќе биде, како ќе поминам..
Пред да заминам на болница се му оставив на мм под конец. Му кажав кои алишта и се за валкање низ двор,кога јади,пошто мн се валкаше,а кои за после јадење,маркет,гости. Е тој дел од плакарот го заборавил ја изнашетал со другите алишта со флеки итн Некои знаете дека за прв пат со малата се разделивме кога заминав ма пораѓај. До последниот преглед ја носевме со нас. Ноќи бев со мислење плачење и тахикардии. Мм зеде одмор да ја чува,пошто само со него седеше. Господ дава сила,само се да е добро.
Здраво девојки, Кои пренатални витамини ги пиевте во бременоста? и Дали може пренаталните да се иситнат како прашок или да се растопат во вода, па така да се пијат, бидејќи имам проблеми со голтање на апчиња, а пренатални во форма на течност и прашок неможам да најдам кај нас?
Јас Фемибион земам. Големи се. Може да купиш сечач за апчиња, некои 200 ден. се по аптеките. До 4тина може да се сече, ваљда таа големина е океј.
И дали може некои други витамини како на пример магнезиумот да се иситни како прашок или да се раствори во вода?