Време е за боледување. Шо ти е жено? Јас два саати низ град се акав со кола со маж, па мислев дома ќе умрам, неможев на себе да дојдам. Не прозори да бришам.
Нормално е кркорење на црева по цел стомак ептен на почеток? И гасови и повеќе одење по голема нужда? И притисок во матка, ама и по цел стомак? Ама кркорењево најмногу ми е значи не знам, јес да грав јадев вчера. А да и сонување ептен имавте?
Нормално е, од висок прогестерон се тие симптоми. И стомакот се дуе, изгледа поголем напочеток. Не да сонував, секоја вечер и тоа многу реални соништа. Татко ми нонстоп го сонував првото тромесечие.
Како под калап да се правени, ова некој онлине тренинг да не посетуваат за мажи на бремени жени а ние не знаеме
Скроз исто се чувствувам . 39+3 Едвај чекам се да се заврши и да си дојдам дома. А најтешкото тогаш уствари почнува
И јас денес чистев. После малку кичмата почна да ме боли. Удрив еден туш, малку одморив и како нова сум Искрено повеќе енергија имам сега отколку во прво тромесечие Убав викенд на сите
Прозориве кај мене ќе пропеат, ама си чекаат подобри денови. Леле луѓе колку беше топло денеска, изгубив воља за живот. Што е со вториве? Нели второ побрзо излага, нели второ полесно излага. Среда ми е краен термин, абер нема моево. Решив уште утре го чекам, понеделник одам и барам да го вадат. Не можам веќе луѓе. Не мо жам!!! Спијам седната. Јадам легната. Секое ковче меѓу нозе боли, ми треба пола саат да се свртам на другата страна, и само што ќе се свртам и ќе се наместам ќе ми се примоча. Киселини ме удавија дури и од вода. Дијафрагмата под притисок едвај дишам. И така….
Имам едни прашање до мајките што веќе родиле. Дали бебе што многу мрда во стомак и кога ќе се роди е активно? Моево не престанува, само мрда. На секоја контрола е во друга позиција. Страв ме фаќа да не се замота околу папочната на толку мрдање.
Леле ова последново ко јас да сум го пишувала, со таа разлика што тебе ти се гледа крајот а јас ја терам тек 33 недела Значи од еднаш почна да ме боли и кичма и препон и срамна коска и секаде каде може да боли. Бебе само нека е живо и здраво тегне мава од сите страни. Од вц немам излезено, да помислам вода да пијам прво одам во вц, па вода, па пак во вц. Ќе пукнам додека се роди, а дома тек треба да се кречи, пере, чисти, докупува за бебе...ама битно муж ми е оптимист имало време И така, си се пожалив и јас
Не, синко не застануваше во стомак, од сон ме будел, се роди најмирното бебе на свет и од 4м преспивање по цела ноќ а до 4м со 1 будење. Ама и јас бев посмирена, полесно некако се носев, сега ем јас сум живец ем се е некако наопаку, мислам дека ова ќе биде љуто. За илустрација до толку што комарец не ми се приближува, а јас сум позната по тоа 1 комарец да има мене да ме сотре.
Ако ти е некоја утеха цели 3 месеци ми е вака. Само што претходно знаеше да попушти некој ден и да спијам малку подобро. Е сега месец ипол имам константни болки секаде, а многу мрзам да се жалам, ама се осеќам мизерно оти некогаш не сум способна основни работи да завршам. Ама еве истерав до крај, па не се секирај. Ќе издржиш. Некои полесно некои малку потешко, ама сите ќе издржиме. Постои генерално верување дека ако е активно во стомак, ќе биде активно и надвор. Мислам дека повеќе е индивидуално. Иако во мој случај се погоди да е така. Првово во стомак беше претерано активна, сега во Август 3 ќе прави, ама не застанува. Ова сега ако е возможно во стомак е дури уште поактивно и искрено очекувам и потоа исто да продолжи.
Моево па не е толку активно како порано, кога беше помало растур правеше. Сега движењата се нежни или како бранови ми се прави стомакот или само од десната страна како топче ми се прави, сигурно е раче или ноже.
Само да споделам искуство, не ви сугерирам ништо. Проверете си калиум, особено ако имате грчеви во нозете. Јас имав, дури и болни, во сон. Мислев магнезиум е причината, ама испадна калиумот. Имам ниско ниво. Вчера пиев калиум, синоќа заспав без грчеви. Не велам на сите ви е намален. Не знам дали во Мк го испитувааг, тука да. Чисто искуство споделувам. За активно бебе во стомак и надвор. Синко не престануваше, особено ноќе. Еве го, уште е таков, преактивен и неспијач. Ова исто е, и страв ме фаќа оти истото ме чека.
За грчевите во нозе мислев да пишам пред некое време, ама се заборавав. Некоја овде даде совет пред некој месец не памтам која беше мажот што и бил спортист. Дека стискање на прстите помага.. Епа стварно помага. Пред тоа механички ми доаѓаше да ја истегнувам ногата и прстите и грчењето ме држеше подолго. Откако почнав да ги стискам прстите грчењето ми поминуваше одма. Пробајте која си има мака со грчеви во нозе, кај мене беше успешно. Која и да го сподели ова од убавини да не куртули.
Се мислев дали да го пишам ова, може не е ни за тука, ама долго време ми стои на душа, па да си се олеснам. Последниве месец-два претежно сум во спална, лежам поголем дел од времето зашто постојано имам болки во грб при седење/стоење, веќе ми е мачно и сум при крај, а до нашава спална е станот на една фамилија со две деца и нон стоп ги слушам. И претходно ги слушавме дека многу често се караат, ама сега бидејќи сум 90% од времето во спална, слушам речиси се што се случува. Луѓе, значи… Мајката мислам дека е најнервозната личност во светот. Не поминува ден да не им се изнавика онака сочно, да не ги исповреѓа со - глупачо, ако ти е! (детево вришти) Ако ти е! Според плачењето на децава мислам и дека ги тепа (пригушено е, па не слушам баш онака удари), а еднаш кога се скараа двете ја тераше едната да и врати на другата - Удри ја! Удри ја! Јас лежам во кревет и се трауматизирам Едно време мислев дека трипам, дека нема шанса да е така зашто не се слуша јасно, ама не може секој пат да ми се причинува дека таму се дешава хорор. И знам дека децата знаат да те извадат од такт, ама мене тоа нејзино однесување не ми е нормално. Особено не сакам да судам зашто уште немам деца и факт е дека не знам како е, па еве ако може второродките да кажат како треба Еднаш тргнав и да ги пријавувам, жими се. Не можам вака да ви доловам што се дешава. Извинете за долгиов пост, може ќе си помислите дека се глупости, ама освен со маж ми на никој друг немам кажано а стварно ми е мачно да слушам и да знам во каква средина растат девојчињата (помали од 5 год), па викам да си пишам тука ако може, да ви споделам… Да преземам ли нешто или само да продолжам да си се трауматизирам? Ми се плаче за нив, може дека го чекам моево прво па сум поемотивна
Јас би ги пријавила. Во никој случај тепање и дерење на дете помало од 5 години и употребување навреди ко Глупачо не се оправдани, ниту се глупости, ниту е осудување, ептен сериозни работи се ова, ако тебе те трауматизира преку ѕид, замисли како им е на децата. Само чисто сумљам дека ќе се постигне нешто со пријавувањето, пошто Македонија