Кај мене така се покажа, многу лудуваше во стомак и еве го 2 години не застанува. Ова второво душиче толку ретко го осеќам да го заборавам Некогаш жал ми паѓа, па пијам кока кола да го погалам. Ќе видиме какво ќе излезе.
Во 32 недела се возев 1400км од МК до ИТ, за 16часа стигнавме, супер поминав по пат. Спуштено седиштето и си лежев цело време.
Ја деветините поинаку ги знам. Демек женските секогаш доцнат па затоа и се надносуваат, а машките почесто излагаат порано. Кога ќе ми текне дека бев убедена ќе родам почеток на Јуни и на сите така кажав. А тек па кога ќе ми текне дека ми беше страв колку трчам по првово да не не стасам до 9ти. Затоа сеа за 2 дена во 10ти влагам.
Девојки, знам дека неколку пати е дискутирано ама не пратев баш. Фарбање/нијансирање во бременост е штетно, прифатлив ризик или се прави со некои посебни фарби? Ми дојде желба да направам некоја промена, 3 години сум иста во косата, па дали да почекам уште 4 месеци или да се пролепшам?
Јас си се фарбам стандард зошто имам бел корен и не ми се шета така 9 месеци. Мислам дека само е битно да не дишиш од хидрогенот друго не би требало да прави штета фарбањето
Јас се нијансирав во бременост, читав доста на нетов и нема ништо штетно. Не се препорачуваат само третмани ботокс, филери, киселини, ретинол и слично.
Јас престанав да ги пијам Премама многу ми го отвараат апетитот, чувствувам како бумбар ке се направам за брзо а таман супер килажа си држам. Само витамин Ц пијам и мсгнезиум. Не верувам дека нешто ке му недостасува на плодот се хранам разноврсно, така да со пренатални витамини сум завршила зошто страшно многу го отвараат апетитот.
@Aleksandra789 реално премалечко е. Следеше бета дали правилно расте? Кја мене во 8ма одговараше на 6та. Бетата правилно ми растеше.
@Aleksandra789 кај мене две недели поназад беше. Јас не правев бета, по 10 дена ме закажа за преглед, ама јас сум со доцни овулации секогаш и знаев кога имавме однос без пазење, баш пред да треба да добијам. Се поклопуваше со големината на сакусот.
Ау и јас истиот страв го имам, сами викам да влезам во 7ми, да се опуштам малку од стресов. Софи 5 дена плус ја носев, ама ај дека прво ,демек нормално било. Ова се надевам нема до толку да ме мачи
И јас сум анемична... Само убави зборови имам за фемибион бидејќи имаат метилирана фолна железото ми е подобро од пред бременост . Но за анемични мора и плус железо не само тоа од фемибионот. ---‐‐---------------------------------------------------- Денес пак се заборавив дека сум трудна и се фрлив на креветот на стомак т.е странично малку. Осми месец сум, дали може да сум направила беља?
Женски имам некој светло кафеав исцедок од нигде никаде, брисеви правев чисти, уринокултура чиста. Бев на преглед пред неколку дена исто се беше во ред. 16та недела сум што може да е? Ке полудам значи.
Не би требало. И јас од ова се плашам и стално си повторувам дека морам да пазам и пак како од авион се фрлам. Се тешам стално дека со првото се лизнав на плочки и многу лошо треснав, се беше ок. Ама пазење мора стварно.
Со страшни грчеви сум. мислев од што сум многу активна со другиве деца, ама магнезиумот и дупла доза не помага. Наредно одење ќе побарам да ми испитаат. Нема врска, две моми ги родив после термин. 4ти месец раситнив, летово да го избуткам па ќе се тркалам зимоска