Женски 35+2 сум болки во половината и доле ниско како за добивање имам и ме сече дали е нормално. Со првата бременост немав никаква болка ни за пораѓај. Незнам што да правам дали да одам во болница.
Мене во секоја бременост како со нож ме сечело доле. Породилните болки се како менструалните не ми беа сечење.
Ајде одмарај сега, земи магнезиум 2х400мг и Б6 и мирувај 2-3h ако не се потсмири тогаш иди на лекар за едно ЦТГ.
Пиев и магнезиум и утрогестан вагинално користам. Секако сум во мирување од стартно по што сум со скратен цервикс, арно и до тука избуткавме.
Јас некни ноќта полузаспана го проверував малиот дека температура имаше, ко го видов со перницата над глава инстинктивно скокнав да ја тргнам, ни на стомак ми текна, ни на бременост. Па и мачката спиела со него, ја преплашив и неа, не ја видов. @bubemconia Треба пазење ама и заштитени се, не би требало на кревет да се случи нешто. Последно ко бев на преглед дојде трудница итно, паднала на улица директно на стомак, целата беше напред удрена, немаше ништо се беше во ред со бебето.
Ајде следи состојба, ако не подобро иди на лекар р, ако не почекај си понеделник кај матичниот. Јас сум 33+4 и осеќав такви болки пред некој ден, и имаше по некоја контракција на цтг и ми препорачаа строго мирување. Не е страшно ни контракции да има, си се спрема матката.
Prvite dve nedeli otkako mi kasnese samo... I rastese vo red za 7-8 dena napraviv 3 testa i od 70 se kaci na 2000... Od togas nemam mereno... Citav deka moze da bide prazno vnatre i prosto se unistiv psihicki
Хахах зависи од бебе. Моето бебе црв внатре, уште поголем црв е надвор. Мирна не е ни кога спие, и тогаш се врти ко пропелерче
Кај моите во комшии има слична фамилија... На децата и се обраќаат со : свињо, глупачо, види се каква си, да не доловувам до крај - вреѓање до бескрај. И нормално шо би можело да излезе од такви родители - поголемата им е прваче, ги тепа децата у маало, мене ми маваше камења по кола и слично. Пријавено во социјално од родителите на другите маалски деца... И апсолутно ништо не се случи. Искрено. Ништо, не се ни појавија од социјално да видат како живеат децава и дали имаат основни услови за живот уствари бидејќи цело време се валкани и двете.. Додуша мајкава по сите се дере. И по маж и по деца и по куче. Ги малтретира сите комшии. Се каравме и лично со нив пошо комшиските деца не се осудени да ги слушаат нејзините испади ама џабе. Жал ми е за децава, растат во никаква средина и ќе пораснат во никакви луѓе судејќи по ова веќе шо се дешава...
Знаеш што ми е најголема мака? Дадов алишта зимски големи што ми беа дека нели ослабев 20 и кусур кила, како ќе најдам зимово јакна трудна Не знаеш дали е поарно по гаќи да шеташ у лето и да умираш од топло или зимно време да не можеш јакна и чизми да си погодиш. Се дадов, и јакни и капути и џемпери... ќе биде весело Кркам кока кола и мешам летна манџа на шпорет, да не заспијам само на нозе оти и тоа е можно. Ќе пукнам со спиењево, се нормализира ли кжувајте оти не се трпи вака, секој ден околу 2 ја кризирам.
Јакните не се дадени, ама се друго дадов. Се тешам дека не ми требаат Розе фустанчиња сега, па тоа барем да не жалам. Инаку имавме три детски соби и една четврта, за баба. Сега се пополни и таа. Се смеам со мм му викам возам кола со 7 седишта, само таму нека не се пополнува до крај, нека остане нешто вишок. Инаку и јас околу 10-12 бев ко зомби за спиење, се плашев дека додека возам може да заспијам, е до толку умор.
Вчера во продавница чекам пред врата мажот ми да испазари и тука пиљарата на маркетот и навистина не ми се прави форест да каснам нешто што гледам или па да ми текне на нешто па морам да го јадам, онака си зјапав во овошјето, а сигурно друго сум мислела.. И дојде газдарицата и ми вели абе земи си што сакаш. Не не фала онака јас тука само чекам фала ти и викам. И се запна земи та земи земи земи, ми нуди јаболко, банана, цреши земи, праски.. Не бе не навистина. И ми вика кајсии земи. Тие кајсиите како убаво изгледаа зрело вкусно... И зедов една ај ко за греота, демек не можев да си купам ама ајде де. И ми дава и бегам јас од срам таму под дрво да ја јадам хахаха и се запна по мене абе земи уште една за бебето. И тоа кајсијата вкусна превкусна што ја пробав. И и велам ааа две бебиња се, уште две ми даде, умрев од срам, после си велам во кола леле срам да ти е, ама ги изедов
После 3ти месец нема да имаш гајле Првите 3 месеци и јас бев ко тебе Све мислам 3ти месец си.. ваљда не сум утнала
Хаха и јас кога прередував алишта земав во една вреќа собрав што ми беше големо за да фрлам, маж ми вика како да ги фрлиш убави алишта и ги крена во подрум. Еве сега одам пак си вадам едно по едно од вреќата како да си знаел човекот дека нема ништо да ме собере
Врска нема. Сестра ми првото ќерка го роди една недела после термин, јас првото машко го родив 40+5,еве сега второто ќерка ќе е, 39+4 сеуште не и се излегува. Вчера цела вечер, некои си 3 или 4 саати се влечеше нанадоле, мрдаше без прекини, ептен чудно некако, ја чувствував дека во секој момент ќе ми испадне, мислев дека и денеска ќе продолжи, па ќе ми пукне водењакот, ќе почнат болки и ќе се породам, ама НИШТО.