Женски добро сум, бев на преглед се е во ред освен ниска постелка. А овие денови се наведнував, поткревав некои работи и ете ти. Ми кажа докторката дека не е страшно и дека ке се крене постелкта. Само без кревање и голем напор. Ми даде дабростан и се надевам ке престане исцедокот. Инаку @Kate Rina 93 немам повеќе хематом фала богу ми помина.
Значи колку што бев лабава во првата бременост, толку се оптеретив оваа со секакви мисли Со првото дете буквално првото цтг ми беше дента кога се породив, а сега одам еднаш неделно на цтг/ехо откако влегов у 9. и толку долго ми се гледа, после 2-3 дена веќе ме фаќа паника дека пропуштам нешто. Последниот преглед ми спомна дека протоците се намалени малку и ме утепа психа еве веќе 3-4 дена, да не се случи нешто до вторник, да не снема бебево некаков доток до тогаш а да не осетам Ама па си викам ако беше критично ваљда ќе ми закажеше за побрзо, немаше да рече наредна контрола за недела дена :/
Женски, давајте совет. Зошто вака со притисоков, 125-130 со 60, висок е? А понизок ми е обично. Што да пијам за да се намали? Штетен е олку? Мерев со дигитален
Мене ми рече докторот до 140 со 90 не треба терапија, освен ако ти седи така со саати и не се спушта. Мене ми се качи 2-3 пати толку и ова ми го рече. И со дигитален е подобро да измериш 2 пати во 5 мин и да извадиш просек
Фала. А со што да се спушти малку? На трипати различно покажа ама минимално. Сега 119 со 60. Ваљда од возбуда
Пробај само со цеден лимон сега и мери повторно. Следниве неколку денови следи го притисокот сабајле и навечер.
Мене од возбуда до 150 ми покажува дигитален. 10 пати да мерам различно покажува. Со обичен повисоко од 110 со 70 не ми бил до сега. Не се многу точни дигиталните.
Женски ниска плацента и плацента превиа не е исто така? Симонида не ми делуваше загрижено и ми кажа дека не е страшно. Па сега...
И јас не верувам во тоа ,ама ај реков да споделам жениве што ми паметуваат Малку се израдував си викам дај боже да не се мачам со второво после термин. Ама кај сме истерале толку ,за две недели после термин ќе се издржи
Не е исто, не се секирај. Плацента превиа е кога плацентата го покрива долу грлото на матката па мора да биде царски, а ниско може да не покрива воопшто. И кај мене беше едно време ниско па со тек на време како се шири матката и радте бебето си се намести повисоко. Која недела си?
Ништо посебно, сол намалив, малку повеќе лук и омега3 си пијам од премама суплементите. Јас немав симтоми случајно измерив, и сега го мерам на 6-7 саати за контрола.