Од што читав тогаш главоболки во задниот дел од главата, можно е крв од носот, отоци. Друго не знам, мене ми се доближуваат 100 со 80 најчесто и ми се стемнува.
@danichap а може и од умор да се грчевите. Не знам. Ама кажи дека се болни и чести. Некни, да спомнам и ова, ме гледа докторот едвај станувам, и вика те боли некаде, и викам да, и покажувам кај срамната коска. И вика да те видам. Викам ама нема зошто. И ме прашува дали му кажа ти ма матичниот кај те боли. Велам не, па нели е нормално? Вели, мораш се да кажеш, како може болка да е нормална и сама да одлучиш дека е нормална. После увиде дека кичмата ми прави проблем. Затоа пријавувајте се. Секакви болки. Некогаш се симптоми, а ние не знаеме.
Баш ми е мило што ти се наместила плацентата повисоко, се надевам и на мене. Јас сум инаку 16та недела, до сега се беше добро. А како не виделе претходно не знам или може во секој момент да се спушти...
Ехеее имаш уште многу време, голема е веројатноста дека ќе се крене Тек сега ќе ти се шири матката. И кај мене од прилика тоа време беше ниско, ми препорачаа само да не кревам ништо тешко, повеќе де пазев тој период и стварно веќе на следниот преглед си беше доволно горе.
16+5 сум, денес првпат имам малце болки во колковите и во половината, нормално е или има место за загриженост? Бев поактивна овие дена и доста се уморив, можно е да е од тоа?
Здраво девојки 16+3 сум со скратен цервикс,бременоста ми ја води др Кочоски на клиника а матичната ми е во ординација Коруноски. Сега на последната контрола Кочоски ми го измери цервиксот 30 мм рече кратко е за таа недела меѓутоа јас не би серклаж,строго мирување и секако терапија ако сакаш барај и второ мислење и матичната го измери 28 мм беше..Па сакав да прашам за мислење дали некоја се соочила со ваков проблем.. Фала однапред поздрав
Уште 1 недела и влагам во 4ти. Дајбоже да помине тоа, не можам на работа ми местат да прилегнам од мака што ме фаќа. Некни шефот им рекол остајте ја, нека е, уморна е. За воља на вистината стварно се преморив, ме пукнаа тој ден, и не спиев го слушав, таман работа, само морав очи да затворам оти ќе паднев од замор.
Ама нашите доктори се други... За секоја болка што ќе ја пријавам кај матичен, добивам одговор нормално е во бременост...истрпи уште малце.
Епа тоа зборувам јас, може не добивам секој месец крвна слика, ама еве затоа за секој еден симптом имам објаснување, ако нешто не е како што треба, испитувања.
Знае и до 100 да оди, со него се мачам повеќе. Ама дека бев на строго лежење 3 месеци и изгубив кондиција скроз, сега полека се враќам во нормала
За болки во срамна коска конкретно ти рекоа мака со кичмата? Не би ме чудело, си имам мака со кичмата одамна, барем да си се објаснам што зашто.
Цервиксот помеѓу 16-24 недела треба да е помеѓу 35 и 48 mm. Во трет триместар прифатливо е да е помал од 30 мм. Слушај го др, само одмор и консултирај се за се понатаму. Со лесно.
Па срам ми е и да прашам било што, се е нормално, се да трпам… Ајде уште 5 недели и завршува ова патешествие. Јас секој месец крвна слика на своја рака правам со упат од општ матичен, си плаќам ама да не го мислам, гинекологот не ми дава упати немало потреба. Димери исто си платив приватно дека прележав ковид ама ми рече нема индикации нема зошто да правиш… и така. Ама задоволна сум од него, темелен е и сериозен, си ја знае работата па му верувам.
Имала некоја од вас искуство со покачени леукоцити во урината? Бактерија немам. Па би сакала некој совет.
Е како му веруваш, кога си правеш испитувања на своја рака? Не, не му веруваш. За жал, многумина од нас немаат доверба во лекарите, па оттаму и си правиме испитување.
Јас пред еден месец на крвната слика имав леукоцити во урина а уринокултурата чиста. Пред некој ден на новата крвна слика немав.
Серклаж ти е сигурна работа, не знам што ти мења ама како и да е ти си знаеш. Инаку 30 и не е така лошо, можеш да мируваш некое време и да направиш контрола па да видиш како ке биде.