Па за многу нема, за ова имало. Прај си ти како ќто мислиш. Мене ми е мака што така оставив, сериозно.
Ах ве потеков, извинете ама морам, нема што друго, да врви време. Значи од сабајле до сега 50 пати кивнав. Од арна станата се сторив ко бумбар. Шо е финтава со кивањево, настинав или хормонски или алергија? Толку се осеќам безволно, што од мислите што сега од кивањево.
Јас се депилирам на интима цела бременост, и предходно одев кај истата козметичарка 13 години. Немам проблем никаков, ако работи со чист восок и ако добро ја познаваш козметичарката нема да имаш проблем. За мене е научна фантастика да се средам со брич, рака му пуштам на тие што не се депилираат цела бременост
Првпат ќе одам кај ова, мојата ми беше до зграда ама затворила гледам се иселија. А што мачкаш после? Јас ставав бекутан течна, сега безбедна е?
Јас се средувам цела бременост, и години пред тоа. Прв пат како почнав интима да депилирам не сменив ни козметичарка ни паузи правев. Редовно на 3-4 недели си одам, гинеколог прашав кажа нема потреба пауза од ништо што претходно си правел. Ако е уредна бременост. Мој совет е да се опуштиш малку. Секој ден си бараш дијагнози, како хипохондрик си. Знам дека не ти е лесно, ама до кај ке одиш вака? Исто и јас. Над 11-12 години, не ни паметам од кога сум кај истата. Пред плеаѓај и на две недели бев затоа што подраснав. Потоа пораѓај едвај дочекав да поминат тие 6 недели да прашам на преглед дали може депилација.
Немам престанато со депилација од 19 години. Ниеднаш не сум се избричила ни во првата бременост ни сега. После депилација таму ми ставаат бекутан пудра, а јас дома обична бебешка павловичева си ставам.
Козметичарката ми става бекутан пудра. Потоа ништо не ставам јас, па се мијам со Jessa гелот за интима од ДМ.
Јас ништо не ставам. Пред депилација ми става за да ја впие потта и толку. Секс имав цело време, депилации исто. Се чудам кога овде ке ве прочитам дека ви дале прогестеронска поддршка и кажале нема секс а немаат објаснување зошто.
Ама вие цело време се депилирате. Јас после бричано сакав, а факт е дека боли и се напрегаш. Јас само од тоа се предомислив.
Да, брич не знам што е. Никогаш ништо не сум бричела. Претпоставувам боли депилација по брич. Ако имаш висок праг на толеранција депилирај се. Ама ако се стегаш подобро остави за после пораѓај. Секако со царски ке си.
Така не, снаами цел живот со брич се средувала и пред пораѓај се издепилира, и се направи огромен хематом што на пораѓајот и се зголеми и баш имаше проблем. Еве мене не ми ни посочиле за секс па ние со сопругот како сме исплашени не сакаме ни да помислиме на тоа 33+1 воопшто немавме односи. Предходно имам две неуспешни бремености па сега дуваме и на ладно млеко
Затоа јас се предомислив. Колку можам се средувам, тоа е. После пораѓај пак ќе си почнам со депилација. Не ми се ризикува во 8 ми месец.
@Bebetoo кога си имаш претходна мака, се разбира дека ке внимава. Јас зборам за кога се си е регуларно. Како кај мене. Лесна бременост, ништо надвор од рамки на нормала, затоа добив зелено светло за се, депилации, секс, патување, пешачење, заби правев, итн.
Девојки хелп. Дали има чаре за пигментации во бременост? Буквално имам темни надусници ко бркови и тоа од пред некоја недела...чаре? Крема некоја? Како да ги избелам?
Сега во бременост нема чаре, здравје после откако ќе се породиш. Да не си се депилирала па да си излегла на сонце, знае така да се направи. После породување со витамин ц ќе ги средиш, ама сега не прави ништо.