Ајјјј тешко мене Со првото не ме болеше бе толку, ама дека ја знаев жената може па пазеше, а сега ќе видиме Како и да е ќе стиснам заби 5 -10 мин.
Јас сум од старт со цервикс 17мм не сакав серклаж по што се изначитав и од него каков ризик има , на ГАК ме исплашија премногу, што една дотична "докторка" ми рече фатално ке ми завршила бременоста, си лежев по цели денови со перница по половина еве сега 36тс недела ја терам и си се опуштив. Така да мирувај повеќе тешко никако не кревај и ке биде се во најдобар ред
Ако си се депилирала и предходно можи, доколку прв пат се депилираш мое мислење немој, погоре посочив пример од снаа ми со хематомот, баш и се искомплицира. Не дека истото би ти се случило и тебе, сепак ти си знаеш..
Тоа со хематомот може да е сплет на околности. Бременост и проширени крвни садови, жената се стегнала а козметичарката не е искусна или нема лесна рака.
И мене на гак ми рекоа неможе серклаж зашто имав полип,па во систина ми ставија,јас мислам дека серклажот е посигурна опција.Ти си имала среќа што си стигнала без серклаж до 36 недела,прочитај ја темаа за серклаж ретко која членка стига и до 34.Мене матичната ми рече дека да немав серклаж до сега немам шанси да ја износам бременоста,ем краток цервикс,ем плацента превиа имам.матката место да се шири нагоре кон дијафрагмата мојата се шири хоризонтално а долу ниско е бебето.Нека си оди членката на второ мислење и ако има опција за серклаж подобро е да си стави.Твојот случај е суперпозитивен ама е исклучок.
Такви се таму да те извадат од памет први се.. Затоа и пишав овде за да слушнам други искуства и мислења да се смирам малку,ти благодарам многу
Ајде мешиња еве ме пак. Освен намалени албумини од 28.5 со долна граница 32,ми кажаа и друго. 31+2 сум, а стомачето одговара на 29+6. Докторката ме прати за д димери. Може од тоа да е? Исто ми рече дека имам калцификати на постелката. Некоја со вакво искуство?
Здраво девојки јас имам прашање минатата нрдрла добив позитиврн тест за бременост бев на гинеколог и за среќа ја видовмр малата точкичка затоа што брв околу 3та недела е сега докторката ми препорача фолна и ми рече витамини кои сакам јас да си ги купам првото прашање ми е кои витамини се најдобри и кој треба да ги пијам во бременост јас купив само фемибион 1 ,друго таа ми рече сите прашања да ги запишам за следен термин со тоа што минатата год имав спонтан што е најбитно да ја прашам затоа што живеам во странство и тука здравството само доколку прашаш ке добиеш одговор доколку не си информиран никому ништо не ти кажјваат тие ништо извинете за долгиот пост имајте убав ден
Не се секирај, и јас кивав многу во прво тромесечие. Тогаш и како стомакот да ме сечеше. Така да совет штом видиш дека ќе кивнеш, колку можеш свиј се накај стомакот за помалку да те пресече.
Скоро сите овде пиеме Фемибион. И јас ги пијам. Со првото се си мислам други пиев, ама не се сеќавам еве, не знам зошто имам изумено, ама вака фемибионот ми се гледаат поубави. Ноктите ми се камен тврди, јаки, косата за 2м ми порасна скоро 4 прста, по подраснатото приметувам, не планирам да ја шатирам веќе, ова ко што тргнало до крај ќе ми порасне и ќе го ишишам шатираното и ајт. Али на ноктите најмногу приметив, зошто имам кршливи и меки, сега ми се ладно оружје. Си викам ако волку помагаат за нокти којзнае на бебе колку му доаѓаат добро.
Прво тромесечие само фолна пиев. После матичниот ми ја прекина фолната и ми препиша пренатални витамини.
Види јас пијам дополнително витЦ и Брусница ради уринарни инфекции, ама тие ги пијам цела година, а откако пијам Фемибион посебно приметив подобрување. Друго ништо не пијам екстра.
Доста поосетливо да не речам болна е депилација при крај инаку нема што да се мислам за инфекции, стандард се оди кај константна козметичарка.
Да не ти го барам мислењето, од прееска се мислам, јас кај непроверена депилаторка не би отишла одма од прва на депилација на интима, особено не трудна. Така да подобро продолжи со Витот отколку да ризикуваш со депилаторка нова.