Абе ти остај препорака, твоја кожа ако не осетила не е исто вака нетрудна и трудна жена, сите сме различни. Еве сапуни едни кои ги купив на сите им одговараат, ги скапаа фалејќи, мене не ми одговараат и ги оставив за перење со нив теписи, а мака ми е, зошто знам дека сигурно се добри ама мене во оваа состојба ме иритираат. Не за џабе се рекло друго стање.
Ако е по препорака значи дека жената има чист салон и работи со чист восок, ти става хартија чиста под тебе итн. Плус има лесна рака. Дали високот ке ја иритира кожата е друга тема. И дали ке ја боли.
Ама не можеш да знаеш како кожата ќе реагира на нов восок, нови препарати. Трудна е, да е нормално се па ќе речеш ќе мачка, ќе шљака свашта ќе помине, трудна што ќе мачка пред крај.
Ме боли како не, не е нешто претерано неиздржлива болка но 5 минути работа е бидеќи ептен ми се изретчени што одам редовно. Не сум се видела долу добри 5 месеци ако не се депилирам не гледам друг излез.
Точно, ама ако е чист мали се шансите. Зборам за квалитетен восок, има сега нови од природна смола ли од што ми кажа козметичарката дека, хипоалергени итн. Тие се безбедни. Реакција може да се јави од се. Пример крема за трудници за стрии или за лице. Како што ми се јави мене.
Добро ѓени што ми е ми се јаде по една чоколада дневно ќе се мрднам само благо ме тера да јадам од како влегов во 8ми
Јас благо несакав да мириснам не пак да пробам пред да забременам. Сега само на благо мислам ама пробувам да го избегнувам, немаш корист само штета имаш од него.
Јас ги препорачувам Pregnacare, британска фирма. Овие ги одбрав, бидејќи само во нив немаше (барем не беше наведено) никакви додатоци. За разлика пак, во другите, пример во Фемибион имаше емулгатори. И убаво ги поднесував. Тие плус комбинација на храна, железото ми беше доста високо, до 26.
Јас те разбрав ти препорачуваат а ти несакаш и баш не ми беше јасно. Пробај и со мирување ако ти е опција, секако доколку не оди ке направиш серклаж.
Нема поголеми маки од повраќања. Како што повраќам од првиот ден. Т. Е има поголеми маки. Повраќање неколку пати на ден. 5 дена по неколку пати повраќам, па најтешкото е кога ќе нема веќе што да повратам и само напон а не можам да го прекинам... Од напоните и стомакот почнува да ми реагира. Вчера 4 пати повратив. Денес од сабајле сега втор пат повраќам. Ако не повраќам киселини ме убиваат. Значи повеќе дефинитивно не сум за никаде. Нема спас, сум пробала се во текот на овие 7 месеци.
Хаха, и јас бев после 7 месеци минатата недела, ја предупредив жената дека може ке викам, после толку време Арно поминав, малку поболно од претходно ама се издржува и не викав
До кај 6ти месец и јас брич, претходно депилација цело време. Ама сега оди па види се, се испосеков и решив доста е
Секогаш закажувам ден пред преглед за депилација, последниов пат само што се издепилирав ми презакажаа за 10 дена преглед со брисеви. Не дека ми пораснаа сакав да се поминам со брич да бидам ептен мазна, леле таа борба што ја водев сама со себе ме уби и тоа реков малку да се поминам а замисли да требаше така порасната цела да се средам