Здраво денес ме задржаа на патолошка и ми спомнаа за утре некој стрес тест имала некоја искуство со такво нешто што им значи тоа
Давале не давале мене ми е шубе да не ги пијам. За бебе и го**а ќе пројадам, таман дојдов до него, да се мислам дали ќе се здебелам или не, јок. Иначе ни отвараат апетит да. Ништо. Кркај лути бомбони. Херба ги купувам од Стокомак или Еукалиптус со лимон од локално продавниче. Дали се трипам дека го осеќам бебе како меурче? Особено кога сум прејадена, ко да ми движи меур некој во стомакот. 12 недела од денес. Мош цревата се а ја се трипам бебе дека е.
Ако е како класичен стрес тест за останати возрасни, ке те стават на трака за трчање, ке ти мерат пулс, притисок, работа на срце додека одиш нормално па брзо, па ке зголемат наклон.
Каков исцедок имате вие во поодмината бременост? Кај мене не е баш обилен, ама како да почнал да менува боја, или евентуално ако се меша со пот или урина. Имам како една жолта линија на средина од гаќичките. Ќе одам на преглед, и можно е брисеви ако одлучи докторит, ама дури да ми стигнат резултатите ми е страв да не се искомплицира нешто ако е инфекција. 37-ма недела сум.
Јас сум 32ра и сум како подмочана цело време , си седам и одеднаш си протекува секрет , ми веше како кандида па ставав канестен три дена ,сега бе е таков креч бел ама цело време имам незнам дали е нормално , за брисеви рано ми е мене
Да ми препорачате некоја фирма за зачувување матични клетки? Вака не знам кои се сигурни и веродостојни, и што конкретно да барам кога разгледувам за да се одлучам полесно
Јас направив ама за стрептокока, вагинални не. И сега си велам дали има некоја врска со жешково, дека сепак, нели, жолт исцедок го сметаат за знак на инфекција, па се плашам да не наштети некако во оваа фаза на бременост. Мада јас цела бременост имав жолтеникав исцедок.
Јас скоро цела бременост сум со исцедок. На почеток беше бел и како вода. После 20та недела жолтеникав. И во 12 и во 24та брисевите ми беа чисти. Сега кога ќе правам за стрептокока матичниот ми рече и тие пак да ги направам да ми биде мирна главата.
И мојот беше жолт , кога стана како урда бел земав канестен зошто личеше на класична кандида, јас како што читам нормално е таков исцедок
Дечки плачете ли? Јас во секој момент кога никој не ме гледа....незнам веќе што со себе... Во среда закажав кај психијатарот...
Јас и кога ме гледаат, прст да ми крене некој ќе заплачам а не пак да ми каже, лигла голема сум станала!
Да, ама за убави работи само. Пример ако видам некоја убава успешна приказна, некоја убава вест ако чујам, се расплакав на слика од девојче што го знам како прави срце со рацете на стомакот и покажува дека е трудна со второ. Се останато стаив на офф, со синко бев преемотивна, со ова игнорирам се негативно и буквално себично се понашам, ја и бебе, ништо друго не е важно, нормално и синко и мм, се подразбира. Едноставно си стаив у глава дека тоа е најважно и ништо не ме допира.
Јас плачам за татко ми само. Не можам да се помирам дека нема да го знае бебево воопшто како дедо, синчето барем го памти. Ми е криво, ама е посилно од мене.