Најдобро со гинеколог да се консултираш , јас за мене кога ја прашав докторката кога ми се јави секретот ми рече дека е нормално , е сега најдобро да отидеш да те види да не збориме на памет
Плачам, од нервоза најчесто,да одам на психијатар мислам дека и он ке плаче, само да се породам и ке живнам ваљда Ми купи маж ми кученце мини малтезер демек да ме расположи, мани по син ми трчам па и него го воспитувам цел месец кај да моча кај да кака исто како бебе. Сакав куче порано ама сега со кој памет ми купија се чудам, маж ми како дете е некогаш, не размислува многу, битно си го засакав и кучето, имам занимација плус.
Пред некое време прашав и јас за истото, ме интересира и мене, но изгледа се нема некое искуство во таа област
Јас лани го одбив овој тест и се потпишував на гак на куп документи, ти пуштаат провокации да добиеш контракции и да видат бебето дали ке има доволно кислород ама може да заврши со породување. Јас одбив и џабе, пак на крај ме породија пред време.
Се слагам, јас кога бев дете моите не даваа миленици внатре, јас сега дозволувам лечам комплекси од детсво ваљда, имам големо куче во двор, папагал, рипка, и мало кученце внатре, да не беше маж ми алергичен на мачки ке имавме и мачка, битно комшиската ни е гостинка честа, и синче 4 години, весело е доста.
Дечки срам не срам морам да ви споделам едно лошо искуство што го имав сега. Семејството на сопругот брат му сакаше да ни го купи релаксаторот 4moms за бебето, и видовме дека е на акција до 30.06 на инстаграм профилот на беб хоум, цената беше 22. 900, бидејќи имам платинум картичка добивав уште 5% попуст значи некаде 21.600 излегува не е некоја разлика знам ама важен е принципот. Одам јас сега во бебе хоум они велат не, не е така релаксаторот е само на 5% попуст и имате плус уште пет. Не ми е за 1000ка ама ми р за лошиот оснос кон муштериите, се запрепаситив и им пишав веднаш бидејќи веќе имавме остварено комуникација на инстаграм. Муабетот ми е постои еден тон лажен дигитален маркетинг од самоте брендови некој од Гевгелија ќе дојде во Скопје да го купи и ќе му се деси ова. Жално е и страшно искрено. Јас го земав релаксаторот бидејќи сакаа луѓето да ни го купат ама односот никогаш нема да го заборавам. Морав да споделам чисто проверувајте си ❤️ за да не се најдете во ситуација како мене
Јас имам многу цврсти влакна и многу, се депилирам еднаш месечно и во првата и во оваа бременост. Ме боли, ама не дека баш нешто екстремно што мислам дека би сметало или би се напрегала дотолку. Никогаш откако сум почнала со депилација, од 18,19 год, па до сега не сум прекинувала и пак влакната се јаки. Дали смета депилација или не, стручно не знам, ама досега проблем не ми направила иако се депилирам редовно. Не се депилирав само за прегледот 6 недели по породувањето, дека бев шиена па ме беше страв да не направам некоја беља и се избричив. Инаку ништо од породувањето. Само чекам знаци, а знаци нема никакви . Бев за цтг, ме вратија, втора смена немало доктор, само специјализант, ако немам болки одсабајле да одам. Не сум знаела дека сабајле се оди, од кај матичниот ми рекоа оди си попладне . Ќе одам утре, а ич не ми се малтретира, кога и да одам жешкото ќе ме фати .
Дојдов да кажам дека ви завидувам на сите што броите денови до пораѓај. Како ќе се издржи до август јас стварно не знам.
Ќе издржиш врмето ќе летне дур да трепнеш. Алиштенца испрани, исушени, испеглани и издиплени ми остана уште торбицата да ја спремам, тоа вечер ќе го направам бидејќи оддолжувам доста време и после ќе ја чекам кукличката да пристигне само се да биде во ред друго ништо не сакам.
Што пиете кога сте настинати? Некој вирус ме префати од ќерка ми,нејзе 3 дена и траеше еве денес веќе нема ништо па сега јас сум на ред . Болка во грло,синусите ме болат,омалаксана сум и глава боли ненормлано дури и очите.. Супа,чаеви тоа знам,дали смеам да се напијам парацетамол или витамин ц?
И јас не знам како ќе издржам, ама сега да ми предложат да го поносам уште 3-4 месеци би се нафатила Огромна паника ме фаќа
Слободно можеш и парацетамол и вит. Ц Дури можеш и инфузија со Амп. Парацетамол и витамини во случај ако имап треска. малаксаност итн.
И јас почнав да бидам од тие што се жалат. Секој ден се потешко ми е, легнувам да одморам после 20ч Стомак тежи, неможам да се наведнам, по цел ден боли бебе се тртли од денес по 3 магнезиуми ќе пијам
Се надевав дека нема да седи до термин мојава. Она па реши изгледа и термин да пробие и да седи како брат и малку повеќе. Термин ми е задутре, абер нема од излегување, освен утре ако не ме разбуричка докторот на преглед па да го убрза процесот. Ако не мојов да го терам да преземе во свои раце