Со отоци како сте и како се справувате? До сега ми се јавуваа ако повеќе сум на нозе или ако седам, баш денес бев во мирување ама нешто ни влечките не ме собираат некако чудно си ги осеќам нозете, нормално ли е 33та недела сум ?
Му верувам повеќе од претходната ми матична што кога и да си отидев дома секој муабет и го проверував, ама веројатно тоа и до мене си е, научена сум сѐ со резерва да прифатам и да премислувам. А инаку правам испитувања од скептицизам и муабети дека треба секој месец крвна слика. Порано тоа немало ехо на две недели и крвни слики на месец дена. Најчесто ги правиме да имаме мирна совест дека еве не сме ние неодговорни па оставаме на случајност. Инаку не се сомневам во неговата стручност како лекар, anyhow да недај боже дојде до нешто секако би отишла на второ мислење за споредба да направам и да намалам паника, таков човек сум
За депилирањето да кажам од претходната бременост. Еднаш се направив на почеток мислам или веќе бев средена пред зачнување, дека лето беше. Па некако истуркав првите три месеци. После накај петти месец се истргав цела, добро поминав. И на крајот, кога влегов во 9ти, односно 36та недела сосе "таса". Ама тогаш најмногу ме изнервира депилаторката и оттогаш немам стапнато веќе. Јас бев со голем стомак, очекувано де, ама освен што ми беше голем, ми беше спуштен, мускулите ми беа олабавени. И знаете при вртење колку е потешко. Кога требаше да сменам страна и да се свртам, се вртев скроз полека со држење на стомакот и таа ми вели "е де, пак ти, шо туку си се стресила, трудници гледам вежбаат во 9ти, ти види се каква си/како внимаваш". Пак уште претходно ми коментира кога влегов "ајде да менам крпа, ти многу гледаш на вакви работи " лелеееее ја знаев дека е посмотанка, и на глуп муабет јас не знам шо да коментирам, ама доволно е кај такви.
Мене од вчера така почна да ми се случува да не ме собират влечките, досега не ми отекувале нозете, ама и ова е малку не можам да приметам дека се отечени. Мислам од жешкото е, сега стана повеќе жешко.
Станав во 6 да допеглам. Ги симнав алиштата да ги здиплам, после само наредам. Ги влечам две недели @V.N. тебе прво или второ ти е? Мора да си скроз средена и со царски. Секое сабајле башка имаш визита и проверуваат влошка. Со првото во ремедика само влошката и раната ја гледаа. Сега во Систина ќе видиме како ќе биде. Јас се средив вчера. @Eli23 не се депилирав цела бременост, вчера малку стиснав заби, ама супер пројдов, издржав машки И стомакот треба да е среден ако имаш влакна. @elenaklasik најбитна е депилаторката. Таа ненормална . Јас кај оваа првпат отидов, мојата не е е веќе тука, ама познавајќи ја ќе тупела и она. Јас во 38ма вчера, жената ме праша можеш да се вртиш или не, јас на едната успеав на другата страна не, па коа ми крена нозе у вис на нејзино рамо Мислам ме опушти скроз, не затвори уста и така не го осетив. Претходно другава ми кажуваше стално , еве сега влечам , издржи и така и поболно ми беше и се стискав. За хигиена нема збор. Мене ми закажа прва во втора смена, немаше никој, смени крпи пред мене.
@eli25 второ ми е, знам дека треба цела ама викам сеа што се видам што се фатам тоа е. На депилација сега на крај шубе ми е да одам, со оглед на тоа што цело време сама се средував. Инаку првото на ГАК го родив царски, па што да речам незнам. Ако си дошла ти да ме видиш тогаш и сестра, болничар и доктор дошол да ме види....хорор. Сега читам по форумов таа докторка што ме породи тогаш е во систина и многу ја фалат, а јас ја видов само на пораѓај и толку. Ама изгледа не за џабе се рекло колку пари толку музика Инаку и јас неможам да спијам, се будам во 5-6 сабајле. Неможам ни да се вртам во кревет од досада бе. Кај стомак голем па и преметната жила или стиснат нерв некој на грб ме уби. Гледам колку можам плански да го поминам последниов месец со средување по дома, докупување уште нешто ситно. Се мислам малце ми е Сега на тапет ми се шишенце и цуцла лажливка. Гледам сите на авент филпс ги препорачувате. Тоа сега за сега од мене
И јас, па уште кога ја гледам Сара Мејс, ама сигурна сум дека она денар нема да плати туку ќе ја тинтраат дека ги рекламира и се ми е јасно. Греота е стварно за докторите таму, зошто они се ок, не чини тоа сестрите и општиот персонал, нула.
Утро. И јас почнав да се будам во 6ч. Ме фаќа некоја нервоза. Сите незавршени работи сеа почнав да ги мислам. Сара Мејс само шо ја гледав на рекламата. Сигурно е за пари. @eli25 знам и за стомакот. Јас не сум нашла некоја проверена. За чудо уште успевам со брич да се средам. Ќе видиме отпосле ќе експериментирам. За шише бендисав едно на Чико, Фирст Чоис, од Зегин, околу 500 ден. И цуцла Чико ќе земам. Имаше сет 2 шишиња Чико и гратис цуцла околу 900 ден. Уште 3 недели влагам во 9ти, почнуваат паниките од типот, па како ќе биде со две деца, како ќе биде со жешково, па од септември ќе почне големата 2 одд, како ќе се развозуваме до школо итн итн....еден куп без везе мисли.
Девојки ајде плс сега инфо...дали смеам да користам никотински фластери за да ги решам и тие две цигари што ги пушам? На нив пишува дека не смеам, матичната ми вика штом пишува не,да не ги земам , а реално според мене сигурно не се поштетни од цигарите. Плс инфо ако некоја знае ....
Женски , јас стигнав до 31+3 ... овие денови почна појаки стврднување и болки на стомак, како со нож бодење, и тоа горе во горна зона околу папук... И неможам на грб ич да полежам одма се стврднува меше... Тоа се тие лажни контракции ???
@Eli23 јас за синко земав на чико, тој комплетот , не сакаше ни цуцла ни шише. Само авент и затоа сега зедов исто. Ама пробајте и во зегин го имате сетот.
Можи да се поштетни, сепак има никотин нон стоп, а со 1 цигара само тогаш внесуваш, ништо страшно од една цигара...
За бебе кое не го држи шишето подобро е стаклено. Постерилно. Уште ми стојат стаклени Нук Фрст Чоис од малиот како нови. Максимално ги искористи.