Абе така е, ама јас ги мењав на 2м од шубе. Ипак е пластика, се гребе, прима мириси, особено мајчино млеко во пластично шише, после 2 недели е мрсно и не го миеш ни во машина а камоли на рака. Од искуство. А стаклено можеш да го користиш се додека ти треба, не прима ништо, само мењаш цуцла.
Девојки само што се вратив од втор скрининг,се си беше во ред само за главата ми рече дека му е помала многу се загрижив..некоја со исто искуство?
Ами ја последна ли да дознаам? И тоа шо лично име дала на бебето, па па па, некоја баба од Драгоманце гарант ќе го вика Лимон место Лиам. Која глупост човече!
Дебело е стаклото многу. Треба саглам да го фрлиш да се скрши. Кога е мало ти ке го контролираш. Ако сакаш ке ти сликам шише стаклено од раѓање кое го има и пластично од пред 4-5 месеци. Во период околу една година кога ке фрла а ке сака само да пие ке даваш пластично. Синко сега сака да пие млеко од стаклено. Така му било убаво.
По Лиам Нилсон изгледа е Не коментирам за имиња, сепак личен избор е нели. Не ми се допаѓа, ама ете нив им се. Малце е секако несвојствено, ама изгледа сакале да бидат различни. Ваљда, што знам
Абе срце да живеат у Европа, да им е презимето да речеме бар некое универзално, како да речам да има логика со имево, ајде де. Лиам Ѓорѓиев (или Ѓеоргиев) како год да беше. Шо знам. Син ми за братче прво сакаше Вилијам, не ме зезај.
Точно, ми нема логика и мене, ама ете, мода. И син ми сакаше прво како на Рајан сестрите да се вика, потоа дури и муслиманки имиња ставаше, ама секако не прифаќав. А пази, знаеш ние не сме со македонско презиме. Јас стварно не знам што е со некои имиња, ама еве, се почесто е.
Зошто Вилијам не? Во моја генерација имаше многу со тоа име. Жената за која коментирате мора да кажам била прекрасна трудница. Модерна, згодна, браво.
Женски, бев на преглед порано ради минимално кафен исцедок. Вообичаено ми е белузлаво светло жолт ама сега беше со нијанса на кафено. И ме прегледа на гинеколошки стол со раширени нозе, за да види внатрешно исцедок. Се надевам нема беља така чепкање да направи. И виде рече имаш малку кафено со розе. И после на ехо. Вика ај да видам ама не знам дали ќе се види нешто. Викам немојте аман со тие зборови, се смешкаме. И го виде во матка. Ух фала на Бога во матка. Тоа е битно за почеток. 4+6 сум по менструација. А по мерење кажуваше 6. Нема шанси вика, не се толку прецизни мерките на почеток. И вистина преброив 4+6 сум. Немаше срцева акција засега. Вика рано е, супер е што и ова вака го видовме за оваа недела. Не очекуваше. Ми препиша Дабростон. Знам @AngelOfArh ти ги пиеше. Имаше нешто потреба? Сега нареден чекор е за срце. Ќе се штрекам деновиве, ќе одморам. Што треба нека биде, битно во креветчето си е. Дајте совети сега. Нареден преглед за 9 дена. Леле ќе плачам од возбуди
Епа тоа бе златна, вие имате презиме кое со името на бебе скроз одговара, мора малце да се внимава мислам, шо знам, утре задутре тоа дете треба во школо да тргне. Јас ставав Утрогестан, ама подобро ти е да пиеш. Исто имав малце крварење во матка кое најверојатно беше имплантациско. Следен пат со срце ќе биде со сите нишани.
Женски за овие шишињава за почеток што ги зборувате, дај ставете слика,што како,цена.. да знам, да се спремам по малку и јас Сакам и јас стаклено. Не се разбирам многу, дека госпоѓицава на доење ми беше, а сакам ова да прифати и шише и цице.
@elenaklasik совет- да уживаш и да се опуштиш. Тоа што се плашеше не е, нека си расти сега и срце ќе има нареден преглед.
и јас врска немам за шишиња, син ми го доев до 2 год, кога почна да пие други течности освен млеко пиеше строго од чаша, купував на нук едни со клунче и капаче некапачки и беа многу практични во зегин ги има.Би сакала да дојам пак,ама се мислам дали е подобро да го научам и на шише, синко не сакаше никако, ни шише ни цуцла,и секаде си го носев со мене како привезоче,
Исто и јас, сега со две, не дај боже прво за една тт, до болница ,морам едното дома да го оставам или за мене преглед. Не ќе ги влечам двете во кола, ко што правев со ќере Вака кога не сум тука шишето и решен проблем.