Зависи од бременоста. Некои прво тромесечие само, некои до крај. Ќе процени гинекологот. Јас пиев утрогестан до 12 недела, поради грчеви, после ми ги прекинаа.
Јас дабростон прво пијав 3×1 до 6 недела па матичниот ми рече да ги прекинам ама јас од пусти страв уште ги пијам по 2×1 матичниот ми рече пијај ги нема гајле од нив за претпазливост сеа сум 11 недела и ко ќе одам на прв скрининг во плодност другата недела таму ќе прашам до кога да ги пијам.
@elenaklasik со лесно девојче. Многу ми е мило. @Kate Rina 93 и ја би ти рекла на Авент стакленото. Стакло е секогаш подобар избор од пластика. И тоа ти е онака баш за почеток, плус што на почеток секако ти ќе го држиш шишето. Понатака чим сакаш да користиш шише ќе си менуваш пластични почесто кога бебе само ќе почне да си го држи, а тогаш стакленото ќе биде тешко за него. Мене со царски, специјално не ми доаѓаа крв да ми проверуваат и баш ме чудите со муабетиве. Секое утро и вечер ми правеа само премивка не знам точно со што, ми ставаа чепче за болка и ми менуваа од тие мрежастите гаќи. Никој ниту стомак ми избричи, ниту ми стискаа стомак, гинекологот само доаѓаше секој ден ми ја проверуваше раната. Ова во Грција. Сеа овде којзнае што ме чека.
@hello-kitty.90 до кај си ти женска? Заокруживме двете 40 недели или се олесни ти во меѓувреме и ме остаи сама?
Да си кажам за влакната долу, ич, ама ич не ми е гајле. На прегледи одам/одев средена, колку се може, кога ги прашав и бабицата и две докторки дали да се средам екстра.. ми рекоа ни под точка “разно”, да не сум си предизвикала инфекција, поткожни влакна и сл. Влакната таму се со причина. Прашав и две колешки, ниту ги бричеле овде, ниту се гаделе, се е тоа природа. Е во МКД и тоа сестрите прават драма од сето тоа. Ако не им се свиѓа, нека си работат нешто друго. Сега не да одиме како шума, ама не и тасма! Мојов да е жив, ќе ме средува. @kristina.k во Зегин да побараш индиски тегавец, псилиум во прав (една кафена лажичка се раствора во вода, без разлика што пишува во упаството). Сега проверив, ги има како капсули во Зегин: https://www.zegin.com.mk/mk/superdiet-khigiaflor-psilium-bio-100-kapsuli. Помагаат за столица и бабицата ни кажа обавезно да си земеме во торбата за во болница (Mucofalk e овдешниот бренд). Уште еден тип од бабицата, што сакам да споделам, како да разликувате вистински од лажни контракции. Ако ве фатат и се двоумите, истуширајте се со топла вода. Ако се интензивираат и зачестат, вистински се. Ако се смират, а притоа сте се напиле магнезиум, значи се лажни.
@AngelOfArh се повикува со време да не упати во сите магични напитоци за млеко надоаѓање. Капсули имаше на природна база?
@didi1982 ова капсуливе со псилиум за која намена се? За чистење пред царски, или за размрдување на црева после царски? Нека е жива и здрава Михаела!
@Freckles. За после царски се, за да спречат констипација, така @didi1982 ? Мене пред царски ми ставија клизма, исто и пред да ме отпуштат, не оставаат да си заминеш од болница без да одиш во вц еднаш, ама дома беше страшно. Ќе си земам сега обавезно.
Мене ми надојде само. Најдобра стимулација е бебе на цицка. Ама хумана и хип се за плус, овесни снегулки со јогурт, сок од јаболко.
@Freckles. за размрдување после царски. Всушност намената им е регулација на столицата, природен суплемент е индискиот тегавец и за време на бременост го користам одвреме навреме против запек, искрено можам само да го препорачам. Така @kristina.k @ZlatnoRipce нека е здрава и жива . И останатите бебиња што се родија деновиве, здрави и живи да се. @Eli23 боза за повеќе млеко?! Тоа имам слушано, ама колку е точно не знам… тоа шеќерот кога ќе не удри во глава
Ги пиев Хумана и Хип, неможам да се сетам едниот повеќе ефект ми имаше. Ама имаше и шеќер во состав. Основната состојка им беше мислам фенел, а ко да ја имав читано порано Ангел дека нашла капсули тој состав. Знаеш да не се дујам шеќери.
Боза за повеќе кила срцка. Од боза и пиво многу доаѓа млеко, ама дури се свестиш и плус 10кг. За 2 недели.
Не, и ми рекоа на преглед денеска дека уште ќе си терам . Цтг мирно, бебе сеуште не било спуштено во канал, постелка супер, 2 степен, плодова вода нормално си има, знаци за раѓање никакви . Утре е денот за раѓање, ама мојава решила да седи уште . Се си мислев порано од термин ќе се роди, дека второ, па и дека ептен активна со синко сум, ама сум се излажала. Ако нема ништо, во четврток пак сум на цтг, ама ми нагласија дека и вагинален преглед ќе има . Инаку должина на цервикс знае некој како е означено на извештајот, има нешто 94 мм пишува, ваљда тоа е?
Јас така го прашувам гинекологов мој како сте докторе? Он ми вика - Е како да сум цел ден дунди глеам колку и да ги сакаш пак ќе ти се смачи