Сега обавезно. За синко пред пораѓај ставав , сега не секако те чистат пак, а и од нервоза сама ќе се “исчистиш” претходно
Јас ништо не пиев ниту јадев за лактација. Имав млеко многу. Бебе само цицка сакаше, шише не. Сега се мислам дали да купам, што ако и ова не сака шише. Очекував Фемибионот да ми отвори апетитот, ама ништо. Можам само еднаш дневно да јадам, до толку што не ми се јаде. Се надевам дека немањето апетит ќе ме служи откако ќе се породам, а не сега Сега треба да јадам.
Исто и јас, затоа прееска пишав незнам дали е паметно пред време мн да инвестирам во шише и цуцли. Ќе земам едно колку за чајче, па ако треба ќе докупувам. Инаку минатиот пат имав толку многу млеко што кога ќе влезев да се туширам се празнев и се осеќав ко моја кравица
И јас со првото имав многу млеко, ама со рачна пумпа ептен по малку вадев. Инаку пиев чај од билна аптека, ем за повеќе млеко, ем за смирување на грчеви бил кај бебето, со анасон. Не дека сум имала потреба од чај, пошто моево цицалче беше, па и без чај ќе стимулираше многу млеко. Едвај го одбив на 2 г и 8 месеци
Зошто да не издржиш, еве сум 9ти ден на одмор си го терам најнормално. Се сунчам, се бањам, неколку дена бевме и по цел ден без да се враќаме во смештај. Само гледај убава сенка да фатиш, течности, овошје инаку вака јас не осетив нешто мачно.
Јас бев на море во 28 и 29 недела. И немав никаков шроблем со седење цел ден на плажа. Максимална температура беше 26 степени и не ми беше жешко. Малку ми беше напорно бидејки бев со 2 ипол годишно дете Искрено само ндколку пати се бањав бидејки ми беше ладна водата ама само на мене,син ми по цел ден не излегуваше од вода. А искрено многу малку се сончав.
И јас не правам крвна слика на месец дена. Претеризам е. Мислам дека нема потреба доколку на претходната е се во ред. Баш ми е мило што се е во ред. На наредниот преглед и срце ке слушнете. Инаку јас пијам дабростон. Поради кафеав исцедок што имав на почеток ради хематомот, а сега го пијам пак поради ист исцедок ради ниска постелка. Да пиј ги до наредниот преглед па ке ти каже кога да ги прекинеш. И да ти каже не ги прекинувај нагло, туку постепено. И мене почна од 15та недела некаде но многу малку. А слаба сум. Сега веќе почнаа да ме стегаат фармерките. А пред 15та стомакот е надуван од храна и гасови не е тоа тоа.
Парацетамол ама тешко дека ќе помогне. Во трето тромесечие мислам ибупрофен не е дозволен, а аналгин знам дека даваат ама без препорака од доктор не знам дали да те советувам, да прашаш некој постручен. Нека ти го отворат утре да немаш болка, може и со анестезија без адреналин.
Мене пред бременост многу ми помогна семе од коприва со мед, го мелев во нутри булет зошто како песок ми беше немелено и додадов плус мелен индиски орев да не е гадно, една шака. За неполн месец ми се качи и железо и хемоглобин.
И мене ова ми помагаше во 1-та бременост, сега не консумирав редовно мед ми забранија ради шеќерот. Исто и цедено цвекло. морков, јаболко и портокал секој ден пиев. Ега исто не ради шеќерите во овошјето…Ама ефект имаше
Јас бев пред некој ден и ми годеше ептен и се бањав и уживав само не се сончав и секако 50ка фактор користев П.с земи си мнооогу течности, особено водичка.
Јас додека пиев провен пренатални немав ич апетит, сега месецов земав премама дуо, немаше провен, и цело време сум гладна, да ги допијам се надевам дека ке најдам пак провен после.
Во однос на бањање и сончање, Лазаревски ми напомена никако сончање, затоа што може да се оштети мозочето на плодот, бањање во езеро исто не, во море може.