Јас со моите глупави прашања ќе одам другата недела на прв скрининг во плодност направив и нифти тест во ред испадна сеа да ми кажете кои прашања да му ги поставам на докторот таму во врска со скринингот а да не испаднам смешна и глупа таму идеја некоја што сте ги прашувале за прв скрининг.
Jaс и за првото и за ова прашувам само едно Се ли е во ред? Докторот си знае што гледа и не се замарам многу многу. Може не е во ред и моето, ама при пренатален тест одличен ич не би се замарала.
Ќе ти кажат се што треба таму, темелни се со скрининзите. Ќе ти дадат и папка со слики и извештај, се е напишано на извештајот. Покажи и Нифти тестот, може нема Приска да ти прават штом е се во ред.
Јас многу се замарам таква сум едвај останав природно бремена и сеа за се ми е страв Кај доктор Владимир Поповски сум тој го одбрав и валда ќе ми објасни све а не правам приска.
Не знам, не препрашав. Доволно ми беше да слушнам дека е штетно, за да не се сунчам. Паралелно ме следи свекрва ми, која е гинеколог-акушер во друг град, во однос на сончањето и бањањето беше на ист став.
Јас да прашам за движењата на бебето, чудно ми е нешто. 30 недела сум последниве дена не удира ко порано туку како бранови цел стомак, како да ме допира внатре, некогаш и не осеќам, а гледам стомакот лево десно. Нормално е? Мислам рано е за да нема место. @ija ќе ти објасни убаво, @Bebulleee оди кај него, задоволна е. Кај мене беше на пораѓај за првото, многу е опуштен и плус искусен доктор.
Исто така го осеќам, цел стомак ми го бранува/истегнува. Дали еднаш-два пати дневно ќе ме клоцне. Последниве 2 недели ми е така, а 31+5 сум.
Ние сакаме викенд во Охрид. За подалеку не можеме годинава, маж ми има подоцна одмор, баш неколку дена пред да влезам во деветти месец. И сега не смеам да се капам? Баш ме зачуди коментарот на членката. Зошто не во езеро?
Во езеро и базент не е препорачливо поради инфекции. Јас во Охрид и кога не бев бремена само што ќе влезев наредниот ден кандида развивав.
Прашај си го матичниот најубаво. Мене докторката што ќе ме пораѓа ми дозволи бањање и во езеро, и во море, и во базен (базен домашен што го користиме само ќерка ми, маж ми и јас, со филтер прочистен ). И јас мислев дека е забрането.
Никако во езеро немој полно е со бактерии ако веќе сакаш само олади се во раце нозе глава долу на интимните делови никако недај боже да фатиш некоја инфекција не си играј за секој случај прашај гинеколог ама и да рече можи јас не би влегвела.
Можеш да прашаш само се ли е во ред и дали се гледа пол. На прв скрининг нема многу што да се праша. Ако те интересира нешто за витамини јадење секс итн.
А за постелка дали е во ред големина на цервикс проток на крв или да не прашувам незнам тие кога се гледаат.
Пуштаат доплер за протоци и на срце и на постелка, ќе види и постелката кај е , а за цервикс е рано. Ако е нешто сомнително ќе провери секако.