Здраво, имам едно прашање кое што може да ми го одговори некој само од лично искуство најверојатно. Значи, последен циклус имав на 10ти февруари и после тоа одев на неколку контролни прегледи на гениколог , од кои на последните 2 контроли на ехото се гледа дека плодот има малку поголема тежина. Денес бев , ми кажаа дека на ехото се покажува дека сум 19 недели и 1 ден и ми дадоа упат за да испитам скриен шеќер. Имало малку поголема течност која се гледала на ехото(не ми се јасни овие работи што и како...). Дали некој се соочил со слично нешто за време на бременоста?
Здраво, вчера имав ваква дешавка. Буквално на нозе неможев да стојам. Мене наретко ми се случува ова. Од сам почеток на бременоста. Не е до времето, тогаш беше ладно но пак ми се случуваше. Јас се испитав, крв , бев на ендокринолог и интернист се беше уредно само ете некои симптоми...
И кај мене крвна слика во ред, хормони на тироидна во ред... затоа не знам дали се работи за анксиозност или е нормална појава
Да не е горе бебето, да те притиска на дијафрагма? Со првото ми беше така последниот месец, многу високо го носев.
Нема никаков научен доказ дека сончањето може да направи некоја штета. Јас сфаќам дека така ти кажале ама мислам дека така најчесто се оградуваат многу доктори, као што е сигурно - сигурно е. Иста бев, мислам го носев во белите дробови толку високо што беше. Во полуседечка позиција спиев последниот месец и знам колку е тешко, јас се будев ноќе во борба воздух да земам. Еднаш на цтг ми се слоши исто. После пораѓај немав таков проблем ама хрчев сигурно уште неколку месеци. Ќе се олесниш и ќе помине.
Мене на живо ме шиеја, така бар мислам, да имаше анестезија немаше се да чувствувам. Баш сестрата што ме држеше за рака ми викаше да издржам , да не потскокнувам многу дека ќе се олади местото и после повеќе ќе ме боли шиењето.. Затоа си викам ја, сечењето и шиењето повеќе ме болеа од цел пораѓај.
Кебиња такви имам две купени посебно. Овие дезени мене не ми се допаѓаат. Инаку се е памучно и премеко. Се е од зара. Од вечер има попуст. Тоа што пиша се знаци за скриен шеќер - зголемена плодова вода и поголем плод. Ке си слушаш доктор и се ке биде во ред.
Еве и кај мене исто ама на ехото е во ред некако не кажа такво нешто(да е виско плодот) а вчера буквално ќе паднев, на нога бев. Само тоа со водата ми го мати умот....и скриен шеќер , за тоа даваат лекарства нешто или треба откажување благо?
Има диета за гестациски дијабет ако е покачен, ќе треба откажување од благо, бел леб, тестенини, итн, а ако треба и терапија има, битно да си испиташ па има решение после.
Високо е бебето поставено затоа така мене 8ми и 9ти месец ми беа такви снемував воздух и срцето ми лупаше силно .. сега тоа не ми се случува 3 месеци како сум породена.
Јас сега отидов да ја земам количката, купив облека пак . Само купивам, а на пример немамм земено чорапчиња, нема земено некои работи кои треба да ги имам. Капчиња и ракавици не купувам сигурно. За вадење уште немам ништо земњно, од вечер е попустот во Зара, ќе видам утре нешто, во ХМ немаше баш. Јас се на кратки зедов, сега 62 шпикозни купив и едно комплетче само на долги.
Магнезиум кесичка смеам да се напијам? Чат пат како минимални бранувања осеќам. Во ред е така? Ме плашат. Плус и немам некој апетит, ко гадничко ми е се, храната без вкус, де посакувам нешто де не ми се јаде. Мајонез прееска една точка ставив на кифле, мрсен и гаден ми дојде.
Девојки колку ме смиривте да знаете, фала ви најмногу . Мене паметот ми летна дека знаци на анксиозност пројавувам . Ноќе спијам со отворен прозорец и на сама помисла дека снемувам воздух во сред ноќ излегувам на тераса... и во тие моменти дури не можам ни да се замислам да бидам во затворен простор, па ме фаќа паника како ќе издржам на породување ако ме фати таков напад . Во петок сум на преглед ќе ја прашам матичната дали е високо сместено бебето, иако и јас чувствувам најголемо испакнување над папокот што дури и градникот ми смета кога ќе ме натисне, или ако сум лошо седната и го притискам стомакот исто без воздух останувам. Штом ќе се среди после породување, ќе се стрпам уште 4-5 недели.
Мене почна од околу 32 недела да ми се качува пулс потешко дишам обично ова од сабајле после јадење ми се случува, претходно исто на спиење се будев како без воздух и тахикардија ама нормално било и се смирив сега па ова, сметам дека е од времето кога е многу спарно ми е потешко,овие денови осеќам како нозе да не ме држат, слабост во раце незнам како да објаснам како ослабена мускулатура како да ме бута нешто и позади врат а имам и постојано низок притисок цело време ми се движи околу 95 со 60 само пулс ми се покачи овој период, крвна слика во ред.
Јас сум на море, пливам и многу ми е фино. Во однос на сунчање не можам, зашто ме фака сафра и не можам да лежам на грб. Мене не ми дадоа забрана во Систина, ама секако сум под сенка со купаки и марама. А сега нели сите трудниве шетаат со голи стомаци, што е разликата од ние да шетнеме на плажа. Во однос на облека јас на мојата августска женска и земав фустанче. Ептен ми беше мерак, летни фустанчиња има преслатки. После по дома ќе биде во обични бодиња, ќе бљуцкаат и ќе ги пресоблакаме по 100 пати на ден
Зошто? Мене одма ми даде после прв преглед докторката, утрогестан и магнезиум поради менструални грчеви. Срце слушнавме по 10 дена.