Јас почнав со болки во половина, дури ко бубрези ми личеше, нагони за повраќање, гадење и после еден ден пукна водењак. Ама ти си безбедна, не се сеќирај. Ако бркаш доктор некој да фатиш, само одмарај повеќе до посакуваниот термин и се ќе биде добро. Важно безбедна си и да родиш вечер. Иначе јас во петок бев на ехо, бев далеку од раѓање, во понеделникот родив.
Толку некој страв и возбуда истовремено ме има фатено, што дури и сакам да дојде моментот побрзо. И најбитно, кога и да дојде, да си биде се во ред со бебенцето.
Затоа секоја трудница која тука бара мислење за лек/суплемент, паралелно треба да консултира и лекар за да се заштити од грижи и несакани мисли, а и секако треба да ги почитува САМО советите од лекарот, а тука може само да дискутира и да чуе мислења. Барем денес докторите ни се многу достапни и можеме речиси во секое време да ги консултираме.
Ама еве труднициве исплашени денес доктор им дал да пијат Магнезиум, овде доаѓа рандом феминка и вика Никако Магнезиум пред да јави срцева акција, и сеа на кого да верува.
Има многу убави фустанчиња за од болница воTilla, јас земав за моето јуначе ама женските се феноменални!
Тие испитувања што се на првиот скрининг(12та недела) се за даунов синдром? Малку сум во некоја паника и депресија ова со течноста. До тој скрининг се беше во ред и со димензиите беше складно , а сега последниот месец ипол ми се како за една гестациска недела повеќе и течност....што се испитуваат на втор скрининг?
Ич да не се плаши трудницата, една ќесичка магнезиум не може да влијае на срцева акција во никој случај, плус цел интернет го пребарав нигде нема таква информација. Напротив пишува дека цела бременост може да се пие. Мене специјалист гинеколог ми ги даде во 5та недела, ко којзнае колкава доза ние да пиеме па да се случи такво нешто.
И јас се пуштив во потрага, мислам дека ова е пред се ставено како предупредување, нели на секој лек има нешто и може да предизвика од дијареа до мозочен удар, а пиеш парацетамол пример. Мора да ги наведат сите некогаш јавени состојби додека бил лекот во експериментална фаза. Нешто мора да стои. Логиката вели дека Магнезиум смирува грчење, помага во поддршката а не да предизвика губење на плод, ама ете, некоја информација недопроверена ја извадила трудницата од памет а без потреба.
На докторот секако. Мене исто одма од старт ми дадоа магнезиум, ми рекоа дури до 3 дека можам да пијам, а тука ете и јас го имав прочитано истото мислење како вознемирената членка. Ова е форум и секој дава мислење кое секако не е стручно и членките не треба да се вознемируваат штом суплементот шѕо го пијат е даден од страна на лекар.
Освен тоа, баш разговарав со нутриционист, генерално во исхраната ни фали магнезиум и воопшто не е лошо да се суплеметира. Исто така препорачуваат и појаки дневни дози како и комбинации на различни соединенија на магнезиумот како поискористливи форми, примерно за луѓе со проблеми со тироидната и те како се препорачува доза над 800мг дневно! И воопшто не сметам дека на плод пред срцева реакција ќе му засмета МГ. Малку шала ама па знаете ли колку пијанства,теревенки,недозволиви супстанци итн. имаат примено безброј жени во оваа фаза од бременоста,незнаејќи дека се бремени па ништо!?
Jas gji imav ovie simptomi vo 36 ta nedela....najdobronameren sovet koga kje mozhesh na doktor da si odish tie najdobro kje ti kazhat dali e porogjajot pochnat ili si nastinata.
Јас пред спиење да ве поздравам. Ми се собраа некои работи периодов. Бебе битно е добро, стандард журки си прави во стомакот на мама. Се исплакав во вц, ми падна тешко на душата. Се надевам ќе биде подобро.
Јас кога правев кариотип прашав во Ману ми рекоа дека не прават веќе таму ова беше лани Септември месец. После тоа најдов термин на ГАК. Прашај матичен за каде може да ти даде упат за кариотип. Инаку за двајца плативме 1400 ден.
Ова што го има членката објавено е дел од студија (ја побарав и ја најдов студијата со истата реченица од членката) која утврдила дека продолжена употреба на магнезиумот навистина го намалува ритамот на срцето кај плодот. Но, неколку работи : Студијата е направена кај трудници над 30та гестациска недела. Не знам колку е тоа продолжена употреба на магнезиум. Од еднаш ништо нема да му биде сигурно. Срцевиот ритам бил намален, но пак во граници на нормала. Најдолу е пишано дека студијата е мала и не може да се каже со сигурност дека резултатите се релеватни. Од еднаш ништо нема да му е на бебето ич да не се секира трудницата што испила магнезиум денес. Сепак Многу суплементи се пијат и тоа е факт. Многу од нив непотребни, ниту пак без штета ко што често знаеме да кажеме - Пиј слободно. Има во медицина една изрека за лековите во кои спаѓаат и суплементи - нешто ако нема штета, значи дека никогаш немало ни корист. Суплементите се "нова" работа, еволутивно не сме прилагодени да ги искористуваме витамините од апче онака како што ги искористуваме од овошје. Затоа акцент на разноврсна исхрана и никако земање ништо на своја рака без консултација со доктор, па макар тоа да е и суплемент. Станати сме општество на апче, ама тоа дел и доаѓа од рекламите за суплементи на производителите кои само добро ги наплаќаат, а за жал и доктори кои земаат процент па се живее во тој страв како една членка што имаше пишано дека престанала да зема суплементи 3 дена, па на ехо одма плодот престанал да расте, апсолутно неточно и непотребно стресно. Спонтан абортус не се спречува со магнезиум. Ако треба да биде, ќе биде. Ако се осеќа некаков грч во стомакот, може да е или од дигестивен систем или се шири матката едноставно. Без плашење, нема гајле од еднаш, само доктор да даде зелено светло за секој еден лек, никако на форум.
Мила, ќе испиташ, ќе видиш. Може и да не е скриен шеќер, едноставно таква да ти е бременоста. Мене цел период ми е бебето поголемо со недела дена, имам повеќе плодова вода, ама тоа е нормално, испитувањата се во ред. Исто ми беше и со првото дете. Има граници во кои се тоа се толерира и не е страшно. Следи доктор што ти кажал, испитај и не се секирај. За машки што имаат?
Почнав да ги пијам Фемибион вака ок ми изгледаат што ми е најбитно немаат мирис и лесно се голтаат. Ова ми е 4та среќа. Изгледа не е до витамините јас сум изгледа терсене Пиев: Витал прегна ми мирисаа гадно. Прегнатол уште бетер смрдеа. Премама големи за голтање и стомакот ми го дуваја. После не можев ништо да јадам. Само ме збуни ова што пишува на фемибионот дијететски суплемент. Искрено не ми треба сега слабеење Да не ми го нарушат апетитот?
Истото ќе го пишував, мислам @elenaklasik прашуваше за магнезиумот. Нормално и лекарската/научната фела да има спротивставени мислења за некој суплемент на пример, ама малку ме чуди Mg да влијае на Na-K пумпа. Пре би рекла дека може има ефект на размена и метаболизам на калциум (кој инаку е битен за срцето) бидејќи двата се двовалентни елементи, ама не и на едновалентните Na и K. Ама дозата сепак не е кој знае каква за да предизвика не знам ти си каков ефект. Литературата вика до 400 mg за трудници, иако докторите препорачуваат и повеќе. И всушност ни треба повеќе. Искуствено, земав од 400 скоро одма после позитивен тест, до крај на прв триместар. Имав грчеви и други компликации и специјалист ми препорача, со вел матката да не се контрахира непотребно. Во поглед на движењата, @kristina.k нормално е некои денови да не се толку интензивни. Докторката ми ги опиша како некој скок во развој и секако дека бебињата се непредвидливи. После 2-3 дена ќе се активира пак, ќе видиш. Моево па денес многу долу отиде, па се исплашив и отидов на клиника. Се ќе да е во ред, ама кркав преглед со рака. Благ хаос! @tatjanasakalieva како што ти пишаа другите, зголемена течност во плацента е индикација за гестациски дијабетес и на почеток мора да го регулираш со исхрана. Се надевам ти препорачаа ОГТ тест, што порано го направиш тоа подобро. Не се зема само мерење на скриен шеќер. Кај мене тој беше во ред, а тестот покажа дијабетес. И соодветно зголемена плодова вода. Ако ти дадат терапија, подобро е инсулин, бидејќи не преминува плацента. За другите теми, шо да кажам. Кога се има дозвола од лекар за капење, сончање, супер. Сепак тоа е и избор и зависи од можностите на трудницата. Ете ми море, ама кога не можам да седам на топло, подобро дома и во сенка, што ќе ми е. Секој како му налага душата и можностите. Кога можев да патувам, во втор триместар, патував. Сега не можам и во ред е. Комплетче за од болница купив во МКД од локална продавница, со сите дрангулии внатре, на долги ракави, ама тенок памук. Шпикозни-пижамџиња купувате посебно? Вреќи за спиење? Не сум одлучена како ќе спие.
Да кај нас тука преферираат витамини, 90% од исхраната што ја внесуваме ништо не е природно така да џабе внесуваме “здрава храна” При разговор со др.Јани го прашав зошто кај нас повеќето имаат проблем со забременување или задржување на бременост ми го даде тој одговор. За одржување на здрава бременост лично кај мене се потебни многу витамини меѓу кои на прво место се клексаните и аспиринот, и доколку ја одкажам таа терапија големи се шансите плодот да не се развива (имам две неуспешни бремености позади мене кога бев без терапија) Докторот објаснува дека е бројката станува се поголема на ваквите проблеми единствено и само поради начинот на исхрана тука, додека во другите држави не ни знаат што се апчиња. Кај нас тука не секогаш се трупаат со витамини безпотребно, многу би сакале да не внесуваат ни едно апче и да имаат здрава бременост. Да лично јас не би имала здрава бременост без сите тие витамини и антикоагуланти и не сум само јас туку не има во огромен број. Затоа доктор е најмногу компетентен да даде терапија или витамини.