Ама клексан и аспирин не се витамини, јас зборував за витамини и суплементи. А храната доколку не е природна, тоа не значи дека нема витамини, не би рекла дека тие две работи се поврзани, храната може да има пестициди, и тоа да ја прави штетна, но еден портокал има витамин Ц безразлика како е пораснат. Јас немам ништо против суплементи, во некои ситуации се потребни и треба да се пијат, бременоста е една од тие ситуации, но без претерано стресирање ако денес не зедов којзнае што му направив на бебето или земање додатни витамини, иако ги има веќе во тоа апчето што ги содржи сите витамини, па кога ќе ја собереш дозата ептен голема, а во тоа не е ни пресметана дозата што си ја зел преку храна или пак избегнување оброци зошто зедов витамин.
Не знам, можеби си слушнала за генетските мутации. Природните фолати се наоѓаат во храната и секојдневно ги внесуваме, односно нашето тело секојдневно ги користи и се неопходни за процесот на организмот. Кога некој има мутирани гени има неможност на организмот да ги преработи па мораат да ги внесуваат во преработена форма. Претежно антикоагулантите и витамините одат заедно, затоа ги спомнав и нив. На темата кога разговарав со докторот зошто се повеќе се со мутирани гени ми објасни дека најверојатно станува збор за нездравата храна што ја внесуваат луѓето на балканот.
За спиење нема да земам и пижамки посебно, т.е пижамките на таа возраст се скоро исти ко шпикозните. Што ќе му облечам последно чисто, во тоа ќе спие. И така сто пати ќе се блуцкаат, па не се исплати пресоблакање во пижами. Не оди секако никаде. Може ако е во куси да сменам на долги, или нешто покомтно ако не ми штима облеченото, ама стриктно пижамка не. Вреќичка не за почеток, јас во август ќе немам потреба сметам. Ќе покривам со тетра или евентуално тенко ќебе.
Ели жива и здрава да е, голема да расте, убавица на мајка . Не претече ти, влечи не и нас со @Yowannty да не тераме и цел 10ти месец
Не знам за тебе, ама ја више имам искуство сите да ги пречекам и испратам. Ништо ново. Минатиот пат, ја прва на клиника, дур се бафтав цел ден со провокации, 4 други после мене дојдоа и пред мене се породија. И нормално си заминаа и дома пред мене. Ја иако од гинекологот добив зелено светло, по препорака од педијатарот да се следи бебето уште некој ден, сама бев на гинеколошко последните 2 дена. Ајде ајде ја сигурно ќе ве испратам сите од Јуни пред мене.