Диететски дека содржи се што е потребно во склоп на таблета, не дека е за диета. Имаш летна вреќичка, памучна, тенка, па само со боденце и во вреќичка е топ, ништо не ти треба. И овде, нека е жива и здрава, да порасне голема и убава на мајка
Честитки Ели! Да е жива и здрава и само радости да ви носи ) Уживајте сега и гушкајте се, па кога ќе собереш сила пиши како помина
Овој конкретно, ама дали ќе го има во МКД не знам. Мене супер ми делува. @eli25 здрава и жива, голема да расне.
Мешиња имам жолтеникаво/зелен исцедок, кој не пецка, а за мирис не знам зашто посто ковид во ништо не сум сигурна. Сабајле ги земав резултатите од брисеви и чисти се. Дали некоја од вас има вакво искуство и што прави по ова прашање? Може ли да е нормалниот исцедок при бременост, само да ми се меша со урина и затоа да добива таква боја. И самата урина знае да ми биде таква зеленкаста, правена уринокултура исто се е ок.
Женски помагајте што да правам со овие болки во грбот? Поточно ме боли плешката горе на лева страна, пиев и магнезиум ама не помага на работа сум не можам да легнам
Јас имав таква ситуација. Жолто/зеленкаст исцедок, а чисти брисеви. На ПАП покажа кандида. Користев пробиотски вагиналети 10 дена. Веќе немам таков исцедок.
Како ќе се гура цело лето еве не знам. Поради ќере едвај палам клима по потреба, ако ептен е жешко. А и таа склетџивка е. Еве таа по боди цел ден е, јас по фустан, без прслук. Синоќа сто пати станував да се мијам со ладна вода, климата ја уклучував на 26ка по 5 минутки страв ми е неа да не ја настинам.. офф а кај е крај септември.. 1 октомври ми е термин