хахаха и мене ме изнасмеа но ајде штом не е ништо супер.. Сега памет во глава за следниот пат каква акција ке превземеш Инаку и јас одкако сум трудна немам некоја посебна желба за секс, многу повеке сакам гушкање, милување, ама мноогууу што знам навечер да му се пикам на мм скроз како да сакам да влезам во неговото тело.. Но си имаме ете два-три пати неделно отприлика.. Хахаа кај мене па е обратно мм ми вика лелеее незнам дали дека си трудна така некако многу многу ме палиш и само збеснува хахах па гледаме ете да не се запосставиме.. Фала Богу и докторот ми рече дека можам, инаку да беше поинаку ситуацијата ке му ги гледав гревовите
Ееее бесни жени , анче, памет во глава од сега натаму, не си веќе девојка , па да правиш секакви акробации А вие останатите ако продолжите со темата “секс“ ќе престанам да ве дружам па како можев само јас да бидам баксузот да не смеам ништо цела бременост, па више пукнав каталеа и мм е со истиот став, бремена сум била , многу секси, едно друго, а јас го гледам и се чудам :geek: човекот добар е или почна да му откажува видот Вчера сум плачела пред да излеземе од дома, зошто кога се гледав во огледало неможев да ја наместам косата и имав чувство дека личам на машко(инаку имам долга коса скоро до половина)во фацата Е како бре со ваков изглед секси и така еден на друг си викаме дека очите не ни гледаат како што треба.
готово меу нема веке муабет за секс инаку јас утре ке си ја фарбам косата со тие од палете фарбите без амонијак, да се разубавам малку а инаку ке одами на фризер да си ја потскратам косата, бев и пред 3 месеци, нели некои не се шишаат дури се бремени, ама јас не се замарам со тоа
Ееее јас од март месец се немам шишано, а за чудо да не се урочам супер ми е косата, воопшто не ми паѓа и не ми е оштетена, што не беше случај на почетокот, кога многу му пукаше. Е сега малку ми е сува, но тоа е. Се мислам и јас дали да отидам, ама некако склет ми е и ич не ми се седи на тоа столицата, па и да трпам фенирање, затоа никако да се наканам да се разубавма малку. За фарбање пак од мај месец не сум ја фарбала, тогаш бевме канети на свадба и ај демек да не одам со бели влакна. Незнам многу се мислам, а знам и дека нема да имам време после тоа за овие луксузи... ај ќе видиме има време Јас се има време, ама некако времето лета, од утре во 9ти а и лажните контракции некако ги осеќам зачестија
ајде само со лесно меу инаку и јас одам на фризер, ми ја крати косата, и на брзина ме фенира, јас и пред тоа едвај доседував на столица а не пак сега а инаку мора да се исфарбам имам бели влакна напред на главата и ако носам венче или мие нагоре мнми се гледаат, некои со пинцета до сега ги кубев инаку имам слаба коса и ако не ја шишам 9 месеци ке бидам како за греота
Е кај мене изгледа тоа е предноста, густа коса, цврсто влакно, сега претежно фатена ја носам, па некако се излегува на крај. Лелел и мене ли со лесно веќе Jaс кај и да е ќе почнам да си ја пеам http://www.youtube.com/watch?v=tpJ8ifBoHaQ
Да не ве плашам, сега ви е супер косата, ама после 3-4 месеци после породување очекувајте друго. Ќе почне да ви опаѓа, ама е минлив период, мора да испадне сиот вишок коса, оти во бременоста не опаѓа скоро ич.
Annath читав и јас за ова. Е сега дали тоа зависи од недостатокот на железо или пак без разлика на тоа косата ќе си паѓа??? Зошто вика при недостаток на железо паѓала.. ама пак јас и сега слабо стоев со железото, но не забележав да ми паѓа, поточно не ми паѓа ич. Ова прашувам за да не се исповадам од памет
Леле бе срце што збориш... зарем тоа мало душиче се предаде...? Сега секој збор е сувишен што ќе ти го кажеме, не постои нешто што може да те утеши. Најискрено жалам бескрајно... Но те молам иако е ова шок за тебе,за вас, да бидеш јака, некако да го пребродиш овој период. Ова бебенце ќе остане во вашите срца и мисли, но за брзо време ново бебче ќе ја ублажи болката и ќе ви донесе неимерна радост. Верувај дека животот не е секогаш фер со нас, но секое лошо е за добро. Така требало да биде, не сакал господ понатаму во живото да се мачи тоа мало срценце. Те и издржи....
Мора да испадне вишокот коса... а нема тоа врска со железото, туку со хормоните. Ајде не се секирај, период е - ќе ти се чини бескрајно, ама ќе помине. Senjorita.lombardi, ако го читаш ова, мила, знам дека нема утеха за тебе, нема збор од кој што може да ти биде подобро, не можам ни да замислам како се чувствуваш, ама не си сама. Така требало да биде, само Господ знае зошто. А Господ е голем, ќе ви подари дечиња, кога-тогаш. Главата горе!
Annath гледам ти секогаш делиш совети па да те прашам ти каква крема за стрии имаш користено и дали ти помогнала? AIT а кремата од виши од кај ја набави и колку пари е?
Мора да испадне вишокот коса... а нема тоа врска со железото, туку со хормоните. Ајде не се секирај, период е - ќе ти се чини бескрајно, ама ќе помине. Леле Annath каква вишок коса збориш па мене уште сега ми пага ненормално многу, а уште какови витамини за во бременоста не пијам, а како што тера и што викаш после породување да се зголеми опаѓањето тогаш сум на добар пат да се здобијам со широк патец До душа не ми е до смеа туку до плакање маж ми уште сега ми вика тебе како што ти пага косата можеби ке завршиш со женска келавост и ќе личам на Туку дали на некој му се јавило ваков проблем, инаку јас никогаш не сум имала густа и убава коса поради тоа што имам многу мрсна кожа, ама сега место да се намали пагањето тоа се зголеми
здраво мили мои труднички. Денес бев во Скопје оти беше констатирана смрт на моето бебе од непознати причини, и денес требаше да го вадат на последниот преглед пред да легнам во салата лекарот што ме прегледуваше виде дека се било лага од страна на Кавадаречките доктори, среќа голема што уште еднаш на ехо го погледнаа и тоа по моја иницијатива оти осекав како ми мрда во стомакот, знаев дека мојот син е жив и дека не му е ништо, докторот почна да се смее и плаче од среќа, бебето е живо и здраво за малку ке заминеше во неповрат, мм ке ја убиеше докторката тука (DA NE JA IMENUVAM) едвај го задржаа готова беше, како видела дека детето умрело, денес мислам дека по втор пат се родив, плачев цела ден вчера и цела ноќ не спиев, се што имаше купено за бебето спакував да не го гледам, не знаев како се викам па ова беше траума, многу лош кошмар, се чудам како инфаркт не ме удари, цело лице ми испука од солзи, и гласот ми е фатен од плачење. Среќа мм беше до мене цела ден и цела ноќ и ме тешеше дека ке имаме уште многу деца, но и него тоа му беа само празни муабети колку да ме утеши, беше скршен само што пред мене не покажуваше слабост за да не паднам скроз. Денес мислам дека пак се родив, и повеке не дозволувам моето бебе да го гледат тука,само во Скопје и крај неможам јас со неискусни и лабилни доктори да се гледам. Животот ми е скратен, дури и креветчето го откажав да не го носат, цела ноќ живеев во хорор филм, кошмар што траеше 24 часа. Бидете ми поздравени многу ве сакам
senjorita.lombardi...немам зборови како да ти опишам колку сум среќна.Вчера не ти пишав од причина што мислев дека нема да најдам вистински зборови со кои би те утешила. .... но сега, сега прво ми затрепери срцето а потоа ме обли топлина и солзи радосници,многу многу ми е мило што се е во ред. А за тие такви доктори,дефинитивно треба забрана за извршување на таквата дејност Дали се тие нормални.... Но да не ја отвараме таа тема....овде е сега момент на радост само со лесно и убаво нека ти тече понатаму бременоста,и да уживаш во неа. Поздравче женска,...многу ми е мило
senjorita.lombardi леле не израдува со одлична вест. Баш ми е мило што детенцето ти е живо. Јас не знам како можат да вработуваат луѓе што не си ја знаат работата. За малку трагедија ќе се случело. Еден е Господ. Уште еднаш ќе ти кажам дека ми е мило за тебе. Биди и ти многу поздравена
Ни самата не си свесна колку ме израдува со ова што го читам од тебе, дека бебенцето е здраво и живо само така нека продолжи, грижи се за себе многу и за тоа мало душиче и како што кажа повеќе само СК на контрола. Леле значи секакви доктори има како само си констатираат некои работи , кој им дава диплома и лиценца за работа не знам навистина! Па ако не си сигурен побарај второ мислење, па трето тоа не е срамота. Ама тоа е тоа јас не сум никоја да судам или нешто слично. Моментално сум пресреќна поради тебе Поздравче
Значи повторно ме расплакаааа, но овој пат од СРЕКААААА и премногу ми е мило и многу се радувам што сепак не те излажал мајчинскиот инстикт иако можам да замислам низ каков кошмар си поминала од вчера до денес.. Не те извадив од мисли и сега кога видов значи ептен многу најмногу се израдував.. Драго ми е што и понатаму ке не дружиш на темава, дај Боже секогаш со позитивни и убави новости, ајде вечерва е твоја и на твоето мажуле, прославете малку и релаксирајте се од кошмарот сто го поминавте, заслужувате душичкиии. Незнам веке што да кажам ми иде цел реферат да напишам од тоа колкку ме израдува.. Ти посакувам срека и успех понатаму, со лесно да си ја истераш ЦЕЛАТА бременост ( и на сите идни мамички, исто ).. Само убавини да не пратат.. Поздравче С.Ломбарди до Тебе и сите останати..
Лелелееееееее срценцееееееее, КОЛКУ МЕ ИЗРАДУВААААААААА.... Јас бев цел ден потресена а не па вие... Леле крава една како можела такво нешто да ви направи, господ да ја казни, да ја утепа...Сега да ја тужиш за претрпен стрес...Смрдла една... Живо бебче , умрено го направила... Добро е ѓшто мајчинскиот инстинкт не те излажал, па ете си отишла и на друго мислење. Леле што можела да ти направи... има ли памет таа глупача.......... Ах ај да не зборам за неа, ПРЕСРЕЌНА сум, господ здравје да му даде, да го чува и пази, и од лошо и од неписмени доктори. Јас и ти ќе се породиме заедно одприлика, а јас носам девојче, па сакав да те прашам дали овој храбар дечко би го дала за мојава принцезичка Поздравче, те и вади ги алштата и креветчето, гушнете се со маж ти и малото погалете го, и нај нај голема среќа да ве прати.