Клима почнав да уклучувам ноќе на 19степени зошто е вдневна а ние спиеме во друга соба. За 2 сати кога ќе се излади убаво во другите соби ја местам на 21 и цела ноќ си дува. Раат се спијало
Женски 26та недела сум. Ме боли кичмата долу,како за добивање само помала болка..и еднава страна кај јајнициве де ме боли де не. .. сега легнав малку и се напив магнезиум..да паничам треба? Бебе си мрда цело време
Јас магнезиум пијам секој ден од 5та недела. Сега терам 36. До сега,секој доктор кај што имам отидено на преглед, скрининг итн. ми потенцира за магнезиум. Го пијам на биоелектра во капсули и ептен сум задоволна, до сеа сум немала проблеми од типот стегање, болки во мускули (освен кога фатив корона). Подобро за се што мислиш консултирај се со лекар.
Jas pijam odma od koga razbrav deka sum bremena nekade okolu 5ta nedela....do nekoj 6ti mesec po endash na den posle vekje po dva pati na den.
Ама и напред ,долниов дел од стомакот ме приболува..ама на моменти. Леле извини што те замарам. Можно е да се лажни контракции? Со првото немав лажни, директ со вистинските почнавме
Да влетам во муабетот. Можно е да се лажни, одмори се лежи пиј магнезиум. Види како ќе ти е и следните денови па ако е исто напрај едно ехо.. Јас сум 30+5 некогаш и јас имам менструални болки кратко ама и поминуваат. А за тртлење газе по 10 стврднувања на ден имам
Не се извинувај, не замараш. Пробај наеднаш парацетамол и магнезиум. Ако не се смири до попладне тркни на дежурен да те видат на ехо.
Цело време мрда, дали се превртува којзнае..ама не прекинува. Ќе пијам сега и еден парацетамол.. Тек во сабота сум на преглед. Маж е до 7 на работа. Ако не ми помине до тогаш ќе одам на ехо.. Фала ви @fana @Bebulleee
Денеска баш ко за инает сигурмо 3 пати бев Ама и ми се стврднува стомакот Се напив сега ќе паничам овде, додека дојде маж.. @AngelOfArh
И јас некои денови имам таква болка, како lighting crotch (читав на нет за ваков вид на болка, пишува демек нормално е) доле мислам на цервикс ми мава бебчето, остра ама ептен кратко трае, неколку пати на ден Дури вторник сум на преглед, се плашам да не е знак дека нешто цервикс ми се крати инаку сум точно 28 недела..
@jelo и мене ме болеше тогаш така, од што маваат на цервикс е ако е остра краткотрајна болка. Кај мене е качено горе сега под гради мава, долу не ме боли повеќе. Јас имам како благи менструални болки од време на време, не знам дали така те боли? @Kate Rina 93 Читав во трето тромесечие темата, на search пребарав, сите скоро се имаат од истото жалено.
Често ме боли, барем еднаш неделно како за добивање. Ама краткотрајна болка, не целодневна и перзистентна. Кичма уште не ме боли, затоа срамна коска, распарталена сум на пет дела. Бебе исто си мрда. Особено кога ќе легнам на лева страна. Денес и за прв пат осетив газе или глава, уште тоа да можев да распознаам. Не знам, како ти вика интуиција така прави. Ама верувам дека е нормално и кај тебе.
Да не ве цитирам сите Мене ме боли ко контракции баш, значи кичмата боли, па долниот дел од стомаков.. ама со мал интензитет се.. еве сега ми се намалија болките,скоро и да немам, откако пиев парацетамол и магнезиум. Инаку за срамна коска, тоа препони, ме болат веќе 1 месец и ништо не ми помага за тоа.