Јас само така и одам, друго не ме собира Претходно си бев доста слабичка и само тесни работи носев, не дека сега сум којзнае што, само стомакот ми е пораснат ама пак ништо не ме собира
Некни 30мин се мислев дома пред да одам на гениколог, дали фустан или хеланки. До сега кога и да правам ехо на стомак секогаш носам хеланки ми било незгодно да кревам фустан. Ама на таа жештина, будалче си велам можи те нема видено Терај таму нека ни е удобно нас
Девојки во мокрача ми најдоа ацетон 20 mg/dl +некоја да имала случно ко мене нешто бев на матичен ми вика ништо не е ама прочитав на нет нешто поврзано со шеќер и уплав добив шеќерот ми е на крвна слика 5 претходниот пат ми беше 5.4 имам испитувано и скриен шеќер пред да останам бремена тогаш немавскриен шеќер дали има место за паника утре ќе одам на ендокринолог и во среда сум во плодност ама кој да чека почвам да паничам и не јадам благо пецива избегавам и бело брашно ама пак затоа овошје многу јадам екскик веќе со овај шеќер мир да се немало.
Да не си дехидрирана? Пиј вода повеќе деновиве, ама чиста вода и земи некоја брусница таблети или чај од брусница за да се прочистиш и не стискај ако ти се моча почесто мочај. Јас брусницата ја пијам навечер по 1 со 1 кесичка витЦ од 1000ка, тој витЦ ми е најубав и најлесен за желудникот. Ау како сум се наспала синоќа, слатко слатко, па и еден убав сон што ми се погоди, аууууу.... Мислам дека цела ноќ го сонував од убавина и кога се разбудив сабајлево во 5 за мочање и презаспав ко филмче си го продолжив, лепота сон. Многу сакам такви сонови убави кога сонувам, мислиш читам книга или гледам филм.
Можи да сум дехидрирана не пијам многу течности не сум по течности ама ќе почнам знам дека брусница земаш од jaemison а кесичка витамин ц и навечер одтолку витамин ц јас мислам не ќе можам да спијам и блазе си ти што си сонуваш убави работи јасстално глупости сонувам и кошмару имам сеа можи помалку а порано ептен се плашев во сон и викав и сите ги плашев.
Што има врска витЦ со сонот? Тој е најдобро навечер да се пие за да го закисели организмот да не се развиваат бактерии, така ми кажа урлогот и еве веќе 4г го пијам навечер без престан по 1000ка и да ти кажам сум многу поздрава од порано, и ковид и се поминав на нога. Јас не спиев само првите 2-3 недели, од тогаш наваму спијам многу убаво и лесно и тоа по цели 8ч ако се изземат тие неколку станувања за мочање.
Мислам дека витамин Ц пречел на сонот ако се пие навечер. Така знам, од каде - не знам. Ама пак ако чоек си има убав регуларен сон, не знам зш би пречел. А тоа од урологот, има веројатно вистина, не сум знаела. @ija појќе течности задолжително!
Сеа ми е 5 вчера проверував иначе сум 12 точно денеска а 5.4 ми беше пред еден месец и пред тоа ми се движел 5.4, 5.6 ама сите ми викаат дека немам шеќер и испитував скриен шеќер саминицијативно пред да останам бремена и ми беше во граници на нормала неколку доктори ги гледаа резултатите и заклучија дека немам шеќер.
Знам дека не е исто ама разбери се со докториве сеа кога ќе одам во плодност да видам таму што ќе ми кажет.
А можно е и само да си дехидрирана. Ќе проверат и по плодот тие, ако има сомнеж на гестациски дијабет бебето ќе биди поголемо од што треба да е и ќе имаш вишок плодова вода.
И јас така имам слушната ама чим вика уролог навечер навеч Чим уролог така ти кажал ќе пијам навечер само да ми кажиш кој витамин ц го користиш од која фирма за да земам и јас.
Тоа можи да се види во 12 и 5 дена за плодова вода толку ќе сум ко ќе одам на преглед и обавезно ќе испитам тромесечен шеќер и вчера сакав самоинцијативно ама се премислив ко да имам некое претчуство за шеќер едно време заборавив сеа пак ми е мисла.
Да секако дека може да се види. На преглед ќе го измерат бебето ко и на секој преглед а и ќе проверат плодова вода (и тоа го прават докторите на секој преглед). Засега можеш да испиташ тримесечен просек самоиницијативно, ако треба да правиш скриен ќе ти посочат докторите ако нешто им е сомнително.
Зар е нормално тахикардија невидена, а низок притисок (90-60; 80/50)...пијам многу вода, лежам заради патолошка состојба, но ова, мислиш те од грб, те од грло ќе ми скокне срцето (28 недела денес)
Тахикардија е вообичаена при низок притисок,и јас ја имам кога ми е низок,напи се нешто, кафе,јогурт со сол,или кока кола. Кога е низок притисокот срцето повеќе се оптеретува и се јавува тахикардија.
Цел живот сум со низок притисок и брадикардија (помал пулс од вообичаено) и нормално ми е од 55-56 пулсот, никогаш не сум имала таква состојба како овие два дена и се пробано и со кока кола и со јогурт - притисокот е тој, но ме мачи срцето, не знам како него да го смирам