Колку ти е пулсот? Може ти е нормален ама го осеќаш повисок зошто си била со понизок претходно. Бедоксин можеш по две, магнезиум, а и верапамил можат да ти препишат ако е екстремно висок, ама само со доктор консултација.
Баш како што рече, може за други е нормално но мене ми смета ептен, два дена ми се движи од 80-110. Искрено, мислев за магнезиум и бедоксин сега, но си велам да не падне уште повеќе притисокот . И ете тргнав да закажувам на доктор сега за консултација.
Имав досега неколкупати тахикардија по неколку дена, мислам дека „официјално“ како тахикардија се смета над 100ка пулс, ама над 90ка веќе го осеќам и ми смета. Знаеше и до 120 да ми се качи пулсот, посебно после јадење. Накратко, после првичната паника, сфатив дека ми е од анксиозност (а не од сите глупости што ги прочитав на интернет)... баш тогаш имав некои поголеми стресови. Кога се опуштив, ми помина и тахикардијата. Слично искуство има и моја блиска другарка. Дефинитивно ти препорачувам да си одиш на доктор, јас истото го направив, ама исто на тебе останува да се преиспиташ што ти се врти во главата во овој период и дали можда имаш повеќе стрес него што можеш да издржиш.
Јас лани кога бев трудна имав цело време висок пулс, 120-130,низок хемоглобин на граница, ми сметаше многу, ама не примав терапија никаква. После породувањр се среди, сега оваа бременост само ако ми е низок притисокот пулсот ми е над 115.
Јас цел живот сум со 100ка пулс. Ретко 90 Сега во бременоста 115/130 пулсот ми е. Освен бедоксин по потреба, не пијам ништо друго. А за сметање ми смета ама ќе се издржи уште малце
Мене кога ми најдоа ацетон во урина шеќерот ми беше 5 и јас како тебе испаничив. Матичната ми рече дека сум дехидрирана и точно беше, јас повраќав многу и слабо пиев течности. Следниот пат кога испитав шеќер ми беше 4,6. Не се грижи и внимавај што јадеш навечер пред да правиш крвна слика.
Јас не повраќам а толку шеќер под 5 да имам ќе славам одамна не ми бил под 5 сеа почнав вода да пијам според апликација да ме подсетува стварно ич не пијам течности стално маж ми ме кара а вечерта пред јадење пола лајче мед со матичен млеч во 18 и пол каснав ми се јадеше благо и во 19 еден тост со кашкавал јадев и толку појќе не јадев.
Медот, лебот, сите тие работи го креваат шеќерот. Следен пат пробај салата да јадеш за вечера кога ќе одиш да испитуваш шеќер и пиј многу вода нонстоп, посебно сега на жештините. Ќе биде сè во ред, не се секирај
Пијам кесички на Фармавитал. За мене подобар витЦ нема, а сум ги пробала сите можни, од Калифорнија фитнес до Пливит, дека сум со уринарни тегоби многу е важно да внесувам редовно и големи количини витЦ. Верувам во имунитет на база на витЦ и витД, големи колични витамини и многу течности. Како што кажав, добар и реномиран уролог, др. Ставридис (таткото) ми препорача во лето 2000 единици витЦ до бременост и 1000ка откако ќе останам бремена, и во зима бидејќи не трошиме толку многу по 1000ка.
Здраво. Да ве прашам, имал некој проблем со цтг бебето да е премногу успано и цтг да не излегува добро? Јас сум 39+4 и почнав од 36та во чаир на прегледи и цтг. Секогаш кога ќе дојдев морав да повторувам цтг по 3/4 пати додека не излезе добро. Пред цтг јадам благо, пијам кола кола и се движам ама жабе.. еве вчера имав 5 лоши цтг-а и ме примија. Од како ме примија до сега сите се сеуште лоши. Последното ми е линија.. не скроз права ама скоро.. тонови никаде. Правам се што можам да го разбудам ама тешко. Додека пак ехо е супер, болки немам, вагинално прегледана и сум океј не сум отворена. Се е ок освен цтг. Не знам кај е проблемот? Имал некој ваков проблем и што понатака? Никој не дава логично објаснување а мене мислам животот ми се крати од тие линии од цтг кога ќе ги погледнам…
Jas gi imam ovie, gi piev do 14 nedela, i doktorot mi gi prekina ( ama ova licno za mene) a moze da se pijat u bremenost kako so kaza i ti. Inaku ubavi mi se, ne znam da goltam apcinja i ovie mi se top I jas gi preporacuvam
Зошто не отидеш приватно? Од 36та до 39та е долг период да нема добро цтг. Самите доктори веќе треба да сменат или апарат или подетален преглед да направат, а не да те оставаат да чекаш и да се мислиш. Мој совет, оди на приватно, барем еднаш или 2 пати.
Една докторка спомна да ми удрат провокација доколку цтг не излезе добро. Инаку терминот ми е во понеделнил. Ниту имам болки нити сум отворена.