Ехо ти правеа ли? Срцето, пулсот на бебето како е, плодова вода, зрелост? Мене едно ЦТГ не ми беше добро и ме породија со итен царски, не разбирам како може да немаат објаснување што се случува.
Да ехо ми правеа.Се е во ред. Плодова вода доволна количина, зрелост II/III степен. Бебето има скоро 3800гр.
Нивно објаснување е “не си јадена” иако реков дека јадам и “успано е многу” .. други логични објаснувања за лоши цтг не добив..
Не ми спомнаа за царски.. Вчера кога ме примија ми рекоа ако цтг е добро до утре ќе те пуштиме. И од 5 сабајле цело време правам цтг и сеуште никој не кажува што понатака.
Јас да бев на твое место: Не ја видов салата за царски спремна за 15 минути, за пола саат ќе ве има на секој портал и на секоја телевизија!
Може ли за цтг кое било време да се оди или? Јас сакам понеделник да одам на цтг матичниот почнува попладне со работа. 38ма недела ќе сум тогаш, до сега не сум одила на цтг бидејќи оваа недела матичниот е на одмор а друг гинеколог нема тука.
Ти спомни им!! Јас да сум како тебе царски би барала уште денес! Таман си со неделите. Ова е мое мислење.
Земи урлај таму, не зезај, какво чекање или пуштање. Не дека е страшно, можеби поставеноста на бебето е таква, може се, ама мораш да си на чисто така да барај одма царски или провокации, мада јас провокации не би прифатила на слаби тонови на бебе.
А кога те пуштаат ти го потпишува ли доктор ЦТГ? Како одговорно лице. И јас не би чекала ни минута, и да не е добро наместено треба да се потрудат да најдат, плус ако не е наместено на самиот лист излегува criteria not met. Или барај царски или оди на друго место.
@Blue moon како ти е железото, хемоглобинот и тироидната? Имаш проверувано скоро? Анемија може да даде тахикардија, како и несоодветна доза на хормони за тироидна. Несоодветна мислам ако си примала терапија претходно, па во бременост да се измести ТСХ, кој пак ги афектира Т3 и Т4. @ija минимум 3-4 литри течности, вода во принцип летово. Ако продолжи шеќерот и натаму да е висок и имаш кетони, веројатно е гестациски дијабетес како што ти пишаа и претходно. Тогаш мора диета. Исто мислам како @fana и @kristina.k, царски за брзо! Предложете нешто за железо, ве молам. Цел месец пијам железо, плус фероглобин, исто па исто анемија. Резултатот не е мрднат. Имам и мед со семе од коприви, тоа со усул го јадам ради шеќерот, ама цел месец да не мрдне многу е. Инекции има, да барам? Месо и јајца скоро секој ден јадам, што повеќе не знам
Пробај со сидерал форте, малку се поскапи. Мене од 14 железо со една кутија сидерал форте сега 34 ми е железото. Јас за хемоглобинот го пиев ама тука немаше подобрување остана ист
Како стоиш генерално со препарати за железо? имаш ли стомачни тегоби? Мене во Македонија Хеферол и Тотхема ми го креваат железото многу, меѓутоа стомакот ми е крш. И секако сум пробала, пред јадење по јадење да ги земам исто ми е, желудникот ме боли. За запек нема ни да коментирам. УЖАС. Ефектот за кои ги пијам го имам, ама нуспојавите ми се баш големи. Јас земам ферофолик од грција (може ги има и во државата каде што живееш) и сум презадоволна ни желудник ме боли ни запек имам а и во крвта имам супер резултати од нив.
Идни мамички сакам да ве прашам дали некој го има мојот проблем да сподели искуство веке 3 4 дена имам болки ниското под стомакот денес бев на контрола му кажав на докторот ми рече најверојатно е цистит јас правев и брисеви и урина и уринокултура сите ми беа негативни ми препорача пак да направам а во меѓу време да пијам по 2 до 3 литри чај од брусница ако не ми помине ке ми дадат антибиотик инаку немам ниту печење ниту чешање ништо само што често мокрам некој друг предлог да ми дадете што да пијам нешто природно
Исто стојам, не само стомак туку бонус хемороиди кои никако да се смират! И внатрешни и надворешни. Фала за инфо, ги нема овде, ама ќе гледам некако да ги нарачам.
Пред 2-3 недели правев детална крвна слика, со железо и хемоглобин сѐ е во ред. Тироидната ја проверував минатиот месец и тие хормони беа ОК (на Еутирокс сум, затоа ја следам почесто и нејзе но бременоста). Но веројатно треба и таму да закажам преглед. Ти благодарам