Не, не го потпишува докторот, само пишува име и датум и час на цтг. Му спомнав на докторот за царски рече од кај сега царски, нема потреба. Ми рече лежи до сабајле, сабајле едно цтг и би требало да те пуштат.
Ако не си договорена за породување иди си одма и направи цтг на друго место, приватно или државно сеедно. Очигледно си мирна па се понашаат идиотски, од една страна те паничат, од друга не ти кажуваат ништо како решение. Не знам како треба да изгледа цтг, едно имам се на се направено, ама ако они викаат не е ок нека кажат решение.
Извини ама јас не би ризикувала. Не сакам да те паничам, може не е ништо, оди направи едно цтг на Гак барем. Или некоја консултација со друг доктор направи ,покажи цтг . Не може сите да се мирни,ако е успано бебето, што знам.. Јас не би отишла да се пораѓам овде, ако сега така ми прават..
Мешиња, бебето има околу 1800 грама. Главата одговара на 31 недела и некој ден плус, стомакот исто околу 31 недела. А јас сум 33 плус 6. Докторот пак ми закажа ехо за две недели, да види како напредува, па потоа дата за пораѓај. Кажа дека е активно, што е добро, кажа дека се е во ред, срце, органи, ама тежината е мала. Ме праша и за син ми колку е роден, реков 3050 кг и кажа дека и првото е со мала тежина. Кажа дека не е страшно, ама еве да следиме. Плодова вода е во ред, постелка исто. Бебето е со главата надолу. Го прашав дали тоа зависи од мојата исхрана, кажа дека не, да си јадам нормално. Минго гледаше и стомакот, не ми е баш голем, и докторот баш тоа гледаше. Не знам, јас искрено не ни очекувам да е над 3000 кг.
Ако тоа е мало, тогаш ќерка ми со 2800 беше глувче.. Уживај си, нека е здраво,колку сака кг нека е,ќе качи килажа кога ќе се роди.
И кај мене така, два месеци секоја недела сум по прегледи, исто инаку се е во ред со бебето освен што 2недели помало. Го следиме нонстоп еве 36 почнав и стварно веќе не можам да ја мислам тежината, само да го видам живо и здраво. Сменив и исхрана и клексани примав И тоа е, си расте, но сепак е помало. Во мегувреме имав висок притисок кој не го ни почувствував а беше 160-170. Сомневаат да не имам качувано и порано во бременоста од кога почна да изостанува (некаде 7ми месец). Сеа примам терапија и мерам притисок неколку пати во денот. Исто се сретнав со неколку трудници со ваква проблематика, на крај си родија здрави дечиња. И јас многу мислев, се нерворав, плачев…али ништо со тоа не помогнав.
До раѓање ќе достигне килажа, реално рано и е, рачунај за 2 недели ќе качи најмалце пола кило. Ти малку форсирај протеини сега, чисто за ти да се храниш па и она од тебе. Значи јајца, месо пилешко, месо телешко, урда, грчки јогурт и ќе се достигнете. Матео е роден 2500, симна на 2000, у принцип мали бебиња немаат сила за цицање, па тоа ќе ти биде голем проблем ако решиш да доиш, иначе сите ќе достигнат килажа после првиот месец.
За првото дете во 32 недела прекина да расти, т.е растеше ама по мн малку. Доплер се беше во пред ме породија 39+4 (2300гр) Мала килажа имаше ама ни жолтица фати ни во инкубатор беше. Така да не се секирајте, ако е мала килажа битно да се здрави и живи ќе си пораснат
Bitno e da e zdravo i zhivo....mene na posledna kontrola pred porogjaj mi kazhaa deka e nad 3kg pa ja rodiv 2650.Merkite kaj mene lichno ne bea tochni,mozhebi i kaj tebe da ne se tochni....
Не мора да значи дека нема да има сила да цица. Мојот се роди 36+5 , 2400. Падна до 2250 и одма почна да качува, а на града беше од втор ден, веќе третиот и млеко ми надојде убаво иако бев со царски. На испис скоро ја имаше достиганто родилната. Првиот месец на ексклузивно доење качи 1кг.
Така ми кажа неонатологот, ама секако правила нема. Моето се изнамачи, плус и со френулом на јазичето, првиот месец ни беше трауматичен. После како си фативме редот, уживанција.
Нека се здрави и живи, нека се развиваат правилно па килажа секако ќе си стават. Мојот 3800 се роди па еден месец се учевме да дои, никако не фаќаше, не знаеше да влече, плус 3 месеци имаше продолжена жолтица. Само да не го поминам пак тоа со ова бебе, а според ехо е помалечко од првото секако.
Не знам за ова, мојата цицаше од прв ден, само на доење беше и супер качуваше килажа..а кога ќе ми текне стариве колку се замараа со килажа, јади, греота мало бебето, само нервоза ми ствараа. Еве ја, пак слабичка е, а висока е, енергија има премногу, ништо не и фали. И јас и татко и сме биле ситни родени, не знам зашто толку форсираат со килаживе..Дај боже и второво толку кг да го родам,и јас лесно ќе поминам,ќе си напредуваме после со доење. твојата пеперутка
Мене лани ме породија со итен царски ради лоши цтги тоа јас бев против цело време одолговлекував од 01ви април вечерта почна ме држеа по 24 ч на цтг и на крај рекоа мора,на 03 април се породив на пладне.Мора да реагрираш побрзо.