Истата сум. Пред два дена утакмица имаше нон стоп, буквално постојано го осеќав речиси по цели денови. А веќе 3ти ден како осеќам ептен слаби удари 3-4 пати во денот само. И јас се замислив дали е нормално. 25та сум
Исто скроз, само еве не знам дали димери некни проверија. Јас не се плашам многу, што знам, си велам само до 2500 да качи барем. Нека се развива нормално само, тежината се качува.
А што тоа да испитам повеќе? Како може другде цтг да е поразлично ако отидам, ги пробав сите цтг апарати, не е до нив, до бебето си е. Плус велиш да не те плашам а индиректно велиш може бебе да немаш? Не знам што ви е на сите со одговориве, бидејќи сум кај најдобриот доктор у Чаир. И знае што прави, цтг знае да се подобри а потоа пак да се успие. Не се сите цтг-а лоши, имам извадено некои подобри. Плус бебето има активност колку што е нормална дневно. Сигурно има причина за тоа што е толку поспано, ама верувам дека не е причина ГУБЕЊЕ НА БЕБЕ или итен царски.
Не се вознемирувај, ама ти ни кажа дека сите цтг-а се рамна линија, ние не може да знаеме ако ти не ни кажеш. Ако му веруваш на докторот ич не се замарај, не читај друго. Мојата логика и ете искуствата на другите викаат дека можеби треба друго цтг, можеби нив апаратите не им чинат, марка апарат или шодае, затоа да пробаш на друго место. Ако си сигурна дека е се безбедно немаш зошто да прашуваш. Но 39та недела е доволно да те породат, имај на ум.
Барај појаснување, барај да ти објаснат, зошто се лоши, да не примаш некоја терапија, притисок, тахикардија, смирување.... можеби од лековите е такво. Барај одговор од докторите. Ние не можеме да знаеме.
Смири се. Оди на уште едно цтг. Ако ти е мисла оди и во приватна на едно цтг да слушнеш второ мислење. Ми се случуваше и мене да имам успиено бебе, ама јас се на гладно одев. Како за беља тогаш и најуспиено беше, кога имам нормални активности боксораше, таму легната го нема да мрдне. До каде одите со тие приватните болници, кожа да ти се наежи. Прво, немаат сите пари за приватна. Некои не можат да земат кредит. Второ, нема само во приватни болници добри доктори. Некои на државно се подобри од 5 во приватните. Трето, и во приватни прават грешки. Четврто, сите во приватните биле доктори во државна. Така да реакцијата не е последица од приватна болница туку спремност на самиот доктор. Тој истиот и во Сомалија ке спаси живот. Не е фер ни хумано да сугерираш дека среќа што си одела во Ремедика. Тие што одат на државно без деца остануваат, според тебе.
Прочитав, сега брзо пиша дека си имала лошо искуство. Жал ми е. Тоа го трубам цело време. Кој има за приватна супер. Ама не е фер да правиш паника дека во државна ако отидеш ке те снајде се најлошо. Луѓе се и тие прават грешки. Не си прва со лошо искуство.
Јас сум сеуште во болницата, докторот не ме пушти, така да цело време правам цтг. Последното беше мислам ок, сега ќе правам пак па ќе видиме.
Јас можеби замарам ама се сомневам во некој од докторите па можеби ке си расчистам ситуација. Одам дента во Ремедика се супер на преглед (постелка на заден ѕид, ова не знам што значи?). За 6 дена ми се појавува светло кафеав исцедок, одам пак, ми кажуваат ниска постелка. Фала богу исцедок од тогаш немам. Претходно на прегледи кај матичниот никогаш ми нема кажано дека постелката ми е ниска. Инаку 17та недела сум. Можно ли е за толку брзо да се спушти постелката или некој нема нешто убаво видено?
Абе ти се читаш ли? Сега не плашиш нас што ќе се пораѓаме приватно со овие твои коментари. Дај те молам не пишувај за приватните ако немаш искуство од таму. И што ако биле истите доктори претходно во државна клиника?
Ти во првото мислење напиша дека од ко си примена сите ЦТГ се лоши. Не пиша ни дека скоро сите се, ни дека не е толку лошо ко што опиша рамна линија. Според твоето мислење ние ти кажавме што мислиме, сега неразумни излеговме. Слушај го докторот и тоа е тоа.
Дали ти препорачаа лежење? Ако не може станува збор за субјективно согледување за ниско поставена постелка (малку поспуштена) што некој не смета за потребно дека треба да се спомне од аспект на тоа дека не предизвикува проблем ниту има посебен третман.
Ај сите полека хаха. Никој никого да не плаши. Пишав СКОРО сите, не сите. Аман, прочитај пак. Не се исто.
Имаш право може и тоа да е. Инаку не ми препорачаа лажење, само да не кревам тешко и да не се премногу заморувам.