Еве овде викаш, откако ме примија сите се сеуште лоши. Мислам дека си била исплашена и затоа си реагирала така, ама ние на овој пост одговараме. Скоро сите викаш дури на постот со сликата од цтг.
Мислам дека е тоа . За многу спуштена мислам дека препорачуваат и лежење одреден период и тоа со дигната карлица за да се крене. Бар вака на една другарка и имаа препорачано, па откако се крена продолжи нормално да функционира.
Уживај опушти се, за кратко ќе се гушкаш со бебе. И мене ме примија во Чаир поради лошо цтг со првото и плус надминат термин. Ме следеа и план имаа сабајлето да ми стават провокација ама си добив јас уште вечерта сама болки. Родив доста големко бебе и затоа не беше активен баш, јас дури не го осеќав убаво последните денови и исто ме шетаа јади благо пиј кока кола врати се... ама тоа било така дека дечкото буцко немал место веќе внатре Патем кај мене не кажаа дека е 4кг, ниту дека е над 4кг, демек макс 3500 бил, утка малку Да не не ти го местат убаво долниот каиш? Два каиша ти ставаат?
Ајде сега смири се, пробај да одмориш, прашај докторите за ако пиеш нешто дали делува на бепче и ќе имаш повеќе одговори.
Мене уште ме интересира изјавата на членката дека да не отишла на цтг ќе немала бебе. Мислам @Калатеа беше. Колку е издржано ова од сабајле до вечер да останеш без бебе. Зашто јас кај што сум не се ни користи ЦТГ како метода и ваквата изјава ме вознемири многу, затоа прашав дали доктор кажал дека да не отишла ќе се десело нешто несакано или тоа така си го кажувате. Ако знае и друга членка нека ми објасни, стварно сум збунка.
Фала ти мила, многу ми значат зборовите. За моето рекоа 4кг е сега. Можно е да нема простор па затоа забушава. Мене една докторка ми спомна еднаш провокација а потоа кога се подобри цтг малку рече океј е. Па ме интересира беше ли отворена пред провокација да ти дадат? Оти јас не сум воопшто. Болно е со провокација кога не си воошто отворена и без болки без контракции ?
Едно глупо прашање. Дали би можела да го слушнам срцето на бебето со стетоскоп сама, во 5та 6та недела, откако ќе се појави срцева активност? 3, 2, 1... Смејте се сега
Прочитај го прво мсилењето на членката а потоа што сум објаснила. Според неа, да отишла на државно сега ке немала бебе. Среќа Ремедика инаку кој нема за приватно нека не се радува дека со бебе ке се врати дома. Тоа значи дека докторите со себе го носат знаењето. Пред се се луѓе кои грешат. Приватна болница не е гаранција дека се ке биде како што треба, па да правите гилт трип на секоја една трудница која оди на државно.
Не може да се слушне, и зашо да се смееме сите сме поставувале секакви прашања ич не се секирај за прашањата. Инаку кога треба да одиш на преглед? Уживкај си, гали мешенце
I don’t think so? Мислам дека малку покасно се слуша срцевата реакција. Јас 7 недела бев и неколку дена кога прв пат ја слушнав.
Твоето ќе си го слушаш кај артеријата на стомакот свекрва ми ми мереше притисок еднаш и вели чекај да слушнам бебето со слушалките, аха и велам повели слушај слободно
Ух, фала женски. Знаете го мислам само тоа па тоа. И му мерев притисок на маж ми и викам чек на стомакот да слушнам, па слушам на мојов, исто беше. На преглед сум во четврток нареден. А вака осеќам како притисок во матка, како тегнење некое. Градиве ме болат и чешаат ама изгледа од прогестеронот. @jelo @AngelOfArh
Не ми ни ставија провокација, до сабајлето си се породив Е со второто добив провокација на 2 прста отворена и веднаш добив јаки болки на 1м. Додека природно кога добив со првото беа прво на 4мин и беа поиздржливи. Но споредувајќи ги тие болки што беа на 1мин веќе, беа исти до некаде и со провокација и без. Е разликата е што со провокација дојдоа одма и одма јакички Само царски завршив со второто поради многу заматен водењак (се искака бебе во мене). Живи, здрави дечиња од 7г и 4г се сега Со лесно, како и да биде
Се тоа е нормално. Одмарај малку повеќе и пиј Магнезиум за матката, за болки и парацетамол, после веќе ретко ќе ги осеќаш тие болки.
Јас на почеток чувствував менструални болки, добро не толку јаки ама слични. Поминаа. Болки ми се чини имав до 12та недела. Се тоа е нормално на почеток. Уживај се ке биде добро.
Изгледа на грешен пост реплицираш. Јас сум 32ра недела, прва бременост и баш вакви муабети знаат да ме извадат и од памет и од такт. Колку и да сакаш да си смирен ти става некој болва и ај после. Затоа и барам да се објасни, кога веќе се констатира нешто такво.
И да успее да се слушне ќе биде доста брзо дека на бебињата во меше им чука 140+ срцето. И јас така мислев со првото дека сум го слушнала, ама после па ми текна дека доста брзо им чука, а тоа што слушав беше пулс до кај 100ка (мојот) Во странство гледам порачуваат и си го слушаат сами (има на Али патем вакво нешто ).