Исто 36+5 цела вечер не сум спиена. Болки во кичма, болки како за добивање ама штом не се на одреден временски период докторот ми рече да ги сметам за лажни. Се спрема телото...
Фала ти, ме смири малку ❤️ Ќе видам како ќе биде во текот на денот па ако нешто ми е симптоматично ќе појдам да ме видат за секој случај ☺️
Мајчина книшка јас немав ни со првото пред 5 години, а ниту некој некогаш за било што ми побара. Си имав папка со сите извештаи и испитувања што ги правев и со неа си шетав по прегледи и контроли.
Јас немам мајчина книшка , незнам ни што е тоа , ама никој не ми спомнал , ни матичен ни приватно каде што одам , инаку за притисок си мерам сама секој ден откако кај матичната ми го скратија животот со нивниот дигитален апарат , а за килажа прв пат ме измерија во 30та недела и тоа сама си регулирам по првиот скрининг на секој нареден преглед еднаш во месецот одам со крвна слика ,урино култура , и ддимери и хемостаза бидејки сум на клексани поради скратени времиња , ќе ти кажат докторите што и како да провериш кога скриен шеќер , кога брисеви ...си знаат они
Мајчина книшка издава матичниот гинеколог. Мене ми ја даде во 12 недела и од тогаш почна да ми мери притисок и килажа, претходно не. За првото малку покасно ми ја даде. @Yowannty ништо од болките, ама ми е страв на цтг да одам да не ме задржат порано, а дури вечер да не се породам, што би правела цело време во болница. Се си мислев ќе ме фатат посилни болки па директ за породување да одам, ама ништо од нив. Сепак ќе морам на цтг. За мрдање, бебка моја последниве 3 дена ептен е размрдана, како колук напред и назад да прави во стомак, како гимнастичарка е. Маж заврши со заварување , ваљда сега ќе може да се роди бебе .
Дали е нормално да не го осеќам секој ден бебче? Прв пат во 16 недела го осетив и баш убаво ми мрдаше, сега 2 дена го нема18 недела сум.
Воопшто не реагира? Нели е рано 16та недела? Јас прв пат го осетив 18-20 недела некаде. И тоа слабо се осеќаше. Ако си загрижена оди на едно ехо посети доктор.
Тоа во 16 може да биле црева. Премало е убаво да го осеќаш. Првите недели само кога лежев и не правев ништо го чувствував. Многу нежно како пеперутки.
Јас во 16 недела почуствував како нежен допир но еве сега 19 недела го чуствувам многу ретко само по еднаш во ден многу ретко двапати, бев на ехо бебето се превртува цело време мислам дека е уште рано да го чуствуваме често сеуште е многу малечко и нема сила
Добредојде со лесно Мајчина книшка ни со првото ни сега немам. Матичен гинеколог и тогаш и сега ниту еднаш не ми мерил притисок нит па ме ставил на вага а во првата бременост одев кај друг матичен сега одам кај друг. Можи многу згодна му се гледам
Сега веќе мајчини книшки нема мислам. Мене сестрата на матичниот ми има мерено неколку пати притисок и на вага сум се качувала, ама не секој месец. Секој месец само испитувам крвна слика и урина.
Како бе не ви мерат притисок, не ве мерат тежина, не праат кс... Не ми е јасно, како ќе знаат дали е се во ред. Јас имав мајчина со првото, сега на еден лист запишува и мислам дека сега на прв скрининг ќе ми даде и мајчина. Ми се најде ептен на породување, ништо не ме прашаа, се си видоа, и многу го исфалија докторот дека уредно водена бременост. Имаше се запишано, од а до ш, цела бременост.
Мене притисок само еднаш ми мереа за килажа јас си се мерам и кажам колку сум а мајчина книшка ми отворија во 17 недела и ми ги внесоа сите резултати од претходно микрониолошки, урна, уринокултура колку е големо бебето крвна слика секој месец
Нема веќе мајчина книга, сега е електронски. Иначе и мојот матичен не е ажурен, еднаш ми измери притисок и тежина и толку. Крвна слика ај правам ама ни за ддимер ме прати ни за скриен шеќер. На ехо од фебруари ме нема видено а скоро сум 38ма недела. Само упати ми дава и ај со здравје
Тамам на варосано бебе да дојде, остај ти тоа си знаат тие. Ја да пријавам апдејт. Цтг покажува контракции на околу 15 мин. Праев пола саат, па сестрата ми рече уште пола саат да следиме. Среќа рече да следиме да можам да напраам разлика што се контракции од све доле што ме боли. Да не речеше дека имам контракции немаше да знам. Сеа не знам што значи ова, морам да чекам да се видам со доктор. А доктор не се знае кога ќе се симне долу. Ќе си окапам уште саат време најмалце. Шубаво никој немаше по сабајле, ама сеа има и гужвичка…
Остај ти притисок се осеќа. Јас отидов на рандом преглед и ми измерија 150/90, ништо не осеќав, мерев 1 недела со запишување колку сум измерила да видат дали е момент само или се качува. Јас сум со хроничен низок, сега моментално ми е 90/60, не знам да распознаам висок притисок.