И јас овде имам мајчина книшка и секаде ја носам, па дури ако имам потреба и на општ матичен. Без нејзе не одам на преглед, се уредно таму си е запишано и доктор си се раководи од нејзе. Штета што немам од првото, односно имав, ама колку е користена, не знам. Ќе ми беше еве олеснување и мене и на докторот ако споредувавме како напредува со тежина првото дете и сега ова. Притисок мерат, тежина да.
Има мајчина и сега, мене се ми запишува внатре. На една страна ехо прегледите, на друга страна резултати од крв, притисокот и килажата. Е сега нигде не ми ја бараат ама битно има
Така треба, да се има мајчина книшка за добра евиденвија за тоа како се одвивала бременоста. За кога ќе отидеш и на друг доктор да има твоја историја...
Исто неам мајчина книшка. Почнав бременост кај еден, продолжив кај друг гинеколог. Никој не ми ни спомна за тоа. Папка имам и со тоа идам секаде. Туку искуства со стерилизаторов? Гледам баш е голем. https://www.lococroco.com/nip-стерилизатор-подарок-2-шишиња
Јас имам мајчина книшка, матичната ми отвори после првиот преглед кога слушнавме срце, во неа стојат и сите брисеви и крвна група, ептен е детална се запишува од а до ш, ако прегледот трае 1 час таа половина час запишува во картонот и мајчина книшка. Мерење килажа и притисок пред секој преглед задолжително. Крвна слика и мокрача правам секој месец а уринокултура преку еден месец. Матичната кажува на свадба без поклон и на преглед без крвна слика не се оди Јас мислам дека каде и да се оди на пораѓај дали во приватна или државна бараат мајчина книшка, брисеви и крвна група. Баш знае дека ќе одам на пораѓај во Плодност и самата ме спрема да не плаќам дупли испитувања таму за пораѓај.
Во мојата фамилија сите имале млеко и доеле, сега за сега градиве бележат огромни промени. Верувам дека и кај мене нема да има проблем. Прашањето ми е, дали треба да купувам шишиња па и стерилизатор уште од сега, или прво да се уверам дека бебето нема да цица или ќе немам млеко. Не ми е за парите, туку за трупање непотребни работи. А башка што појма неам какво шише да земам. Едно, две, три, колку се доволни, која фирма, итн.
Од сабајле пак драма кај мене, имаме папагал дома, син ми го пушти да лета низ соба тој да земе да ме се покака во кафе, си пијам јас кафе кога погледнав на крај во талогот измет од папагал, мислам дека ми се стемни, отидов исповратив ама таков паничен напад доживеав неможам да ви опишам, што ако му се случу на бебето нешто. Се јавив на општиот матичен ми рече штом сум повратила не е страшно, да испијам ланзул за желудник и пробиотик. Ми рече дека штом е домашен папагал сигурно не е страшно не е болен да не се секирам. Јас мир немам им дадов рок до вечер да го однесат папагалот некаде кај бабите да не го видам или ке го пуштам надвор, нормално плачки од син ми колку сакаш. Незнам дали сум јас луда, дали е ова смешно ама мене ми се плаче ако верувате. Сега и стомак ме боли што повратив цел ми е стегнат, ги избркав сите од дома и си легнав да пробам да се смирам. Ланзул незнам дали да се напијам, имам ама некакл незнам дали е дозволен, матичната општа рече може, тој само го обложувал желудникот не би требало да е штетен ми рече. Неможам више да повраќам страв ми е да не направам контракции.
Немаш потреба од Ланзул, доволно е јаглен, пробиотик. Нема што да направи ланзулот во овој случај, а јас не би пиела и давала на трудници Ланзул, Нолпаза и сл. Не верувам дека е нешто страшно, немај гајле[/QUOTE]
Мн ми е страв, еден куп болести можат да пренесат папагали, сега читам на гугл, инкубација од заразување 10 дена, таман да шизнам скроз. Да се нема мир значи.
Изгледа и јас па често ми спомнува како сум немала вишок кг како други трудници Инаку ни јас немам мајчина книшка и сега се електронски мислам дека оди. Имам папка каде што ги чувам сите резултати и еха.
Има има, и мене знаел да ми отиде до 150 од паника. Кога мерам сама ми беше до 130, вака друг да мери веднаш имам тахикардија. И општо пред прегледи имам трема и паника и качувам а не го осеќам.
Немаш потреба од ништо да купуваш ако доиш. Секако едно шишенце за чајче кое ќе ти треба против грчеви. Стерилизатор е само фрлено пари по мене. Ако сакаш и машина за садови ги стерилизира. И јас бев минатиот пат залетана ко тебе и среќа не најдов таков комплет со стерилозатор со шишиња и други чуда ко што сакав. Кај беше изгор скап на крај испадна дека ми требаше само 1 шишенце ( а купив 3 ), купив 2 лажливки цуцли не ми ги фати, ама затоа од 4 месеци почна да пие од чаша со клунче и цицаше до 13 месеци. Најдобронамерно чекај нек се роди и види како ќе имаш потреба. До тогаш 1 шишенце. Е сега мене ми ги фалеа филипс на авент, а гледам и тука повеќето ги зимаат
Женски од вчера чувствувам како често кркорење на цревата, ама незнам дали се црева, гасови или бебето е? А чувствувам и некоја нелагода, тежина, а не е болка. Ама чувството е баш често. И ова е претежно кога легам. Кога сум раздвижена не толку. Инаку 17та недела сум.
Аман бе, може ли стварно се исто да ни е?! Само што мене контракциите ми се на пократки интервали. Исто гледав на цтг кога одеа контракциите од 50 нагоре за да видам кои се тие болки, затоа што баш баш болка не чувствувам, туку повеќе како стврднување на стомак и минимално болки во половина. Исто и чекав цел саат додека дојде докторката да го види цтг и си добив и преглед со рака . Ме болеше многу повеќе и од пораѓајот со првото . Како капак на се, попладне пак да одам, поради болките кои ги покажува на цтг, па може и ќе ме задржат . А зошто регуларно да не си чекам дома, него пак да се малтретирам до болница, па и за секој случај да останам таму . Ич неќам безвезе да дремам. И баш ме изнасмеа. Не варосува дома, туку заварува железни цевки во двор за гаража. да варосуваше можеби и помалку ќе ме нервираше, барем ќе знаев дека ми е се чисто дома.
Се даде син на мајка убав? Тетка знаеше кога мекиците да ги стутка, ами како. Ајде Хелоу до вечер и таман.