Нема пишано од прееска. Има контракции на 15 мин. Рано да не и е си велам. Од 15 додека дојде до 1 минута .....
Ништо од контракциите ме пратија дома. Се е ок, вода има доволно, протоци добри, бебе наместено со глава. Беснее внатре. Ама не се дава. Што инати од деца ќе беа. Маж ми е крив. Не ми се верува ќе ја отворам и 41ва.
Ајдеееееее ја едно читам, друго разбирам, трето пишувам. Мозоков више не ми е да се потпрам на него. Ја топка тебе ти префрлам, олеснувај се и влечи натаму. Кај мене нема промени.
За во плодност треба и хепатит б и ц и хив ,со упат од матичен се бесплатни ,баш и јас за таму се спремам ,ако не знаеш да си ги направиш да не ги плаќаш таму .
Ок, нормален. Дишете? Не ви е жешко? Едвај мрдам, исчистив на рати, сега легнав ама морам да станам да ракотворби прозори. Го спукав господин маж и му реков да не ми зуцнал дур не се стемни, многу ми се спојуваат жички оваа бременост. Којзнае што аждаја ќе родам!
Денес сум ужас колку ми е мачно тоа е неподносливо. Би плачела до задутре жими се. Многу лоша мајка сум кон ќерче
Ужас цел ден ми е ужас од сабајле некако сум ups & downs целата. Маж ми си побегна у друга соба пустиот и само ми вика да се опуштам ќ. Мислам дека времево влијае топло е и спарно
Мене ноќе ми е потешко. Го замрзнав мм со климата цела ноќ. Бебето ко на струја е навечер, никако не ме остава да лежам ако има ваков биоритам ко ќе се роди, тешко мене, ќе ми наплати за првото што спиеше.
Мојов па не дава клима да се пушти, а ја течам од сите страни. Не јаде ништо од надвор, сака манџа а дома топло не се пушта шпорет. Направив денес една манџа, да не ги чујам за поише, неќам да видам тенџере следните 3 дена.
Матичната ми напомена дека ги барале сите 6 брисеви за таму тие, ги направив предходниот месец, сега следен преглед треба да ми ги захефта во мајчината книшка а мислам и хепатит б и ц и хив спаѓаат во нив. Ќе прашам за секој случај фала ти
Јас ко се пораѓав таму ми ги побараа последните брисеви, иако бев царски, ама имав и од цервикс еден. Тој за стрептокока е најбитен за на пораѓај. И покрај Хив и хепатитите обавезно картонче од трансфузиологија со крвна група.
Значи посовреме да одам да извадам и за крвна група, а она од книшката здравствена не го рачунаат? Имам назад печат за крвна група.
Да прашаш на шалтер или докторот што ќе те пораѓа, мене тогаш картонче ми побараа. Би требало и од книшка да важи, исто е штом има печат. Инаку наплаќаат плус ако проверат таму пред пораѓај.