Ако не дава клима, нека оди надвор нека си седи на пеколов. Синко денес стана во 7:30 (ова како по обичај, да не мислите не изненадил). Татко му со сјајна идеа не спакува и во кола на Водно. По пат си купивме од Св. Никола ѓевречиња, симит и јогурт и горе на ладовина. Утепавме 4 саати во сенките. И дете наиграно и ние искулирани. На враќање да не се помачиме во кујна, си земавме рибља чорба и тврдо макало од лук од Дукат, се најадовме и можете да замислите. Сите тројца на спална сме се онесвестиле од лукчето. Е сега седам и пијам газирана вода. После пладне, кога ќе ми отече стомакот само тоа ми олеснува по малку. Туку кажувајте да не не чини да се пие многу газирана вода, зошто само за тоа ме фаќа стрв. Добро и овошје и зеленчук за среќа ми бара душичката. @fana и јас почнав да се осеќам како лоша мајка во последно. Дали од целиот притисок од постапката и од бременоста или он е влезен во некоја фаза кај што покажува сила, ама секој втор ден сме скарани. Порано полесно се разбирав со него, сега потешко ми оди. А не сакам да му попуштам за работи за кои сум градела принципи. И така ќе си поплачам од време на време од мака и ќе ми помине.
Па зар нема забрана за Водно? Односно знам дека има, ме извести другарка што работи во Мин. за шумарство. Сте имале среќа. И синко е во фаза лошотија, се караме, се казнуваме и тоа е. И мене кисела вода ми помага ептен. Иначе како ќе ми отече стомакот и после ништо во уста не ми се става од што ми е мака а почнувам глад да осеќам и нит сум да јадам нит сум да не јадам.
Ја тргнаа. Пу пу не важи за Водно и парк шума Гази Баба, па дури и за Маврово и Шапка ако не се лажам повлекоа. Инаку тешко нас ќе беше, зошто си имаме навика да си одиме викенди така, особено сега на жешково.
Ви благодарам на сите за појаснувањата за матична книшка. Значи кај секој е различно јас сепак ќе прашам кога ќе одам по боледувањето. Јас сум луѓе порој буквално со клима се бањам и млака вода се гушам во купатилото па вратата ми е отворена и така функционирам. Се разбира кога сум сама без свекрва ми Многу ми е жешко загушно како некој топлотни бранови да чувствувам лицето ми се вцрвува и како фен на 3ка да ме мава директ И косата ми смета многу сакам да ја ишишам најкратко што може и ланче извадив да не го сокинам во нервоза од бришењево порој. Само со клима е океј а сметката за струја ќе биде... Други симптоми немам освен гадење ама издржливо е. И чат пат по некоја солза хормони на нивоу Матичниот на сето ова ми вика епа друго стање џабе не рекле.
Јас ќе умрам со оваа мака со јадење. Прееска надуван стомакот тапан, а поминато поише од 6ч од јадење, земав само патлиџан со сирење јадев и излегов да прошетам, кај комшика отидов кисела вода пиев и дојдов на ред. Нема тоа е, кисела вода ќе се товам, од тоа ми е полесно. Смрт ми е витамини кога треба да пијам, дека Брусницата ми бара поише вода и едвај ја голтам, после цела вечер фонтана сум. Ама еве од киселата му е супер, ко да ми издиша желудникот. Газирана не газирана ќе ја пијам, не е шеќери и газирана бар, само вода е. И тоа има една во КАМ мали шишенца со вкусови, таа ќе ја земам.
Се изналежав неколку саати. Поарно ми е така отколку да се шетам некаде. Претпладнето излеговме со кола, ѓомити да мрднам од дома. За нецел сат си се вративме, не поднесувам жештина а и не сакам да се изморувам. Сега жештини ме фатија наеднаш. Уф мислев кожава да ја слечам. Како е можно од убо седење да те фати с'клет?? Ме пецка "долнава" бе како да ме боцка на месото, а ко ќе мочам арна ми е. Само ми е страв од некое бактерииште или кандида. Пијам јогурт пред спиење, пијам брусница ваљда има ефект.
Апдејт и од мене. Бев на цтг, болките кои ги имаше одсабајле сега ги нема, ама вагиналниот преглед вика дека сум 3 цм отворена . Вечер пак да одам треба и сигурно ќе ме остават. Болки сеуште немам некои, онака лежерно, средив се што требаше по дома, избањав дете, спремив се што требаше и сега да се туширам и ќе одам во болница. Мислам дека тоа е тоа. Ќерка ќе се роди во недела исто како и синче и исто ќе е роден 40+5
Имате болки во нозете? Деновиве кога пешачам имам болка во левава нога која ми почнува позади горе меѓу кичмата и задникот и се движи до бутката позади. Ми изгледа како за жилата да се работи, го прашав матичниот ми вика од тежината ти е. 33+6 сум. Ме нервира кога пешачам не можам на раат да се движам
Епа да и кажеш на ќерка дека утре место мекици фокача за неа ќе има, не моем да пржам пак на жешково Не болки ама осеќам дека ако подолго се во една положба ми утрнуваат. Која смотаница сум. Си стаив сок за да испијам брусницата, ми смрди со вода, и го испив а не се напив ништо, сега се налевам вода што за брусницата што за витамините...
Ќе ме задржат Контракции кои одат до 99 и се ептен чести . Ќе видиме фамозниот преглед со рака што ќе каже