Мешиња 33+2 сум. Стомаков цел ден го осеќам оптегнат ко балон надуен, а бебушка нека е жива и здрава ама ко да е у струја вклучена. Дури некако како оптегнатост осеќам и кај препони. Пиев магнезиум со б6 ама абер нема да ме олабави. Малце е рано да излага ова. Дали на некоја и се случило нешто слично? Инаку жешково ме уби, ова незнам како ќе се издржи
И мене ми е исто 30+3 сум. Стомакот тапан, а денес имам и бодежи во срамна коска. Ми магнезиум помага, ни ништо.
Апдејт и од мене, ме пуштија попладне, од вчера наваму сите цтг-а ми се добри. Утре од сабајле сум пак на цтг и понеделник исто цтг и преглед кај докторот. Понеделник ми е терминот, па ќе видиме што ќе биде.
Ама тоа не е за излегување срц. Не се плаши лажни контракции се тоа. Затегаат ептен сега почести ќе се како одиш кон термин. Нормално е.
Ќе си седи, кај ќе оди, рано е и ова сегде мава, долги се веќе ко ќе се истегнат стигаат сегде @hello-kitty.90 со лесно, побрзо убави вести да читаме
Не знам за вас ама јас денес едвај функционирав.. Многу ми е топло, ме маваат некои жештини во глава шо да ви кажам... Пуштам клима па почнува глава да ме боли, навечер не се спие, ни со клима ни без клима... Папокот го осеќам ми се растегнува и така језиво ми е а сум тек 25 недела... И така да си се пожалам...
Денес колективно сме за у три лепе. За никаде па ни за таму не сме. Уште со бубашвабите у вц што не се скарав, нив додуша со папучар им улетувам.
Јас седам и се потам. И се чудам од каде толку доаѓа оваа пот, за личност што никад во живот се нема испотено. Само се туширам, џабе.
Само што сакав исто да кажам како @AngelOfArh , денес изгледа сите сме отидени, а тек иде топло, потопло, најтапло!
И кај нас е убаво цел ден е облачно некаде врне а кај нас убав ветер без дожд... Некако немам осетено жешко жешко како претходните години мож до хормоните да е кај мене обратно хахаха