Јас вчера бев на преглед поради тие бодежи испадна дека имам цистит и дека кога мава бебчето осеќам од циститот болка како бодеж, сега треба цефалексин да пијам најмн филмови ме маваја да не ми е скратен цервикс а испадна поголем од минатиот пат кога го мереа А за жешково се трпи уште, јас повеќе сакам жешко од ладно ама да не претера па 40 степени да дојде
Остај далеку па и најголеми жештини се тогаш крај јули почеток август а мене баш тогаш ми е терминот За второ дете здравје ќе темпирам за во април, мај да се роди
Мене пак се ме чеша.. Бидејќи сум цела со стрии, стомакот и нозете се хаос. На стомакот ко рани ги осеќам ептен се длабоки стриите. Не можам да престанам да се чешам, не знам што да мачкам..
ноември е крив за се ! Сеа треба у август да раѓам У темата термини најмногу летни бебиња излегоа, и тоа најмногу у август
Во ноември го родив синко, а ја направивме ќерка ми Јас сум во јули родена, и татко ми за поклон на мама и купил вентилатор Кога велеше дека во пекол ме раѓала, не ја сфаќав. Близнаците пак, ги раѓаше во септември . И тогаш не ја сфаќав Ама сега и те како ја сфаќам. Јас сум летно дете, јас не знаев што е да се потеш, ама сега се будам со мокра маица. Како капак ми се расипа климата, а сум на 4 спрат. И така сум како потиштена, вака како накиснат чорап сум.
Хахаха со лесно Првото ми е родено крај на септември, а таа година летото беше до ноември. Го јадев еднаш, сега сум понављач
Ќе ги напишам овие што ги правев на почеток мислам дека се истите, доколку знае некоја членка нека ме поправи ако грешам. Брис од вагина за кандида и брис од цервикс за кандида, брис за listeria monocytogenes, брис за mucoplasma и ureaplasma, брис за streptococcus agalactiae и Chlamydia Хив и хепатитите гледам сум ги направила во 12та недела се надевам не треба и сега важат истите. Крвна група имам и како крводарител и од возачка но матичната ми кажа дека барале на лист од трансфузиологија па бев да ме боцнат уште во 9-10та недела и тоа ми е во мајчина.
@Erika.greeneyes @fana Ама убаво ни беше за нова година да се радуваме со 2 цртки, епа ни беше. Сега ќе си го јадеме стапот и ќе си се жалиме тука
Туку пробувам да не паничам, да не мислам, ама од вчера сум ептен испаничена. Знаете зошто? Оти овде треба стварно нешто да не е е во ред, за да ти кажат и те следат. Знам дека може и да грешат на ехо, ама не ми е сеедно. Нема качено ни грам бебето цела недела. Толку беше и минатиот петок. Како капак јадам на сила. Уста не ми се отвара. Две недели ќе се шекнам мислам.
Протоци во ред, лакуни нема, постелката е во ред, е димери не. Се е нормално од ова. Освен димери. Ај ќе проверам, има приватно, ама како да се правам сам доктор? А помислив, ама ако се покачени, ваљда лакуни ќе има.
Јас од никад не сум сакала зимско дете, ама нели што не сакаш... Ама ни е разигран форумот вечерва, насекаде се галами. А второ мислење? Напрај уште едно ехо на друго место. Синко беше измерен во петокот 3100, роден во понеделник 2500, утка неверојатна. Смени ехо за да видиш може имаат некоја утка. Знам дека си во добри раце и имаш доверба, на крај краеви и да се роди сега медицината е толку напредна и има толку многу шанси што знаеш дека ќе биде добра. Денес се мажи едно девојче родено 900гр пред 24г, така да биди смирена за да и она биде добро