Јас немам лакуни, протоци во ред, килажа на бебе во ред а димери високи примам клексани, од времињата пак само тромбинско скратено, провери си ги мила да си бидеш спокојна
Ангел, ме води најдобариот доктор овде. Одат кај него приватно. Треба кај него да одам. Некни ме гледаа на друго ехо, дтоа на одделението што е, и тоа друг доктор, вчера на друго, подобро 3 д мислам беше. На две различни еха е сличен резултатот.
Зборни му за димери, објасни му дека со првото во мк се прават... битни се ддимерите во бременост, многу битни.
Јас сношти се вртам ко морж низ кревет и му велам на мм за трето дете ќе темпираме во зима да сум трудна. Кога ми фрли еден поглед, го запрепастив И мене првото ми е ноември, а ова крај на ноември направено. @JuLleE јас ко му побарав на матичниот димери да испитам, ми рече добри се протоците и плацентата, ако беа високи ќе беше намален протокот. Ама не знам ете имало и такви случаи. Ти испита еднаш ако не се лажам, во ред беа. Ама нека проверат штом се друго е во ред, нема друго што да е. Освен на претходниот преглед да не биле точни мерките. А освен килажата, мерките на органите како се? Одговараат за неделата?
Спомнав, кажа дека овде се прават по индикација и ако имаш тромбоза. Нормално е да се покачени. Има приватно, само гледам модрици да немам. Ќе проверам ако не во понеделник. Чисто да се смирам малку.
Проверив крај на 6 ти месец, беа 400, нормални скроз. Не одговара на неделите. Јас сум 34 веќе, а оно одговара на 31-32 недела. И глава и стомак.
Ако си во можност провери д димери и хемостаза. Нормално е да се покачени ама има граница до која треба да се. Јас од 24та почнав да ги проверувам и од тогаш ги проверувам секој месец. Пошто како минуваат неделите тие знаат да се покачат а времињата да се скратат. Овде ништо не те чини да ги провериш само упат од матичен ти треба, барем мирна да ти биде главата.
На овој преглед. Види колку што паметам цело време е на пример 1 недела назад, ако јас сум 29 оно е 28 и тоа си беше во ред. Тежината отприлика одговараше на недели. Ама на овој преглед ептен има разлика.
На ова жешко уште чешање, јака ти душа... Би ти препорачала масла,креми ама тие се за пред да испукаш , вака шо ефект.. За чешање пишуваа пред некое време, ако го знае некој лекот нека сподели
Оффф... Навистина чудно. Ако се е елиминирано, само уште димерите остануваат да "зезнат". Друго не ми паѓа на памет мене како лаик
@Erika.greeneyes ама не е тука Јуле. Не проверуваат сегде. А еве и кај нас не даваат сите матични, јас 3 пати имам побарано ми вели нема потреба. Бев и кај општата матична, не можела да ми даде упат. Ќе проверував на приватно, 2000 е, ама кој ќе ми даде терапија ако треба и кај ќе однесам резултати.
Да знам дека не е овде. Погрешно се изразив, сакав да кажам за себе мирна да ми биде главата. Не знам зошто не ти дава матичниот. Еве и мојот лично е против многу прегледи и непотребно апчиња пиење како некои што даваат за секој случај. Ама еве за д димерите ми рече секој месец ќе ме потсетуваш да ти дадам упат пошто тебе ти се во ред ама тие можат да се покачат времињата да се скратат. И од тогаш ги проверувам баш пред некој ден проверив супер ми беа 1300 .
Па тоа ми е, ајде ќе проверам, 18 евра се димери, плус има уште две испитувања што спаѓаар во пакетот, по 3 евра. Ќе дадам 24 евра, не е проблем, ама еве покачени се, кој ќе ми даде терапија? Ми закажа преглед за две недели да види како ќе се развива бебе. На пример покачени се, што може да ми се случи за 2 недели?
Терапијата нема врска, матичниот ќе ги види резултатите, и можи да те упати на болница за да ти дадат извештај, ако сакаш да рефундираш. Инаку можеш да си ги купиш и така, буквално на приватно. Не мора да ти е резултатот од трансфузија.
Зезнато џулс. Нема таму приватно ко кај нас систина? Оти пример може може тие да ти дадат ама ќе немаш рефундација.
Тоа се глеа кој ги сфатил предновогодишните празници сериозно Јас мислам немаш простор за грижи. Ако имало нешто, докторот ќе те алармирал да се испита нешто дополнително. Бебињата не се развиваат еднакво за неделите, по некој ден да отидеш ќе има разлика. Има на Нетфликс многу добра серија, документарец е, Бејбис се вика и го следи развојот на бебињата од раѓање до тодлери. И нели на почеток ги носиме секој месец на контрола, висина тежина, е тука ги мерат секој ден и заклучокот е дека растат само неколку денови во месецот. Може цел месец да не стават цм, и да накачат после 2 дена од контролата 3-4 цм наеднаш, а ти ќе се загрижиш оти не напреднало тој месец. Плус ист доктор двапати да мери па го мери различно. Ако имало нешто за загрижување сигурно немало така да те остават. Веројатно се работи за доцна овулација и се е во ред.
Знам за терапијата, ама тој не ме пушта воопшто да испитам, испитувањето ќе е на моја рака и после со резултати од приватна ординација треба кај него да одам, нема смисла. Освен кај докторката што ќе ме пораѓа, еднаш ги испитав на почеток така сама, ни тогаш не ми даваше упат и беа во ред. Ме гледаше дали имам отоци, а немам воопшто, гледаше плацента, доплер, протоци и секој пат исто ми вели, нема потреба. Ќе видам понеделник на преглед, ќе прашам пак ако не на приватно ќе испитам и ќе ја барам докторката.
Не може толку прецизно на ехо да го измерат, мене матичниот и у систина различни вредности ми кажуваат, така да не е ништо страшно. Д димерите не ти играат никаква улога ако протоците ти се во ред. Даваат терапија доколку и д димери и протоци се покачени/отежнати.
Бесплатна е терапијата, не ја плаќаш, ама не може да ја добиеш без рецепт. Приватно има и докторот кој ме води. Ако идам било каде ќе ме има во компјутерот, а он треба да ме пораѓа. Буквално е борба да дојдеш до него и сите го бараат за консултации и прегледи. Значи не ми е проблем пари, приватни прегледи. Кај нас никаде нема во евиденција ако одеш на приватен. Овде има. И сега не сакам да го навредам докторот. Инаку отоци немам некои големи. Ако на пример шетам дента, да ќе отечам, вака скроз нормално за 8 ми месец. Докторот мисли дека е генетски оти искоментира дека и првото дете е со мала родилна тежина.