Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.758
    Пол:
    Женски
    Да, кај нас три недели разлика би направиле паника кај докторите. Секаде се збори дека 2 недели се толерира ама 3 е веќе многу.
    Ама многу е битно за две недели дале ке порасне од денешното мерење.

    @Presrekna мислам дека имаше сличен случај, последните недели не растеше малечката и ја породија. Ама беше 36+. Нека каже ако се вклучува.
     
    На mal.ecka, Rtulka, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.758
    Пол:
    Женски
    Што ме нервираат такви доктори. Имаме здравство кое овозможува прегледи кои може секоја да си ги дозволи. Што е тешко да дадеш упат да се провери трудницата? Ке види дека е се во ред и сите среќни.
    Јас не бев за терапија ама ги следев секој месец.
     
    На Rtulka, oblace1, kristina.k и 2 други им се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.266
    Допаѓања:
    118.959
    Пол:
    Женски
    Кај мене на почетокот и за две недели имаше блага паника :)
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.134
    Пол:
    Женски
    Мене ми се покачени димерите и скратени времињата, Јани - што тука важи за најдобар на трансфузиологија не ми даде клексани.
    Ми кажа да следиме протоци и контроли на 1 месец.
    Така да ништо нема да ти се случи за кратко време, тоа сакам да ти кажам не да те исплашам.
    И да ти се покачени димерите сама ке одлучиш да примаш клексани, не.
    Јас почнав да примам во договор со гинекологот, не поради покачените димери и скратени времиња.
    Ако ти е докторот ок, слушај го него.
     
    На Rtulka, Eli23, kristina.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.462
    Две недели е. На пример главата одговара за 31 плус 4 дена, а јас 33 плус 6. Така некако.
    Он за тежината искоментира, плус ми го гледаше и стомакот.

    Ќе видеме за две недели како ќе е, треба да сум 36 плус веќе.
    Значи ако не напредува, ќе ме порпдат така? Нема да чекаат да качи на тежина?
     
    На mal.ecka, Rtulka и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.462
    Нема да ми се откачи тромб нели? :bandit:
     
    На mal.ecka и Doktor F им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.462
    И што се случи потоа?
     
  8. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.134
    Пол:
    Женски
    Не и не мисли такви работи.
    Знам дека е лесно да се каже, исти сме сите, паничиме, ама ништо не се случува така одеднаш..
     
    На mal.ecka и JuLleE им се допаѓа ова.
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.266
    Допаѓања:
    118.959
    Пол:
    Женски
    Си растеше. Сега на циклусот ми одговара.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.392
    Пол:
    Женски
    Јуле не ми изгледа ко нешто за загрижување право да ти кажам.
    Протоците и постелката се битни да се добри.
    А ти викаш цело време си една недела назад, значи не е толку многу загрижувачки ова.
    Ако заостанува дефинитивно и на следниот преглед, најчесто носат одлука за породување, ама протоци, лакуни, притисок висок, значи со некоја причина што заостанува, а ако не се загрижил докторот пошто све ова е во ред кај тебе, не се загрижувај ни ти.
    Испитај се што мислиш и побарај второ мислење ако сакаш, ама без паники, не ми изгледа толку алармантно, го зедовте ли во предвид и фактот дека се греши на ехото со мерките?
    Се прават утки до 300-400 грама.
     
    На mal.ecka, Rtulka, Doktor F и 2 други им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.758
    Пол:
    Женски
    Лошо сум разбрала нешто. Извини. 2 недели се секаде океј. Ако си расте од преглед до преглед тогаш се си е океј. Спиј мирно. :hug:
     
    На Rtulka, Doktor F и JuLleE им се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    И мене ми е од ова најмногу страв :sweat:
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ^Jasmine^

    ^Jasmine^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Јас после Короната нон стоп сум со покачени снижени димери, и одвреме навреме примав клексани. А исто, наод на се' друго, машала, одличен, матичниот дури вика ти немаш мака со димерите, а знаат да се качат многу. Јас би ти рекла искрено и да ги прежалиш парите, или прашај на трансфузија дали земаат без упат.
    Мене на три места различни вредности ми кажаа како толеранција за одредена гестациска недела. Го прашав матичниот дали да проверам и сега, ми вели, ако сакаш ти, а некако ми се смачи да одам за крв, и уште во дума сум дали сепак да ги проверам дека веќе пред породување.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.462
    Кажа се е во ред тоа, убаво ми нагласи. Требаше да ми закаже пораѓај, ама ми кажа прво да ме види пак на ехо, да виде дали ќе напредува бебето, па потоа ќе каже за пораѓај кога.
    Ме праша дали е активно бебето. Реков многу.

    Немам притисок, низок ми е дури.
    Јас се плашам тромб да не ми се откачи.
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Денес никако да пишам.
    33+4 сум, не сопре бебево денеод преместување, клоцање, преку 20 клоци имаше, почнав да следам на апликација.
    Мислам, а клоцне, добивам контракции на матката.
    Не вистински, не болни, туку само се грчи матката цело време.
    До сеа ноќе ми клоцаше, дење ми спиеше, па ми дојде чудно.
     
    На pikachu2, Coco31, Yowannty и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.564
    Допаѓања:
    8.566
    Пол:
    Женски
    Мене синоќа не ме остави да спијам. :( Кај 1 легнав до 4 и нешто не престана да мрда да удира клоци салта и све остало и тоа се кај левата страна. После тоа некако сум успеала да заспијам.

    Веќе и дишењево ми е тешко како да не можам воздух да земам. Стомаков и градиве составени ми се више.
     
    На Sweetheart87, V.N., Rtulka и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Joraa

    Joraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2021
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    1.015
    Пол:
    Женски
    Devojki proven probiotics da ne znajt nekoja kaj imat? Sekde gi baram nemat nikde, ovie na slika se
     

    Прикачени фајлови:

    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  18. barba12

    barba12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    I jas sum ista sama 120 so 80 a
    Proven samo vo zegin
     
  19. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.830
    Пол:
    Женски
    Во истата држава сме со @JuLleE, па ќе го напишам своето искуство. Апсолутно на никакви додатни испитувања овде не те испраќаат доколку сметаат дека нема потреба, но ако се и од најмало нешто алармирани, испраќаат на секакви можни испитувања и контроли, даваат терапија, те хоспитализираат, строги се во однос на следење на препораки, така што од аспект на грижа кога е навистина потребна, нема збор.

    Јас лично сум со вродена тромбофилија, силно изразена фамилијарна историја на кардиоваскуларни болести и дијабетес од страната на двајцата родители, лична историја од неколку ин витра, биохемиски бремености и спонтан абортус во прв триместар. Од Јани кај нас на Трансфузиологија ми е препишана терапија од 2 клексана на ден, д-димери и хемостаза досега во граници во граници на нормала, последното испитување направено на Клиника кај нас само АПТТ на долна граница, д-димери до сега нормални, на ехо никакви индикација до сега за никаков проблем фала му на бога. Терапијата почнав да ја примам пред ембриотрансфер и ја примам без престан 6 месеци.

    Докторката што овде ме води и една од најдобрите гинеколози-породничари во државата, професорка на медицински факултет на клинички центар на главниот град, кога барав да ја сменам тогашната докторка, се ослободи место, па имав среќа да завршам кај оваа кај што сум сега. На почеток го почитуваше извештајот од Јани и без проблем ми препишуваше клексани секое идење на преглед (овде клексан, како и секоја друга медицинска терапија паѓа целосно на трошок на фондот за здравство, не се партиципира ниту со цент). После некое време докторкава сакаше да чуе и друго мислење од овдешен лекар за мојата состојба и терапија и ме испрати на преглед кај најдобриот доктор за жилни болести на клиника овде што работи со трудници, секоја трудница за која има сомнеж за ваква дијагноза, гинеколозите ја испраќаат кај него.

    Докторов специјалист го виде извештајот од мутации, запиша анамнеза и БЕЗ НИТУ ДА СПОМНЕ да проверам д-димери и хемостаза одлучи терапијата да ми ја прекине со образложение дека тромбофилии во Европа не се лечат и дека хепарин и слични антикоагуланти се примаат само во Македонија, Србија, Косово и слични држави. Дека треба да постои сериозна индикација да боцкам клексан, а не само мутации за тромбофилии. Јани на еден преглед во рана бременост кога кажав каде живеам ми рече, знам дека тамошните доктори оваа терапија нема да сакаат да ти ја дадат, ама тоа што не можат да го разберат е дека такви тромбофилии таму немаат, не во смисла дека тамошните луѓе немаат мутации, мутации на гени имаме буквално сите, имале и нашите мајки и нашите баби, прабаби, никој од нив не примал клексани, сите истерувале здрави бремености. Ама тие мутации со текот на времето биле активирале од повеќе надворешни фактори - загаден воздух, загадена почва, храна третирана со пестициди, стресен живот и дошло до тој стадиум да прават проблеми во бременост и да мора да се третираат. Тоа луѓе што потекнуваат од земји што немаат вакви еколошки проблеми како кај нас не можат да го разберат.

    Конкретно на прегледов кај докторов, после некое време готова бев да заплачам, молејќи го да не ми ја прекинува терапијата со коментар дека му верувам на неговото стручно мислење, меѓутоа нема да бидам мирна и нема да можам да спијам. Го прашав, викам зашто ми ја прекинувате терапијата кога од клексан нема никаква штета? Ми рече штом за еден лек се кажува дека нема штета, значи дека од истиот тој лек нема ни никаква корист. На крај сепак после милион натегања, се сложи да ми го остави клексанот до крај, ама од ординација ме испрати со зборовите: се надевам дека на уште една ваква пациентка нема да налетам. Ама мојата состојба е специфична, бременоста ми е комплицирана и од други аспекти, во било која друга ситуација слична на онаа на @JuLleE би следела совети и во ниеден момент не би се осудила да изигравам поголем доктор од тој што седи пред мене во бел мантил.

    Тука не постои приватно здравство, приватни лаборатории и медицински центри има, ама голем дел од испитувањата ги праќаат на институтите, плус што ќе ги правиш на своја рака, кога после нема да има кој да ти ги прочита и да ти препише терапија. Знам дека во Македонија можеш се и сешто на шушу-мушу да добиеш од аптека, овде верувајте дека аспирин протект не може да се купи без рецепт. Никој не испитува ништо на своја рака без препорака на доктор, сите исклучиво следат докторски совети што и како да прават.
     
    Последна измена: 26 јуни 2022
    На Mihaela123456, Coco31, Rtulka и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.392
    Пол:
    Женски
    Искрено сега тоа ќе те прашав колку е активно.
    Пробувам да се сетам на секоја причина што прави интраутерин застој и се е во ред кај тебе, постелка, шеќер, протоци, притисок, срцето на бебето да нема мани, да не е во брадикардија (спротивно од тахикардија), си немала инфекција пошто паметам торч проверуваше, апсолутно се во ред, или носиш генетски помало бебе или згрешено е со мерки зошто побарај литература, ќе прочиташ интраутерин развој се дијагностицира со серија ултразвуци, зошто од еднаш може да се промаши.
    Не се фаќај за димерите да не ги извадиш од памет сега две недели :)
    Провери си ти и на друг доктор и димери, ама сепак без стресување, стварно се ти е во ред.
    Ќе беше за загрижување и докторот ако се загрижел.
     
    Последна измена: 26 јуни 2022
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.