Честитки мама, ме израдува посабајле. Да сте живи и здрави, да се изнауживаш сега. Истрча момата пред син ми значи, чувај ја да не ни ја грабне некој.
JuLIeE немој многу да се загрижуваш поради овие мерки, јас се породив царски рез пред 11 дена, во 38 недела кога мислев дека ќе закажеме царски докторот што требаше да ме оперира рече дека скоро три недели е помало бебето според неговите мерки.. дотогаш се беше во ред, освен на еден преглед ми спомна матичниот дека една недела касни. Инаку ме чекаше до 39 полна и еден ден да ме породи за да порасне беебто, спрема ехото бебето во 38 недела беше 2900, но сепак се роди 2500, здраво право бебе исто како и првата ќерка, со тоа што таа во 38 недела беше 2500. Уживајте во бременоста. ☺️
@hello-kitty.90 честитки, жива и здрава да е @JuLleE те читав за заостанувањето со мерките, мојава беше цело време напредна и во 32ра недела почна да заостанува, беше последно измерена 2700 и толку и се роди (2740гр.), се ми беше океј до тој момент, но проблемот бил во папочната врвца кај мене, имаше чвор па не и идело доволно храна, ако можеш и тоа да провериш, на скрининг беше кај мене откриено, др Елена Петрова од Ремедика виде, а и се роди со чворот, не промаши докторката, царски поради тоа ме породија. Да не му се секираш, детално ехо/скрининг нека ти направат таму ако имаш можност (видов дека не си тука), освен што заостана со килажа, ништо друго не се случува, да не се секираш мајка, да не си праиш стресови
Cestitkiii, za ti r zdrava i ziva i da si imate samoo ubavi momenti od sega zaedno, idemee po tebe i nie Julskite mamii
Цело време скриниг ми прават. Ох да беше 2700 измерена ич не се плашев, ама околу 1800 гр е во 34 недела. Мала е многу.
Џули вртев на мојата апликација со недели до 34 недела баш за да проверам просечна тежина у таму стои 1900гр, што значи твоја бепка не е многу под просекот.
Ista i mojata skross 34 nedela 1800 vo cetvrtok sum kaj Petrova na pregled bas zaradi ova pa ke ti kazam sto ke mi recat
Кај мене во тие недели на 7-10 дена прегледи правев и многу слабо напредуваше, но еве сега 9ти баш денес бев на преглед за една недела 400г. Така фа има надеж. Ќе биде се во ред.
31+2 бев последно на преглед бебето беше 1850gr. Матичната ми рече понапреден е, што значи требало да е помалку тие недели.
Јас мислам чим ти закажале дури за 2 недели немаш место за грижи. Да беше нешто страшно ќе ти закажеше на 2-3 дена, или бар на 1 недела, преглед. Опушти се, без грижи, знам тешко е, еве сум уједам ко куче бидејќи една од девојките што беше тука некаде бремена со мене од темиве бебе на прегледот што мене ми е закажан за 2 недели престанало срце, сега можеш да замислиш мене како ми е. Од сабајле си викам смири се, како е Господ никој не е, ако он рекол така е подобро има причина, не сум машала со камења по него, а навечер триста мисли ме јадат. Ти си веќе во одминат бременост, за 2 недели и да реши одма да те породи ќе бидеш безбедна, ете имаш и совршено здравство во европска држава, така да смири си ја душата и уживај во убавото време, може е пекол лето ама бар лето е. Гушкам!
Дечки јас малку испаничив дали дека прва бременост ќе спобудалам до крај ви кажувам. 32 плус сум. Вчера ѓи телна мерев притисок и излезе 120/70 викам супер, нели и пишав тука. Денес одев во ист гејт шетав да докупам некои работи доаѓам дома јадам и оп ми потече крв од нос малку, викам ништо ај да измерам притисок, мерам 130/77 викам ок па е нормала ама почнав да се препотувам значи испаничив скроз отворив чутам на нет, земав мерам после 20 мин 140/ 80 скроз ме фати вече паника легнав и почнав да дишам. Седнав сега измерив 120 со 73 прашањето ми е како го мерите притисокот кога се мери, нормално ли е вака или се е од стрес мнпгу се исплшив… Извинете што ве замаарам ама ептен срцето ќе ми излетеше.
Не е малецка Јуле, сите имаат отприлика 1800- 2кг таа недела, мојата идеше 2 недели плус од 4тиот месец, уште тогаш само ми велеа многу крупно дете ќе биде, тогаш застагнира и толку. Ќе пркне и во меше и после, уште месец ипол плус имаш до термин, сега највеќе ќе си качува, последниве недели. Без стрес мајче