Крв од нос ти потекло од топлото од капилари, али ти си испаничила и ти се кренал притисок малце што е нормална реакција при стрес. Така да без гајле, друг пат одма не мери... Како и да е ништо неможе да ти се случи од 140/90 наеднаш.
Мојов доктор вели дека ретко може прецизно да се мери бебуш во стомак. Од прилика да , ама баш прецизно не. Еве золва ми убедена е дека бебето и тежело 3500гр. Иако родилна му 2700гр. Ама пред пораѓај ја гледале на ехо и и кажале дека тежи 3500. И вика само што се роди падна на 700 гр Те разбирам скроз. И јас таква бев, имаше членка спонтан во 11та недела. Абе душа ми излезе, цело време таму ми беше паметот, да ја поминам 11та недела јас..
И мене ова ме мачи. Од вторник сум 11 недела, утре треба да одам кај матичниот за хематомот да ме види на ехо, а на скрининг сум на 8ми јули. Плус имам историја со мисед и стварно премногу ми е страв. Да дојде само второ тромесечие, не дека помалку ќе се грижам, ама се надевам барем малку ќе се ослободам...
Ќе биде се добро, малку верба само. Да ти речам не се плаши, мисли позитивно, не дека ќе ти помогне. И мене оваа бременост ми е цела во страв. Откако го снема хематомот, имам супер нормална бременост , така вели докторот ама јас само викам да влезам барем 7ми, после ќе викам барем 8ми. Секоја болка ме вади од памет. Да родиме здрави бебуши е најбитно, друго ќе издржиме
Денес малку сум посмирена, прочитав и ваши позитивни искуства, па некако што знам, си велам ќе биде во ред. На следен преглед ќе сум 36 плус 6,скроз во безбедна зона, така да ако треба ќе ме породат. Јас во меѓувреме ќе си се спремам. Не паничи и ти, иако мајка, на се ќе ни отиде памет. Гушкам и јас
Само што го коментирав истово во друга тема. Цел живот сум со низок притисок под 90, и еве сега во бременост ми е нормален. А неколку пати ми беше и 140. Ама овде гинекологот ме убедува дека е ок.
Ако се примат инекции за зреење, по колку време белите дробови би биле зрели? Не знам кај ми текна ова сега не сум мирна
Има случаи кога почнува пораѓај, даваат зреење и пробуваат жената да седи што подолго, пример ден два итн.
Убаво што праша ме фаќаат некои паранои мисли после лакуните и искрено сакам да се опуштам а не знам како, до денес ни страв ни ништп ко секој ден да раѓам. Денес паранои❤️
А зошто мериш толку често? Имаш потреба или? Сосема ок притисок си имала, немаш потреба од мерење, а после шетање на сонце и подолго одење не се мери притисок, треба да почекаш да се стабилизира. Не знам каде, некаде ми е останато во сеќавање 2 дена, дали некој ми кажал, дали сум прочитала или едноставно мојот разум така си замислил, не знам, али мислам дека е 2 дена. Да ви кажам ви ги читам стравови, испитувања (добро тоа мене тек ми иде), болки и некако се тоа ми е нејасно. Со синко од 9та недел се осеќав ама баш трудно, од болки, грчеви, движење, се отежнато, со ова ако не е притисокот низок кој и така ми е низок поприлично и нервозата која исто знам да си ја имам верна другарка, јас трудно не се осеќам ич. Можда јадењето ете што ми е така потешко, ама и тоа не секогаш, еве денес супер бев, ама не се прејадував или да пијам многу вода наеднаш, по малку почесто и супер сум. Лаки ми, ќе ми наплати изгледа понатака. Или па ептен е рано, шо знам.
Мислам 33 недела ги даваат, барем на блиска и понудија така. Потоа кога бараше таа во 37 и рекоа доцна било. Валгда во 8 ми месец може да се дадат. Инаку и јас мислев деновиве, се некои филмови во глава.
Мешиња калцификати на постелка во 31+3 нормално е? Шеќерот го мерам ок е, притисокот исто цело време испод 120/77. Д димери и хемостаза уредни.
@AngelOfArh Да ви кажам ви ги читам стравови, испитувања (добро тоа мене тек ми иде), болки и некако се тоа ми е нејасно. Со синко од 9та недел се осеќав ама баш трудно, од болки, грчеви, движење, се отежнато, со ова ако не е притисокот низок кој и така ми е низок поприлично и нервозата која исто знам да си ја имам верна другарка, јас трудно не се осеќам ич. Можда јадењето ете што ми е така потешко, ама и тоа не секогаш, еве денес супер бев, ама не се прејадував или да пијам многу вода наеднаш, по малку почесто и супер сум. Лаки ми, ќе ми наплати изгледа понатака. Или па ептен е рано, шо знам.[/QUOTE] Јас сум 32+4 и уште не ми се верува каде летна времето ,а јас никаква промена не почуствував , откако ми заврши повраќањето во 16та недела ,единствено што ме потсетува дека сум трудна е мешето кога ќе треба да се наведнам ептен или кога ќе пробам да поминам во тесен простор а не ме собира Се надевам вака ќе ме држи до крај да не се подречам
Dali nekoja bila nadvor od drzavava za vreme na boleduvanje…. Da ne ima nekakva posledicaukinuvanje na trudnicko ponatamu…