Во 35та недела сум, ми се јавија болки пред 2-3 дена под десното ребро, десно од желудникот. Ми се чини дека се од положбата на бебето зошто не ги осеќав цело време, понекогаш кога ме чукаше, или ако сум во некоја чудна положба. Од вчера поручек ги имам скоро цело време, менување положба ми помага ама не скрос... не знам дали е бебето, дали е некој мускул истегнат, или нешто посериозно? Докторката не можам да ја добијам на телефон, бев на гинекологија се изначекав никој не се појави... можда беа на пораѓај не знам, ама си се вратив дома и еве сега си се мислам, чекам да помине денес зошто утре баш треба да одам на гинеколог за брисеви Притисок нормален (110/60), немам никакви други симптоми. Има некој искуство со вакви болки? Иначе пречудно ми е зошто досега стварно релативно лесна бременост имам, без никакви болки, лошења, вртоглавици итн, баш нормално функционирам како и претходно, па искрено не знам која болка е нормална која не е.
Значи сите што сме 33 недела исто но се врти во глава Јаа вчера мислев дека ќе се породам колку ми беше тешко и баш тоа го мислев дека може треба инекции за зреење да примам за секој случај Инаку како сте денес? Јас немам воздух во мене, неможам да дишам мислам
Еве ме мене пак со контракциите лажни. Втор ден ги осеќам, 35+2 со тоа што последниве два саати ги снемува па се појавуваат и мн се болни, траат доста долго па ги снемува 20 мин па пак се враќаат. Не ги мерев ама болките се 20 мин пауза 20 мин болка и вака веќе втор саат. Менував и позиции, лежам на лево, пробав и до тоалет ама секако боли како пред добивање и плус цела кичма како промаја да ме утепала… Вторник сум на прв скрининг, си мислам до тогаш да си молчам да не паничам ама на мисла сум дали е ова нормално за овие недели
Сигурно бебе притиснало нешто во 35 недела тоа е веќе цело човечуљче. Мене минатата бременост ме имаше притиснато на левата страна на линија на слепо црево ми рекоа дека може до пораѓај така и да си остане. Ама јас не сум јас ако цело време не ја буцкав па смени положба и помона тоа
Исто е и кај мене не знам дали калцификати и лакуни се исто - во ист период се појавија не знам навистина ваљда ќе издржиме до 36/37
Ај и јас едно прашање. Дали ако е бебево многу активно ќе се роди пред термин или може да гура до термин, нема врска тоа? Пошто го осеќам многу активно викам на ова му се излага веќе.
За време породилно ОТСУСТВО можеш да идеш кај сакаш. За период на боледување е друга прича, има правила и исклучоци.
Јас ако добро се сеќавам ги даваат во 7ми најдоцна кога процесот на развој на бели дробови е во некоја фаза, а во 8ми не се даваат никако затоа што се во друга развојна фаза која не се знае до каде е. Ако те пријави некој може отказ да добиеш. Ако си лажно осигурана не знам, ама истото важи. Како може да боледуваш на море?
Ne e za na more da boleduvam tuku da se vleze i izleze do aerodrom samo da se otide. Mozebi ima nekoj pravilnik zatoa prasav
И какј мене бебето си е активно, има заземено супер позиција и ептен е доле со главчето,баш денес на преглед(вагинален) 36+3 докторот ми рече дека ептен абер нема, грло затворено, тврдо, да прекинам со магнезиум( дека дополнително помага за стврднувањето) и вака според проценка до 10ти нема шанси да тегне да излегува. Па ќе видиме..
Ми најдоа калцификати околу 29та недела, зрелост на постелка на последен преглед ми беше 2-3 степен (во 33та недела негде). И јас тогаш прашував на форум, па ми одговорија неколку феминки со слично искуство кои истерале до термин со калцификати, така да не плаши се, се случува. Иначе оттогаш пијам аспирин, бебето е со нормална тежина за неделите, ама мешето му е помало за 10тина дена. Одам на две недели на преглед, протоците се уредни, бебето напредува, тоа ми е најважно.
Иста ситуација кај мене. Дидмери супер времињата се ок, бебето во се е напредно само во стомачето заостанува. Мене Кировски ми рече повеќе протеини, 1л јогурт на ден и млечни производи. Да намалам на благо и бели пецива. Сега ќе видиме вторник на контрола што ќе биде. Веќе 37 недела сум.
Јас бев на море искрено да ти кажам, не се издржува на жештините тука, а доктприте ми дадоа зелено светло да одам на одмор додека е поладно. Мислам дека едино може работодавецот да те пријави ако сака т.е ако дознае, па да ти прекинат боледување.
Сестра ми ги прима во 33та недела а се породи во 35та. Среќа што прима па внук ми си дишеше самостално, ниту еден ден не беше во инкубатор. Може во мк е друго нз, ова за во Швајцарија е
Чисто информативно. Што ако се погодите на иста плажа со некој колега од работа? Кои се шансите дека нема да каже дека сте се виделе на плажа додека ти користиш боледување каде треба да мируваш?