Ама не е исто. На кафе може да застанеш пола час, час и толку. Не е цела смена од 7,8 часа плус на работа се знае нема одмор мора да се работи. Кај мене плус физичка работата е. Јас сум на патолошка и сум била 2 пати на кафе. А и секако веќе породилно ќе отварам.
Знам дека нема да се погодиме затоа што кај нас се користи колективен одмор и сме многу мала фирма па колегите и претпоставените знаеја дека ќе излезам од државата бидејќи кај нас во фирма има многу другарски и фер однос и цело време сме во контакт, така што никој не прави проблем. Второ, мене не ми е одредено строго мирување, па затоа одлучив да излезам од државата.
Баш така, 8 саати не е исто да си на нозе да работиш и негде да излезеш на 2-3 саати. Плус кај нас на работа заради Х причини и протоколи за ковид кои важеа до скоро се работеше без пауза така што не беше изводливо да одам на работа.
Девојчиња ПАТОЛОШКА бременост се знае што е и што подразбира. Патолошка не се издава за да не ја загрозите веќе нормалната бременост. Патолошка се дава кога со бременоста нешто НЕ Е во ред. Тоа што комисијата одобрува лажна патолошка и што никој не ве пријавува ни вас ни вашиот матичен не значи дека е ок да одиш преку граница ни да одиш на кафе.
Јас користев ковид мерки. Потоа земав патолошка за хематом. Тогаш тие месеци и не бев ич добро. Е сега сум добро ама со олкав стомак да одам да работам физичка работа не доаѓа во предвид. И самите претпоставени се свесни. Сите трудници до сега кај нас во фирма беа на боледување. А и не дека нешто многу сум шетала одење на одмор не ни помислив.
Па кај мене ситуацијата не беше таква да јас сакам да извадам боледување. Иако бременоста си беше ок, заради муатциите за тромбофилија и типот на работа матичната инсистираша да бидам на боледување, потоа косултирав и лекар од ГАК кој апсолутно се согласи дека треба да останам на боледување и затоа нагласив дека ми дозволија да одам неколку дена на море додека е поладно бидејќи со клексаните и мутациите било ризик да се изложуваш на жештини.
Цел ден осеќам притисок у мочен меур и цело време мокрам по малце. Не личи на цистит туку мислам бебето притиска, али ич не сум раат, зашто на цтг имам лажни контракции. Болки немам ни во стонак ни во кичма, само овој притисок што се засилува нормално коа бебево мрда. Иначе сум 34+4...
Кај мене на работа пред месец два имаше ситуација кога и дадоа отказ на колешка која користеше патолошка. За време на боледувањето, била на настан на невладина организација. Класична злоупотреба на боледување. Освен тоа направи проблем и на докторите кои и ја дале патолошката, им пуштија контрола.
Проблемот реално може да настане само од фирмата... Доколу они проверат/видат дека не си на мирување... И тогаш може отказ и нормално еден куп инспекции за доктороте. Ако си ок у фирма, тогаш искочи дека нема како да видат дека си поминала граница или слично...
Точно така. Јас тоа го кажав и прееска, многу зависи од фирмата и во какви односи си со колегите и претпоставените. Мене директорката пред некое време сама ми рече, не седи во Скопје на жештините да се мачиш оди негде на поладно.
Во 35 кои брисеви ви ги земаа? Јас како што го разбрав матичниот покрај тој за стрептокока и тие во 12та недела што се прават ми рече пак да ги направам.
Па мислам дека повеќето така како тебе. А не знам мојов матичен зошто ми рече дека и тие треба. Плус му кажав дека ги правев и во 24та недела сега ќе треба трет пат истите. Ми вика па шо мирна да ти биде главата. А јас што го мразам спекулумот и мислев дека овој пат ќе се спасам ама нема спас изгледа.
Јас ги направив сите. За во приватна болница ги барале сите брисеви а во државна го бараат само за стрептокока. Мислам секаде е исто …
И јас работам 18 год во мала фирма , од само отварање ,со да не кажам буквално фамилијарен однос , малку вработени сме се покриваме и се тоа ок , и мене ми збореше газдата демек по неколку саати да одам на работа онака нели за нешто ако треба да подметнам грб , секако не планирав дома да седам бидејки имам скроз нормална бременост , и бев на боледување затоа што сум со ивф и премногу повраќав три месеци , се вратив на раб и матер ми ебаа да ми простиш на израз, работам по 9 саати дневно со не седнување со стомакот до заби , ме гледа и не се замара . Муабетот ми е дека газда си е газда и не знаеш како ќе му текне во моментот , еднаш едно збори утре друго , може да се јави и револт кај колешки па да реагираат, искрено јас на твое место не би ризикувала.
Јас кога прашав за брисеви кога да правам, докторот што планирам да ме пораѓа во систина ми рече нема потреба зошто ќе бидам со царски, а тој брис (сватив дека е еден) ако испадне позитивен терапија се давало на сам пораѓај ако раѓаш природно. Е сеа што брис е врска немам, а од претходен пораѓај ич не памтам ама баш ништо