Боледување за стрес и анксиозност, препорака од специјалист одмор на море, и што? Туку, ако е фер работодавецот не е професионално, и истиот има законско право да прати контрола кај вас да утврди дали сте дома.
Зошто глупо? Многу трудници кријат дека се бремени првите месеци бидеќи ќе ги избркаат од работа кога ќе дознаат дека се бремени. Тогаш не е глупо за трудниците? Да не зборувам за тоа како ги третираат на работа трудниците. Слободно можам да кажам дека тука 60% од трудниците поради тие работи се на патолошка бидеќи се третирани како црнци.
Ете јас конкретно од кога сум на боледување цело време од мене бараа да помагам со работа од дома, а сум плаќана регуларно 70%. И сега ем ми се крати на плата, ем куп работа им завршувам и секогаш кога им требам сум тука, ем во 10 години работен стаж немам искористено НИТУ ЕДЕН ДЕН боледување и сега да му е глупо да одам 5 дена на море? Не, не ми е глупо.
Тебе не ни очекував да ти е глупо. Муабетот почна од тоа. Дали може да се излезе од дома и да се оди некаде а си зел боледување. Што прават другите може до утре да збориме. Конкретно за вас кажете си, дали се фер и дали вие сте фер газдата да плаќа вие на море да одите. Ако трудницата работи тешка физичка работа, а ако не?
Ист муабет ко: Пуши, без гајле еве јас пушев, ништо не му е на бебето. Бидете благодарни на газдите/колегите, тоа имам да кажам
Бидете благодарни додека еден ден не им се удри од глава. Кога ке поминеш граница лесно може да се докаже каде си бил. Не е будала некој да крати од свои пари, прувања и деца за други да се шеткаат.
Ете тоа ми е муабетот, има газди кои заслужуваат да не ги излажеш (можеби се бројат на прсти) а има газди што заслужуваат се и воопшто не се за поштедување. Тука познавам многу трудници што работат во фирми каде што навистина е тешка работата и кријат дека се бремени бидеќи веднаш ќе добијат одказ. Јас таков не би го штедела воопшто. Многу би сакала вака фер да функционира цел систем, за жал се наоѓаме во Македонија, друг коментар немам. Невработена сум.
Да се надоврзам и јас за муабетов за паталошка бременост. Кај нас во фирма има моментално 4 трудници 3 се на паталошка а само една оде на работа. Зачестени се овие ситуации поради многу честите спонтани абортуси. И јас сум на паталошка веднаш кога дознав ми дадоа боледување а сега веќе одам и на комисија ме водат со ифв дека сум останата бремена а јас сум со инсеминација. Значи самите др ми спомнаа за боледување уште на првиот преглед кога потврдивме бременост и незнаев каде се наоѓам од среќа. Со самото тоа што сме чекале 5г бременоста ми ја водат како паталошка. Исто комшика имам 1м разлика сме имаше спонтан и таа е на паталошка, иако до сега немаме ниту крварење или други симптоми. Не планирам да одам на одмор ниту во државата бидејќи чувствувам голем умор и неможам да пешачам многу. За кафичи да поретко па и само дома не се доседува освен ако не препорачаат докторите строго мирување. Да прифатев да одев на работа знам дека немаше да бидам "чувана" бидејќи и такво ми е работното место стојам на нозе 8ч и се креваат тешки работи. И работодавците не се фер кон вработените но нема правда во нашава држава колку злоупотреби имам од нивна страна боледувањето 50% беше платено кога бев 1м од нив платена. Не е законски.
За што да сме благодарни??? За тоа што не сме пријавени на цела плата а дел земаме на рака? Работиме по потреба прекувремено а не ни е платено? Враќаме К15? За ова да сме благодарни???
Тоа треба да го пријавиш ти кај надлежни органи. Или да не работиш на тој начин. Да не зборам дека тоа што го правите, не што не е фер, туку е законски уредено.
Пријавено 100 пати и што??? Доаѓа инспекција, одат на ручек со газдата и сè e решено, ни казна ни ништо.
И кога ќе го пријави баш надлежните органи ќе реагираат Смешка на годината Шала на страна јас би сакала ваков газда како тебе што размислува за правата на вработените и би го почитувала.
Исто И да се пријави тие ќе се спасат од казна кај нас не функционираат законите инспекторите се подмитуваат, работникот е ставен на последно место и ќе лета од работа.
Истото и го реплицирав. Башка што со сите дупки во законот се што не е легално, газдите и тоа како знаат да го направат барем навидум да е легално.