Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Па тоа се обидувам да им го објаснам цело време. Затоа и 90% од трудниците се плашат да кажат дека се бремени.
     
    На Alexandrite, jelo и Bebetoo им се допаѓа ова.
  2. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    3.237
    Пол:
    Женски
    Па ова не е само за трудниците, законот кај нас не важи за никој. Не знам во која држава е членката што не знае како тука функционираме :wasntme:
     
    На elenaklasik, nikolovskaaa1 и Alexandrite им се допаѓа ова.
  3. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    2.326
    Пол:
    Женски
    Точно, кога газдиве можат да ја користат ситуацијата дека ние сме бремени (дали да не бркаат од работа или како што е во мојот случај ми следуваше зголемување на платата, бевме договорени ама кога дознаа дека сум бремена го одолговлекуваат и сигурна сум дека дури откако ќе се вратам од породилно ќе ми ја зголемат) зашо па јас да не користам кога можам... затоа си излегувам пред време од работа, кога одам да правам анализи на крв се задржувам повеќе, шеткам низ град и така...
     
    На Freckles., nikolovskaaa1 и Alexandrite им се допаѓа ова.
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.715
    Допаѓања:
    122.000
    Пол:
    Женски
    Ти не си морала да работиш така. Тоа е твој избор.
    Ама тој да сака да те пријави леташ од работа.
    Толку е едноставно.
    Дали е фер или не, небитно.
    Казниво е излегување преку граница на патолошка, одење на одмор во државата, правење свадба ... нема ни потреба од дискусија мислам.
    И да пак ќе речам, биди благодарна што знае дека отиде на море и не те пријавил.
     
    На Srcka28, Rtulka, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Јас познавам трудница која ја отпуштија затоа што користеше Ковид мерки за трудници. Пријавено беше ама газдата како и секогаш "го реши" проблемот, а девојката кај остана без работа па остана и без породилно заради прекин во стажот.
     
    На Rtulka, nikolovskaaa1 и Bebetoo им се допаѓа ова.
  6. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.831
    Пол:
    Женски
    Ај бидете искрени сами кон себе ако веќе не можете да признаете пред другите, колку од вас навистина страдате од стрес и анксиозност, па стварно ви е потребно боледување со пристап до солена вода или бања, а не сте на патолошка само затоа што едноставно не ви се иде на работа, а истовремено имате среќа да живеете во држава чијшто здравствен систем тоа го дозволува и истиот нема доволно механизми ваквите злоупотреби да ги пронајде и да ги казни?

    Една членка погоре имаше пишано дека матичната ја испратила на боледување поради генетски мутации, се изгазив од смеење, do you really think someone is buying that? Па ај ако не, нека земат на сите една по една да ни направат скрининг за наследни болести, па сите во куп нека нѐ стават на патолошка, пошто јеби га, сите имаме некој фаличен ген во себе и носиме предиспозиција за потенцијална генетска болест што може во текот на животот да се активира.

    Може да имате колку сакате оправдувања, боледување дадено во бременост подразбира дека бременоста сама по себе е ризична, до толку ризична што ве спречува да ги извршувате секојдневните обврски (да, тука спаѓаат вклучително и шетање по молови и на кафиња и одење на плажа!), другиот случај е кога самата работна околина е штетна за здравјето на трудницата и бебето, како што е на пример, работа со хемикалии во фабрика или лабораторија.

    Во државата во која што живеам, во решението за одобрена патолошка бременост на товар на фондот стои точно кои се условите, еден од главните е ненапуштање на местото на живеење и дозволено излегување само за преглед и по најнеопходни работи, во случај кога партнерот не може да ги изврши. Секое напуштање на местото на живеење и одење на друга локација мора да биде одобрено од матичен доктор и истото да биде аргументирано со факти.

    Одење на одмор, шетање по молови и на кафиња со другарките во време кога државата ви ја покрива платата и ви го чува работното место за да вие седите дома и да мирувате е класична злоупотреба на системот, колку сакате вие мислете дека не е. И треба да биде санкционирана.

    ПС. Ова ви го пишува членка што има ризична бременост, водена од сам старт во амбуланта за патолошка бременост, бременост добиена по пат на ин витро после години неплодност и неколку неуспешни обиди и спонтани абортуси, со дијагностициран гестациски дијабетес уште во прв триместар, тромбофилија и повремен висок крвен притисок која НЕ Е НА БОЛЕДУВАЊЕ и редовно оди на работи во исклучително стресна и динамична околина, на 40 степени.
     
    Последна измена: 27 јуни 2022
    На Irimiri, Grateful, Srcka28 и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.768
    Допаѓања:
    9.071
    Пол:
    Женски
    Добар ден мешиња
    Вие што сте крај на 8ми почеток 9ти кско стоите со апетитот?
    Деновиве немам баш апетит и цело време само вода пијам.
    Ваљда е до жешково..
     
    На V.N. и Rtulka им се допаѓа ова.
  8. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Ако си на патолошка не значи на кафе дека не можеш да седнеш некој саат некогаш. Малце се поистоветува со боледување за инфективна зараза. Што е разлика од кафе идење и продавница. Барем седиш на кафе и не се уморуваш. За излегување од граница, освен ако некој ве види, кој има евиденција, исто и за одмор се однесува.
    Државата за ништо не ја бива, за трудниците најдовме да се расправаме што е правилно, што не.
     
    На WhiteCat33, Didajo, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Избор е да, ако имаш можност да работиш на друго место и ако си во можност да најдеш друга работа, ако не приморан си да трпиш додека да најдеш друга работа. Освен ако не зависиш финансиски па можеш да напуштиш без размислување.
     
    На Alexandrite му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Јас кажав дека ми рекоа дека се водам како ризична заради генетски мутации за тромбофилија. И не ми го кажа тоа само матичната туку и трансфузиолог и гинеколог на ГАК, па сигурно нема да се правам попаметна од нив кога не сум лекар. А ти ако сакаш можеш да одиш на работа и на 50 степени, никој не ти брани.
     
    На simplegirll, Didajo, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.059
    Допаѓања:
    18.977
    Пол:
    Женски
    Со која дијагноза на патолошка? Ако можеш на кафе можеш и да работиш. Боледување за мене значи болен си и не ти е до шетање. За вас не е исто.
    Што ти кажаа? Каков ризик има за тебе и бебе ако одиш на работа?
     
    На Blue moon, Misskirova, Rtulka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    3.237
    Пол:
    Женски
    Сериозно? Како тебе што ти е смешно за членката така мене ми е трауматично ова и прашање е како не се плашиш за животот што го носиш во себе?
    После толкава борба ти правиш ризик за да бидеш поштена на работа?
    Еве мене тоа ми е трауматично.
     
    На WhiteCat33, oblace1, elenaklasik и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Исто е седење 8 саати или стоење 5 дена во неделата со 1 саат седење на кафе некогаш? Освен ако пишува строго мирување.
    Не планирам да се докажувам. Секој си знае зошто земал боледување. Ако некој решил да оди на работа нека оди, ако некој има потреба од боледување нека земе. И тоа е тоа.
     
    На elenaklasik, Eli23, nikolovskaaa1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Ми кажаа дека е ризично да дојде до тоа да го изгубам плодот и ми препорачаа да не одам на работа. Јас тогаш кога дознав за мутациите бев под страшен стрес бидејќи не знаев дека е толку честа појава. Башка што имав 5 пати крварења додека да се погоди терапијата за тромбофилија
     
  15. Perla*

    Perla* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    И јас сум со мутации, бременоста ми се води со шифра Z35- надзор над високо ризична бременост, но тоа не значи дека треба да сум на боледување, туку да примам терапија (клексани,аспирин, метилирани витамини) и да следам состојба (д-дмери и хемостаза). Докторите кои ме следат во ниту еден момент не кажаа боледување.
     
    На Blue moon, Anaroz1, Rtulka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Ете мене поинаку ми кажаа, можеби заради типот на работа што го имам. Сепак, пак ќе речам не сум доктор и сè што правам правам во консултација со лекар. Како ќе ми речат, така правам.
     
    На nikolovskaaa1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. januari19

    januari19 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    1.763
    Пол:
    Женски
    Ме зезаш???
    Отсуства на кои работникот има право на надоместок на плата е отсуството во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда.
    Тоа не вклучување идење по кафиња, уште и идење во Грција на одмор.

    Колку сакате може да си ја браните теоријата дека работодавците се вакви или онакви ако не ви чини мењате работа а не злоупотребувате закони.
    Со ова што докажувате празна вода сте исти како пушето не е штетно зошто Станка лани роди здраво и право дете.
    И да јас да сум ви колешка сите ќе ве пријавам.
     
    На Srcka28, Blue moon, Rtulka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.823
    Допаѓања:
    9.676
    Не споредувајте други држави со Македонија.
    Како што државата немала начин да ги казни овие чинители што одат на одмор за време на патолошка, нема начин да ги казни ни тие што бркаат бремени и се изживуваат врз нив.

    И зошто некоја трудница да не искористи боледување за анксиозност и да отиде на море доколку работи со непрофесионални колеги и газда што ја малтретира?
    Да пријавела, смешки живи сте, кој ќе го гони тоа? Сум за тоа да се пријави, ама факт е дека никој не реагира на тоа, па мораш да се снајдеш.

    За другите моменти каде покрај добро функционирање во тим, се оди на одмор и се избегнува работа едноставно е ствар на несозреана личност итн.

    И не смеете да коментирате и напаѓате степен на издржливост на луѓето.
    Ако ти си психички и физички спремна да одиш на работа на 50 степени со многу компликации, а јас не сум, тоа ме прави помалку човек, нехрабра и лигава? Едноставно не можам, тоа е, тие ми се можностите.

    Претерувате со тоа правење јаки мајки најмајки, не одење на кафе ради дете, не одење во мол, строго доење до умирање зошто не си права мајка ако не можеш, жртви не знам какви, што е следно?

    Овде има жени со многу различни случаи, не одобрувам злоупотреба и искористување, ама па никој не смее да каже и покажува со прст кон друга мајка, дали за психа, издржливост и не знам што.

    Јас фала богу сум на одлична позиција, одлична компанија и никогаш не би злоупотребила доверба.

    Ако сум во друга ситуација како други членки, не би се мислела да вратам со иста мера.
     
    На WhiteCat33, simplegirll, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    7.054
    Пол:
    Женски
    Исто :)
     
    На Rtulka и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  20. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.831
    Пол:
    Женски
    На тебе што сакаат можат да ти кажат и ти како сакаш можеш кажаното да го интерпретираш, во медицината вродена тромбофилија, која патем тврдам ја имаме буквално сите, вклучително и девојкиве на форумот што пази молим те, одат на работа трудни, само не знаат дека имаат мутации, зашто едноставно никогаш не се тестирале за тромбофилии, НЕ Е индикација за патолошка бременост, дури ни во случаи кога истата не е ни третирана со антикоагулантна терапија. Никаде и никогаш. Се чудам кој е тој трансфузиолог или специјалист гинеколог што дал таква изјава, со оглед на тоа што со години сум шетала низ истите тие ходници и сум ги среќавала истите доктори, имајќи ја во анамнеза запишано истата дијагноза.

    Не знам дали сте навистина убедени во ваквите тврдења, или па имате за цел некого да направите будала. Во недостиг на валиден контрааргумент, изјавата „ти иди си на работа и на 50 степени ако сакаш, ја ќе си идам на море“ е трагикомичен и не заслужува реплицирање. И во крајна линија е потценувачки за жена што сака истовремено да хендла и кариера и бремености и семејство и која ваквата жртва не ја прави помалку мајка од некоја што самата решила, pardon my French, да си ја сунча на плажа во Грчка.

     
    Последна измена: 27 јуни 2022
    На TeddyGrey, Ano, Rtulka и 3 други им се допаѓа ова.