За греота, ако си толку невоспитана, какви ли деца ке воспиташ утре. Да се цепи од смеење на жена што е болна. Страшно. Што ти се врти во глава?
Потпишувам со две раце. Се жалиме на системот, кога наместо да бидеме решението, самите ние сме дел од проблемот. ПС. Докторката што ми ја води бременоста, секој преглед ме прашува дали сум отворила и кога и дали воопшто планирам да отворам боледување. Што е до неа, би ми дала извештај и не би имало проблем да седам дома од прв до последен ден. Имам валидни дијагнози за тоа. Ја прашав дали според нејзино стручно мислење јас МОРА да бидам цела бременост на боледување, ми рече: ако ти се чувствуваш добро и сметаш дека бременоста и пропратните дијагнози не ти се пречка да одиш на работа, тогаш јас немам ништо против таа одлука. Доктор може да препорача, ама тоа не значи дека таа препорака треба секогаш да се изманипулира во сопствена корист. Пациентки одат во приватни болници и плаќаат комисии од доктори да им измислуваат дијагнози со цел да седат дома и да не одат на работа. Што повеќе од ова да се каже.
Јас загреота??? Па ти прво препрочитај се да видиш колку си дрска и невоспитана. Цело време убаво ти одговарав а ти настојуваш да ме правиш будала, кој ќе ми поверувал дека се работи без паузи, кој ми кажал така, не знам што... Па кога ќе ти возвратат со иста мерка те боли.
Изгледа немаш работено на плус 30 во хала каде нема ниту инспекција ниту смееш да кажеш нешто и ред други работи кои ги трпиш секојдневно. Убаво е иделаново што си го напишала ама за жал реалното не е така. И подобро дома без никаков проблем од колку на работа па да дојде до проблем. На крај од денот тука многу работи не функционираат па зошто би функционирала и оваа.
Ете го ставот за жал на 90%, ништо не функционира, зошто ние би почитувале правила И првата и оваа бременост прокрварев. Инаку ни ден не би седела дома. Си го почитувам мислењето на докторката и до кога ќе каже дека треба ќе отседам, прв момент кога ќе каже дека не гледа валидна причина за боледување, се враќам на работа. Ова ми е најголем страв. А да не правам муабет дека мислам дека отупавев. Во првата бременост не можев да поднесам кога ми се појави бејби брејн.
Не настојувај да одговараш на прашањата, гледаш колку прашања ми останаа без одговор. Читаат и одговараат на тоа што им одговара. Немој да се замараш и тебе погоре една членка ти се изнасмеа за причината што си на патолошка. Исто како некоја без постпородилна депресија да и се смее на таа со постпородилна депресија, што знае што е мака ..
Јас се правев силна до 33та недела, како можам се... Како без проблем држам втори смени и дежурства, се додека од болки не отидов порано на преглед кога докторката установи дека е сега веќе не смееш да мрднеш од кревет, зашто си почнала да се отвараш и имаш контракции. Да напоменам со првата бременост апсолутно никакви проблеми немав, со овас еве до 33та се беше во ред. И кога кажав на работа не ми дозволија да го спојам целиот одмор наеднаш, не ми дозволија ни обично боледување од 1 недела да си отворам пред да го зеам одморот... Така да се ќе го отворам ептен рано породилното нормално доколку регулар не се породам порано. Така да ги разбирам сите кога сакаат да користат боледување затоа што ние не им ја знаеме политиката на работа нити пак обврските што ги имаат. Никој утре фала нема да ти каже. Сакам да кажам можеби во моментот се е добро но никој не ти гарантира дека таква ќе ти биде цела бременост. На одмор лично јас не би одела, барем не во оваа ситуација како сега.
Баш така. Не знаев дека не треба да ги слушаме докторите туку дека треба тука да прашаме која дијагноза е валидна за боледување, а која не. Жално.
Во хала на 30 степени не сум работела, ама во канцеларија и на терен на 40 работам секој ден. Одговорна работа, на водечка позиција, со куп луѓе (читај куп различни карактери) под моја координација. Тоа што немам physically demanding job (иако честопати е и таква) не значи дека имам поголем праг на толеранција на стрес, умор и константен притисок од работодавецот од некои други што нашле начин за истото да седат дома. Let's be real, трудни или не, 99% од нас секојдневно се соочуваме со притисоци, невозможни барања, па дури и мобинг од страната на работодавците. Но, тоа е друга болна и многу опширна тема. И пак ќе повторам, тоа што мојот личен избор е да одам на работа и свесно одбивам да го злоупотребувам системот во сопствена корист, не значи дека е погрешен избор само затоа што сум одбрала да бидам доследна на себе си кога е во прашање истовремено хендлање на кариера и семејството. Погрешно е да го манипулираш системот со цел да дојдеш до „лекување“ од кое реално немаш потреба и кое во друга ситуација не би ти ни припаднало. Примерот за патолошката поради генетски мутации е најочигледен пример со кој пробувам (безуспешно) да ја провлечам поентата. И не за џабе ваквата манипулација е противзаконска и подложна на казни за докторите, а за пациентката отказ од работно место, доколку те фатат во ситуација на злоупотреба, читај, на одмор. Одмор е одмор и тоа следува секому по закон, боледување следува само некому ПО ПОТРЕБА. И конечно, се согласувам, клучниот збор тука е седење дома за да не дојде до никаков проблем потенцијално предизвикан од стрес на работното место. Не на плажа во Грција.
Како што знам на плус 40 трудници се ослободени од работа ама ти ако сакаш сама на себе да си докажуваш колку си јака и силна тоа е друга тема на маубет. Инаку работодавецот треба да те ослободи од работа, а тоа 97% од нив не го прават па затоа и се зема боледување па и се користи ако треба во Грција ама еве ако сакаш ти може да го искоритиш и во Охрид.
Ејј ама го тупите секој ден со нова тема, пред 2 год омилена тема за дружење ми беше, сега само вајлд до вајлд се собрале. Ај гледајте си во дворот ама сериозно.
Баш пред скоро време ја отворив темава и ги читав скроз првите најстарите мислења. И гледам колку од тогаш до сега се променила темава. Овде во последно време све некое препуцавање, карање, напаѓање разбирам хормони се во прашање ама до олку ... Дајте жени избегавајте вакви тензии. У право си свекрвите не дојдоа на дневен ред
Така е. Никој утре фала нема да ти каже. Тоа на ум секоја. Сѐ што правиме да правиме за наше добро и за бебето во стомак. Не сум за експерименти и екскурзии колку би можела да издржам, а да имам начин да се поштедам. Подобро самата да се заштитам, имам мозок, знам на што сум, отколку да си предизвикам нешто. Зашто тогаш е доцна, никој нема да надомести за штетата, и никој на крајот нема ниту фала да каже ниту поинаку да се оддолжи. Здравјето пред сѐ!
Ништо страшно, на жешково. Носи вода со тебе капа, под сенка повеќе, одмарање паузи и поретко ова време надвор. И мене ми има течено неколкупати во првата бременост, и помина после.
Ако веруваш во закони на привлечност, тогаш да. Зошто сакаш да останеш? Не ми одговори каква препорака си добила и зошто болеста изискува патолошко боледување. Тоа ке се случело и без дежурства. Како не ти дозволиле? Одиш на лекар и ти дава.