Лекар сум и јас и затоа неможев да земам од нашата ординација, а гинеколог 45 дена пред термин несмее да отвори боледување туку може само породилното да го отвори пред време.
Абе ај да бидеме искрени, ама онака најискрени, колку од вас се сосема ок а седат дома? Имам познаничка која седеше со ковид мерките дома, 15 дена ги укинаа мерките и остана бремена, 9м дома и се породи со близнаци, годинаипол дома сосе денови одмор заостанати, она 3г не отиде на работа, работи работа која не трпи да не ја работиш, се менуваат работите, она кога ќе се врати на работа треба нова обука да има. 3г еј, да не се појавиш на работа 3г, која ефикасност од тебе ќе ја добие работодавец. И дете имаше кој да и чува во ковидот и шеташе во бременост и се искористи, ама не ја упецаа. Е кажав, имам друга познаничка која за шопинг у Солун падна и ја кикнаа од работа, на месеципол од породување, за некој ден не фаќаше ни за отварање боледување, молеше колеше да ја остават и кажаа да биде среќна што фирмата не ја тужи и да се води истрага па да падне и матичен и конзилијарно и сите. Ама изгледа сепак ја пријавиле зошто докторот кажа го чешлале. Ако земаш боледување онда ти е потребно, биди на боледување, а не да шеташ и да користиш. Мене матичниот не ми даде потврда со која ми препорачува одмор за во фирмата кај што работев, не боледување, зошто сакав да напуштам пред да се породам, вика како да лажирам, не може тоа, а камоли боледување. Е после реално се отворив во 30 недела и сакала нејќела се приземјив. Јас умирам од маки, сабајле изедов набрзинка бејкролс и јогурт, дали од тоа ми е тешко, не знам, ама едвај седам на работа. И солен јогурт демек и се, џабе, не можам да гледам а не па да работам. Го викнав сопруг порано да ме земе. Едвај функционирам.
Искрено да ви кажам колку си ја сакам работата одвај чекам да се вратам претешко ми е што сум дома, колку сакам да идам на проба и да сум на сцена не знаете, играв дур можев сега малку пауза и пак назад ❤️
Како само се дрзнувате да давате вакви простачки коментари што ја преминуваат секоја граница? Со кое право само се дрзнуваш да кажеш дека не се грижам за здравјето за нероденото дете затоа што одам на работа (за која патем се осеќам физички и психички во состојба да ја поднесам и за што доктор ми дал зелено светло да ја извршувам), а две минути потоа отворено признаваш дека сѐ додека живееш во оваа држава и во овој систем, ќе правиш сѐ за да го изманипулирап во сопствена корист, земајќи нешто што реално не ти припаѓа? Ти се чудиш на размислувањето на некои, јас се чудам како ти воопшто немаш мозок, па следствено не ни размислуваш пред нешто да истрескаш. Земала изиграва moral police. Со кое право се издигнуваш над некоја, правејќи се поголема мајка, а при тоа не можеш ни на сон да замислиш што поминала таа некоја за да конечно стигне таму кај што стигнала. Сега, седиш дома зашто се грижиш за здравјето на бебето што го носиш, или седиш дома за да ја користиш државата, онака од инат? Реши се побогу. Какви лицемери сте, несфатливо е дури. Ама па толку и ви сече.
Дека тука сте најактивни да прашам Има некоја кај Ложанковски матичен? Се убив од вртење никако неможам да ги добијам па викам не вајда да се сите на одмор
Со новороденче дома на колку степени би пуштале клима и како би го облекувале бебето? И дали би пуштале и во собата каде што спиете навечер или само во дневна. Реално у стан без клима не се седи у лето, ама сеа и да не претерам да го настинам бебето.
Мила, не постојано да лежи, ама луѓето со тромбоза им е тешко да се на нозе 8 часа и имаат болки. Кажувам од личен семеен пример, болен со документ и терапија, ако има работа од 8 часа на нозе има право да биде прераспределен на друго работно место соодветно на квалификациите, а вклучува помалку стоење, повеќе седење. Ако сака работодавачот да учини, ако не верувам секој ќе се снаоѓа. Жени, зашто се карате коа не давате пари од џеб? Денес на контрола, 33+5, плодова вода има малце поише @JuLleE . Цервикс 4см, бебе 2100, постелка уредна. Ама бебе се напикало надолу, притисла на цервикс, да лежам поише да истуркам уште 4 недели. Да стигнам до 38. Сеа не ми се станува од кревет после муабетов на матичната. А, и да се дополнам, тахикардии имало бебето па испорував тироида, чекам совет за терапии.
Пишав пред некој ден на 25 ми студи на 26 ми е топло Којзнае што ќе правам Си велам на 26 да ја наместам и да го облечам долу памучни долги горе куси непокриено... шо знам ... За во спалната не знам што да ти кажам немам клима ама оваа од дневната ми заладува и таму па се спие ок, а без неа не се спие навечер.
Епа уживај си и не мисли на глупости, инекции за зреење и слично. 25-26 степени. И дуваше нагоре. Ден ноќ дуваше.
Околу 26-27 степени и со долгу ракавчиња. Не знам колкав ти е станот ама пробај климата во дневна да ја пушташ и вратата од спална да е отворена па така да се ладите.
Од дневната до спалната ништо не стига. Така да спалната ми е сауна му велам на маж ми сега треба јас да лежам а ти да ме ладиш ко на филмовите со папрат
@ladystardust и јас сме во иста држава. Не знам кај си, ама овде многу лесно даваат боледување. И реално сите го користат. И домаќини и доселеници. Јас сум на патолошка и имам причини зошто. Во Одлуката си стои дека смеам само на лекар да одам. Знам дека и во Мк е исто. Затоа не си ја барајте бељата, ако сте на патолошка, не напуштајте ја државата. Зошто и како сте, не навлегувам. Дека добар дел го злоупотребуваат системот, го злоупотребуваат. Очекуваме многу, ама и ние сами не се трудиме да ги промениме работите, ги прифаќаме какви што се и дури се придружуваме и прилагодуваме на истите.