Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.894
    Допаѓања:
    18.775
    Пол:
    Женски
    Ке треба. 8)
    Хормони после пораѓај може да се штракнат, ако доиш ке ти е жешко од се, лудило. :D
     
    На Rtulka, fana и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  2. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    6.709
    Пол:
    Женски
    Јас што слушав едно онлајн предавање за грижа за новороденче, предаваше педијатар од ремедика, рекоа 22-23 степени е оптимално за бебе за седење а 36-37 за бањање
     
    На Rtulka, Coco31 и Erika.greeneyes им се допаѓа ова.
  3. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Кога читаш барем дочитувај. НЕВРАБОТЕНА СУМ.
    И се изнасмеа на членката зошто земала патолошка за генетски мутации, па од каде знаеш што таа работи и зошто и е тешко да работи бремена и згора на тоа дали воопшто се чувствува така спремна за работа на 40 степени.
    Еве тоа што го кажуваш и јас го поминав и затоа не дозволувам влакно да падне да ја истерам оваа бременост.
    Ако ти можеш да кажеш дека работиш стресна работа на жешко и што уште не при толку напори, терапии и водење бременост во патолошка амбуланта мене не ми е нормално, сепак твој избор не те фатив за гуша да седиш дома.
    Ама НЕМАШ ПРАВО да се смееш на другите членки, кога веќе се дрзнуваш да коментираш за другите очекувај коментар и од другите за тебе. Никаде не пишав дека не се грижиш за нероденото дете туку како не се плашиш препрочитај те молам.
    За разлика од тебе имам културно понашање.
    Поздрав :)
     
    На WhiteCat33, Alexandrite и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.314
    Допаѓања:
    259.514
    @Eli23 нашите на крај решија да не зезат значи. Цела бременост супер се и на крај види што стресови ни прават :D
    Ај лежи таму, стискај да не излева:D
     
    На Rtulka, Bebulleee, Kate Rina 93 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.569
    Допаѓања:
    8.572
    Пол:
    Женски
    Фала на инфо доста корисна информација.
    А имаше нешто кажано дали треба на долги или на кратки да биде облечено на тие степени?
     
    На GoldenFrida му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    7.053
    Пол:
    Женски
    Јас пуштав клима на 23 степени ама не во собата кај што седевме. Бебе во боди по кратки го облекував.
     
    На Yowannty, Rtulka, pikachu2 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.644
    Допаѓања:
    8.780
    Јас ја ставам на 25, ама ако осетам да ми залади мене, ја гасам на периоди.
    Не спиеме со клима туку со отворени врати, и пријатно и е на малата, само по боди на кратки спие или ромпер, зависи што останало небљуцнато дента. :D
     
    На emche05, Rtulka, Bebulleee и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Дали некоја од вас користела Лиотон гел за вени во бременост? Имам неколку испуштени вени на едната нога, сега гледам и на другата почнуваат, а од жешкото многу ме болат. Пред бременост секое лето си користев Лиотон и ми помагаше ама сега матичната ми е на одмор и не можам да ја прашам.
     
  9. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    6.709
    Пол:
    Женски
    Препорачаа како возрасен што е облечен за таа температура плус еден слој за бебе но сепак да се прати самото бебе дали го фаќа склет или не :).
    Еве извадок од прирачникот што ни го пратија на крај
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 27 јуни 2022
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Да, пред крај бре, до задно да се секираме. :D
    Може од сеа ни почнуваат маките. :rofl:
     
    На Rtulka, Kate Rina 93 и JuLleE им се допаѓа ова.
  11. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.609
    Допаѓања:
    53.065
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми се роди во јули.
    Климата вклучена на 25 беше и таа по тенки памучни шпихозни по долги ја облекував.
    На почеток кога одевме во спална ја пуштав во дневна повеќе да лади и во спална, и обратно.

    За паталошка бев цела прва бременост со тоа што до кај 6ти месец имав проблеми со крварење, лежење неколку пати во болница. Во таква ситуација секако не ти паѓа на памет да шеташ.
    После кога веќе бев добра, не се вратив на работа,поради тоа што се крева тешко таму и други работи,ама специјалистот на секое одење ми велеше, немој да шеташ, да не ни направиш проблеми.
    Идиотски би било од моја страна да ги ставам сите нив во ризик, знаејќи дека ми направиле услуга зашто реално да одев на работа немаше да ја имам сега ќерка ми или ќе немав друго решение отказ ќе требаше да дадам.
     
    На Yowannty, Rtulka, Mantub и 3 други им се допаѓа ова.
  12. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.830
    Пол:
    Женски
    Чекај, малце, што функција имаш тогаш ти во муабетот кој ете признаваш дека не те засега лично зашто си невработена, да изиграваш адвокат на послабите и понеартикулираните со зборови од тебе? Се насмеав на изјавата на членката дека доктор ѝ рекол дека треба да оди на боледување зашто имала предиспозиции за тромбофилија кога од искуство со истата дијагноза кристално ми е јасно дека тромбофилија тоа не е. Баш напротив, токму тоа е исмејување со други членки со истата дијагноза кои не биле доволно „среќни“ да наидат на доктор што ќе им напише боледување да седат дома пошо имаат тромбофилија. На страна фактот што зборуваме за предиспозиција за некаква состојба и манипулираме со претпоставки што би можело да биде кога би било, не конкретна и загрозувачка по бременост дијагноза во случајов.

    Ти „не ме фати за гуша да не одам на работа“, ама доволно беше „храбра“ и безкрупулозна да коментираш како НА ТЕБЕ ти е трауматично што јас одам на работа после сѐ што сум поминала да стигнам до оваа бременост (а притоа апсолутно немаш појма ни што сѐ сум поминала и колку болка и крв се излила од мене да стигнам до оваа точка). На крајот на денот, не си доктор да даваш такви коментари околу тоа дали се изложувам јас на потенцијални ризици или не. Таквата твоја реакција е сѐ само не културна, напротив е полна со осуда и претставува одраз на крајна непочит од една жена кон друга, од една идна мајка кон друга.

    Не знам како не можеш да разбереш кога викам дека јас се осеќам трудна и се однесувам како трудна, НЕ СЕ ОСЕЌАМ БОЛНА за да бидам спречена да одам на работа. Постојан работен ангажман и дефокус на други работи, освен на тоа што ми се случува, кај мене е, напротив, психолошки момент, кој на некој ми помага да ја победам константната анксиозност и стравот со кои живеам од првиот ден на оваа бременост. На крај краева, дури и овие причини да се секундарни, тука меѓу нас има и девојки за кои патолошка бременост претставува луксуз и за кои и тоа како се важни и тие 20-30% од плата што би ги изгубиле доколку одат на боледување, и притоа стравот за егзистенцијата не ги прави помалку загрижени за здравјето на бебето, од оние кои тоа прашање не ги засега. Го немаат сите луксузот да седат дома и да идат во Грчка, а партнерот или родителите да ги издржуваат.

    Со муабетот тука завршувам зашто не можам да се справам со реплицирање на аргументи на ниво на основно школо. Со идење на работа и извршување на работните обврски можам.

     
    Последна измена: 27 јуни 2022
    На Rtulka, Leeloo5, Bebce ❤️❤️❤️ и 4 други им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.986
    Допаѓања:
    110.476
    Пол:
    Женски
    Не се сеќирај толку, еве го чита до мене сликовница а во 30та недела се имаше така опасно набутано да за 3 дена ми скрати цервикс. Лежи овие недели, ама на раѓања како се качи у желудник, опасно, под цицки топка се напика и не сакаше да мрдне.
     
    На Rtulka и Eli23 им се допаѓа ова.
  14. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Од прееска ти си таа што навредува и сега се најде навредена. Интересно.
    Ај доста беше на оваа тема, веќе заморува.
    Пак ќе се повторам, ако ти се работи, работи, ако не сакаш да користиш боледување, не користи. Не си ти таа што го издава боледувањето на членките, не си ти таа што дава од свој џеб за да го покриеш нивното боледување, не си ти таа што ќе каже која дијагноза е валидна или не е според сопствените сфаќања.
    Убаво те прашаа и не одговори, ако толку чини системот во земјава, што бараш да се преселиш. Седи, па мудрувај што е најпаметно да се направи за туѓиот живот.
     
    На simplegirll, Bebetoo и Iris-1234 им се допаѓа ова.
  15. ladystardust

    ladystardust Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    6.830
    Пол:
    Женски
    Па да де, не чини системот во државата, иначе никој не би го искористувал и манипулирал со него како знае и умее. Не користам боледување зашто реално не осеќам потреба (со амин од доктор) да користам боледување.
    Јас од лично мој џеб не, ама боледувањето што им го покрива државната каса за да не работат, а да идат да се сунчаат на плажа у Грчка и тоа како некој друг ја полни од сопствен џеб.
     
    Последна измена: 27 јуни 2022
    На Rtulka, Blue moon, Lavica2602 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сите ги напаѓаш и си најпаметна, а ние сме на ниво на основна школа, слободно можеш да не не читаш и да го напуштиш форумот.
    И уште нешто, бидејќи нели не се сите "среќлики" како мене да им препорачаат патолошка, треба да знаеш дека тука голема улога игра биолошката активност која ја испитуваат дали е намалена или не, како и проширените вени доколку ги имаш, како и типот на работа. Врз основа на сето тоа се носи одлука дали ќе се препорача боледување или не.
     
    На Alexandrite му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Докторката договорена да ме породи заминува на одмор. :D
    Тоа ми е мене. Да се врати, па нека почнува фештата. :rofl:
     
    На Yowannty, pikachu2, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Прво не изигравам адвокат, револтирана сум од газдите на фирмите како се понашаат со работниците тука во Македонија па затоа се дрзнувам да дискутирам на темата. Настрана од тоа што инспекциите не си ја работат работата правилно и нема правда единствено за работниците.
    Прво не ми одговори на прашањето што толку не ти чинеше тука па замина во странство? Кога толку би го решила системот повели и смени го системот, лесно е да заминеш и од страна да коментираш.
    Второ никаде не беше дрско поставено моето прашање. Како не ти е страв да идеш да работиш толку стресна работа при тоа си поминала трнлив пат да стигнеш до таа бременост? А ти напиша толку погрдни зборови како да сум пишала да ти се случи нешто лошо (скраја да е). Можеше да одговориш смирено.
    Да пошто сум изгорена ќе дувам и на ладно млеко, па не би ризикувала да сум под стрес и физичка работа да имам. А да сум во канцеларија под клима би идела.
    За на плажа кажав дека не би идела ни до Охрид а не надвор од граница, другите не ги осудувам секој си прави што сака.

    Едит: Да не ја полниме темава со негативна енергија сакам да заврши дискусијава.
     
    На Alexandrite му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Perla*

    Perla* Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    И јас не можам да ги добијам денес. Претходна недела кога бев по упат д-р Билјана и двете сеатри беа на одмор. Во горната ординација кај д-р Ложанковски завршив работа. Можно е уште да се на одмор. Ако ги добиеш, те молам пиши, треба да земам потврда за клексани.
     
  20. Nela_21

    Nela_21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2021
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    907
    Пол:
    Женски
    Zencinja, 14+4 sum, a osekam neso kako peckanja i slabi grcevi vo dolen del na stomak, normalno li e?