Denes bev na kontrola 39 + 2 I bidejki mojata doktorka ne bese tuka ojdov kaj druga na drzavno na kontrola. I ne mi sle jasno kako pred 1 nedela vo 38ma mojata doktorka mi rece deka kilazata mu e 3300 a sega denes drugava doktorka 3 100 grama. Moznoe da e oslabeno ili ne cinat aparatite vo bolnicite. Posle edna nedela treba da e napredno malku a ne oslabeno...
После 3 саати упорно вртење успеав да ги добијам на мобилниот тел од ординација. Сестрите се ужас значи со телефоните
Абе македонска работа, да може очи да си извадиме. Наместо секој за себе да се снаоѓа и имав колега што после секое такво земено боледување стварно се разболуваше. Смешно беше, зашто сите знаеа дека после и одмор ќе мора да користи.
Затоа и не не бива, зашто први меѓу себе очи ќе си извадиме. Нека се снаоѓа секој како знае, знаеме како функционира системот СЕКАДЕ е така и на Марс да отидете, само треба да знаете да се снајдете или да бидете поштени.. секој со свој избор. Беа свекрвите еј, пред некој месец. Само што мислам тука нема многу различни мислења, повеќето се усогласени.
Обично на темава се вклучувам да дадам совет од лично искуство, ако можам да помогнам некако или да побарам совет… ама не и да осудувам нечии постапки. Денес не можам да останам со затворена уста после цела дискусија, осудување, навреди, сарказми, иронија и што уште не… Добро да прашам, не е срамота да се служите со толку ниски удари само да докажете која има поголеми муда и која е најмајка и слично? Добрата вест е, не е ова место да си го храните егото и лечите фрустрации од било кој аспект. Едно е да дадете про- или контра- конструктивно мислење на одредена тема, како што им успева на одреден број членки, а друго е да фучите и се фурате my way or the highway! Утре деца ќе треба да воспитувате, ако не за вас, за нив бар обидете се да бидете подобра и поотворена верзија од себе! На крајот од денот, каква глава, таква капа! Секој за себе си знае што е најубаво, најдобро! И секој има право на избор! Ако некој смета, треба да пуши, оти од две цигари ништо нема да му е на детето, од една чаша вино, од 5 кафиња и еден тон благо, тогаш е во ред! Ако некој смета дека е во ред да оди на одмор при патолошка бременост и тоа е во ред. Сам ќе си ги сноси последиците, какви и да се! Ама и додека се тупате во гради за злоупотреба на системот, а притоа сте на работа и оправате дискусии на фемина, не е во ред. Така да, јадете го својот леб, ама не берете туѓо гајле! Дадете совет кога е потребно и толку е вашето. Изборот е на другата страна! Ја чекам мојата да дојде да ми запегла се што купив и исправ за бебево! Немајка, знам! @Eli23 со гестациски дијабетес си, па затоа зголемена плодова вода? Кај мене е тоа случај. Одмарај, нема што друго. Ако постелката е со зрелост I, не се секирај. Цервиксот е супер.
Не знам што ќе се објаснуваме од сите агли, се знае што е патолошка бременост, седење дома, а не одмор во Грција. Значи незаконски е и злоупотребување. Како функционира во реалноста е друго. Ама подобро речи имам можност да одам без реперкусии и ќе одам. А дека треба секоја трудница што е на патолошка да оди по одмори, не треба. И јас да сум работодавец ќе речам штом може по одмори, може да доаѓа и на рабпта. Плата никој не дава на лепе очи. Ако се земе патолошка значи има проблем и најбитното нешто е здравјето на мајката и бебето, ни на крај памет не би ми паднало рашетување по други држави. Јас не ти викам да не одиш, оди, така функционира системот и тоа е тоа, не си ти крива. Само не се увреѓувајте толку за нешто што и сами знаете како треба да биде.
Јас ги исправ. А за пеглање се понуди и ми ги испегла свекрва ми. Искрено добро ми дојде помошта, пошто и без тоа многу се потам. Ко така, не си сама и јас сум немајка
Кога сте кај свекрвите да ја пофалам мојата, по каталог да ја бирав немаше вака да ме сака и гледа ко мајка и да не ми се меша во ништо додека не побарам
Мене лани ми рекоа дека од долго седење се крати цервиксот ради тежината што ја прави бебето, лани седев цел 2 семестар зашто работев од дома. Кога се скратими рекоа мах до 45 степени агол да седам ама се беше џабе. Сега сум серклаж, седам за јадење, син ми кога јаде, излегувам во двор и се движам по малку низ дома. За дискусијата за патолошка еве јас сум цело време дома, се осеќам како во куќен притвор од дома излегувам само за на лекар и тоа ми е тешко да се качам во кола и да се симнам, после ме боли кичма препони едвај мрдам, и да сакам да излезам не сум кадар, еве маж ми и син ми ке одат сами на море јас би сакала ама не сум способна за таква авантура, пре би отишла во септември со штотуку родено бебе отколку сега. Се мрднав дома среќа што имаме голем двор па доаѓаат повеќе кај мене да ми прават друштво, мајка ми, сестрите, другарки и тоа и во дворот лежам кога ке дојдат. И за работата се уклучувам само ако е нешто итно за повеќе немам желба ни психа да се посветам. Да ги издржам уште овие 2 месеци.
А мене знаеш што ме интересира? Ајде тука системот не чини, државата не чини и нема механизми да се справи со злоупотреби, ајде сето тоа ок. Него ме интересира како овие нашите заминати во Германија, бремени и на боледување се отепаа од шетање. 60% од времето се во Македонија, 40% на некоја друга дестинација, притоа без ниту една дијагноза. И не го зборувам ова на памет затоа што најмалку 4 девојки познавам во таква ситуација, па ме интересира како Германија нема механизми да се справи со овие злоупотреби?
Ауу како не ви е срам да ги користите свекрвите? Ете помалку мајки сте сега од тие што си пеглаат сами. Што ли ќе се случи ако кажам дека немам препорака за лежење ама од што ме уби жешково сите работи ги брка свекрва ми? Од поручек, ручек, вечера, машини, пеглање и најглавно од се спратот цел ми го среди уште да купиме клима и да седнам треба. А во жешково си седам долу со неа бидеќи таа има клима а јас немам