О боже господе на ќерка ми ќе и објаснев побрзо Ај пак. Можи ќе ја разберите поентата На патолошка сте. Патолошката е БОЛЕДУВАЊЕ, нема да разглабам боледување што подразбира. Ајде вака ... Небитно дали сте на оправдано или неоправдано на патолошка (читајќи ги примерите само една членка е навистина за патолошка другите не ама небитно). Тој истиот газда (шо ви го зел одморот ве терал да работите на нозе, без пауза итн) му текнува (из ината ете, има и право патем) да ве пријави дека неосновано сте на патолошка. Комисијата наоѓа доказ дека сте биле преку граница и наодот го доставува до работодвецот и под итно ве бркаат од работа. Тој таквиот газда (каков што е никаков де) одлучува да си ќути за вашата патолошка екскурзија преку граница. Вие си одите и никому ништо, се е во ред.Чија заслуга е тоа? Ваша да не е?
Законски работодавачот има право да ти даде отказ, а докторот што ти издал боледување може да му затропа инспекција на врата.
Мене пуштија сабота, недела бев на цтг во чаир и ок беше.. денес преглед кај др.Илиевски и 3 цтг-а од каде првото беше презаспано а на вторите две веќе се разбуди. Ме гледа на ехо цело време и вели се е океј не гледам ништо лошо. И доплери ми гледаше уште еднаш пред идење дома. И ми рече не знам што е работата стварно, направи утре цтг пак, среда кај него на преглед и рече деновиве мислам дека обавезно ќе те примиме, ако не со провокација ќе мора. Јас се нервирам многу бидејќи секое одење е исто, ист проблем со цтг, исто се е океј на ехо и докторот секој пак истото ми го вели како не знае што е проблемот. Да знаев што е проблемот можеби ќе ми беше полесно, вака на два памета сум и ништо не разбирам што се случува. Следиме секој ден за да не испуштиме ако нешто не е во ред со бебето. Деновиве здравје боже се надевам ќе родам и дека се ке е ок. Денес ми е терминот и од како си отидов од кај докторот ко да осеќам болки али слаби се. Осеќам болка или како тежина/притисок долу кај цервикот и на моменти како да ми се стега стомакот и е чудно чувството и ме држи неколку секунди 5-6 секунди можам да кажам. Не знам почнува ли процесот, лажни ли се.. а бебето денес е преактивно, што до сега имаше нормално движење и активност во 9ти месец, но денес ептен е поактивно.
Дај објаснете како изгледаат тие лажни контракции ме фаќа паника лелел не знам што ми е деновиве од се паничам ќе се мрднам
Затега цел стомак а и болки менструални можно е да имаш.... Ако не се во правилни интервали значи лажни се.
Кога ќе почнете да се отварате, прст-два или три го чувствувате тоа? Можете да претпоставите дека сте почнале да се отварате? Или не знаете додека докторот не ви каже?
Мене искрено ме плаши како ќе изгурам од мене бебе од 4 кила.. ако е природно зборувам.. кој знае колку конци ќе имам
Не знам дали е тоа дали бебе мрда не знам како да бројам де појавува сма не често лелел така ко да се стега ама си направив филм сега дека одев по скали многу… јој зошто господе
Со првото појма немав. Со него ни контракции над 100 на цтг јас не ги осеќаав, отворена 1 цм. За 1 саат ми пукна водењак, падна мукозен, додека бев назад во болница (од аеродром до ремедика) веќе бев 7 цм отвотена а не осеќав ништо освен што почнав да ги осеќам контракциите
Jas mislam da se opustis i da ne mislis na nisto. Ostavi se na doktor Ilievski dokolku on te poroduva, covekot si e profesionalec, vo sigurni race si mami
Вистинските болки за раѓање се на правилни интервали и не боли нон стоп. Прво те боли кратко па те пушта по 20 секунди пример да речеме. Иста таква болка во времетрање од 20 секунди, ќе имаш за 15 минути. Во тие 15 минути не те боли ништо. Како што напредува раѓањето времето меѓу секоја болка се скратува, а времетраењето на болката се зголемува (пример имаш болка на секои 10 минути кои траат 40 секинди пример, па на 8 минути а болката ќе трае една минута .... )