И јас баш исто го осеќам бебето. Премногу притиска кај цервиксот, осеќам баш притисок и тежина на тој дел.
Јас се јавив сега во петокот закажав за 6 затоа што до 8 бил на работа а и секако ми одговараше тој период ама потоа бил на одмор е сега незнам до кога ке е на одмор можеш да ѕвонеш да прашаш до кога ке е на одмор за да си знаеш
Супер е крвната слика освен црп покачено. Парацетамол пиј два од 500 мг наеднаш. И мнооооооогу течности. Со помин дани
@danichap се надевам подобра си. Јас, во 7ма недела. На толку чување , не знам од каде закачивме Вака: цинк,вит Ц и вит.Д, парацетамол.Многу цеден портокал и лимонади со мед. Имав многу сува кашлица и варев кромид , го пиев така зошто немав вкус и мирис, ако имаш гаден ќе ти е, стави си мед и лимон. Бев премногу затната, правев инхалации со камилица под тенџере и аква марис спреј иако ништо не помагаше
Мислам дека може и спреј за нос да користи ако и е многу затнат. Јас би препорачала да пие лимета цедена со рендан ѓумбир и мед и малку вода ама топла и тоа да го измеша и испие. Ова кога ќе стане и навечер, прездраво е. Јас при прелада го пиев само без мед бидејќи не го јадам. Лиметата е многу поздрава.
Дано моја, држ се има да ми родиш зет ко мед, дупли сваќи ќе бидеме Од сеа си кажувам, немој после не сум знајала Среќен роденден на мојата прва и омилена снајка, да расте голема и среќна, да биде умна како и досега Гушкам! Вчера ми беше катастрофа, денес малку подобро сум. Али пренесов во човечки ресурси дека сакам малку порано да си одам дома ако е возможно нали, денес со приемен ден не знам баш како ќе биде, ама засега се осеќам ок. Една странка со која станавме како другарки што се вика ми донесе чашка малини па ме освежија малку. Да ве прашам, има некоја ко мене на која и се гади од манџи? Значи вчера грав правев и ми се повраќаше и од мирисот, ама да е тавче со лукче, па со пиперчиња потпеченки, ехееее... Друга приказна е тоа, одма ќе се изеде. Дај ми нешто така печенко, сувко, прженко, мака немам, дај ми манџа со лажица, јок, ми се повраќа. Одбирам место манџиче салата само и терам.
Која недела си? Не само од манџа до 15,16та недела од секаков вид храна ми се гадеше особено од готвена. Само глупости јадев корка леб со мармалад и слично, прегладнета бев и ослабев плус.
28 недела сум, уште ми се гади од манџи, а особено топла храна, не можам да мириснам, а камоли да јадам. До ден денес јадам само ладно и simple храна, претежно лепче и млечни производи и салати
Јас прележав во 28 недела некаде, ја добив во болница, ама тоа е небитно. Овие пак добри биле, мене ни крвна слика ми направија, ни ништо, Ддимери тоа пак научна фантастика, нема шанси секако биле зголемени во бременост. Од симптоми, кашлица два дена, затнат нос и кивање, буквално како настинка. Терапија не добив, осван ако кренам температура да земам парацетамол. Два дена бев и омалаксана, ама т повеќе од 37,2-37,4 не кренав. И толку беше. Ама тестот си стоеше цели 10 дена позитивен. Е сега шлајм имав исто подолго време. Не знам дали си вакцинирана, јас минатата година, мај-јуни, а бустер не примив. Бебето тие денови најактивно беше, засега е се во ред. Од домашни лекови, си правев гаргара со многу солена вода и исцеден лимон, пиев цедени сокови, витамини, чај од бел слез, електролити (тоа и би ти препорачала, бидејќи натриумот ти е намален според крвната слика, а и за побрзо закрепнување), инхалации и испирање на нос. Според Ct вредноста, сега ти е пикот, може затоа и температурата, ама ќе почне да опаѓа кај и да е, па ќе бидете подобро. Уште еден совет, да побараш од лекар и почнеш суплементи со железо, дали тардиферон или слично, сокчиња не помагаат, оти како пост-Ковид, се јавува намалено железо. Побрзо оздравување!
Идни мамички хеелп се растревожив ептен од односот на матичната и на сестрата 33 недела сум прва бременост и се јавувам кај матичната за да закажам за брисеви во 35 и сестрата тука нели она како најглавна ми вика ааа ние тогаш сме на одмор оди кај замената шо ни е викам добро и после? И после оди си кај шо ќе се пораѓаш викам а добро од кога треба да одам, од кога да де најавам, цтг од кога почнуваат да се прават, дајте ми мајчина книшка, да дојдам да земам историја за бременост…ми вика ништо не ти треба никој ништо нема да ти бара толку од нас со лесно и јас останав целата во шооок Кај да одам сега, шо да правам неможам да се смирам ја ги разбирам дека им е преку глава од такви како мене, ама прва бременост ми е од кај да знам јас, тоа им е професијата мајка му стара па имај малце човечки однос
13та. Ја машала не слабеам, оти за леб страшни кризи имам, многу ми се јаде сувко, лепче со маргарин, би убила за тоа лепче со маргарин. Ќе видиме утре на вага ама се мислам дека имам качено 3 килца ко ништо месецов.
Мене слично ми се случи со мојата матична за брис во 35та недела и на крај си закажав во Ремедика и завршив работа брзо. Ако не ти се плаќа приватно пробај кај замената, мене но она не ми заврши раб. Иначе мајчина книшка немало веќе, се е електронски и веројатно ќе ти дадат потврда кога ќе однесеш отпусно писмо од пораѓај. За пораѓај не знам како оди по државните дали треба нешто, јас дека одам кај познат доктор и со него договорам. За приватен пораѓај верувам нема да ти бараат ништо само парички да имаш.
Здраво мешиња, Дали е нормално да осеќам поврмена болка долу десно кај препоните, инаку сум 21 недела?
Не паничи, не се секирај се ќе биде добро. Каде планираш да се пораѓаш? Инаку мене бившата матична исто ми направи јас 35/36 недела она си зема месец дена одмор ни да каже, ни насоки да даде што како, ни ништо.
Сакам во Систина да се порадам здравје ама нема кој да те оправи да ти каже, последни брисеви ти се тие мора во таа и таа недела да се направат, од тогаш и тогаш почнуваш со цтг таму кај ќе се пораѓаш…итн
И они имаат право на одмор. Сигурно не најавуват на секој пациент посебно. Затоа секој матичен има замена, и запишана е на врата, да се обратите кај него.
Не би да расправам искрено за матичниве. Секоја чест на исклучоците, ама работата им е сведена на давање упати, а сестрите се главни шерифи